Организација
на жените на општина Свети Николе од 1 јуни до 31 август 2007 година
го реализираше проектот “Колку и да сме
различни сепак сме исти “ кој финансиски е
поддржан од Екуменски женски фонд на солидарноста - Омиш Република
Хрватска .
Во рамките на овој проект работниот тим изработи
брошура со наслов “Колку и да сме различни
сепак сме исти“.
Брошурата содржи вовед во кој се зборува општо за
религијата, симболите и основните карактеристики на христијанството ,
православието , католицизмот и исламот. За секоја верска заедница има
фотографии . На крајот на брошурата се наведени верските празници кои од
страна на Владата на Република Македонија се прогласени и се празнуваат
како државни празници.
Од 20-22 јули 2007 година се реализиеаше
семинар на тема “Колку и да сме различни сепак сме исти“.
Целта на семинарот беше учесничките да се запознаат
со традицијата , културата и обичаите на различните верски заедници , да
се запознаат и прифатат различните верски убедувања , а со тоа да се
направи чекор напред во градењето на меѓусебната верска толеранција и
обид за надминување на стереотипите и предрасудите.
На семинарот учествуваа 20 учеснички од НВО од
Република Македонија на возраст од над 20 години од различна национална
( Македонки , Албанки , Србинки , Турчинки , Влаинки , Ромки) и верска
припадност ( православна , католичка , протестантска и муслиманска).
На семинарот беа разработени четири теми :
За овој семинар беше карактеристично и тоа што имаше
традиционална вечера. На традиционалната вечера учесничките со различна
верска припадност презентираа храна која е карактеристична за некој
верски празник. Секоја верска заедница презентираше храна за верски
празник и објаснуваше , како се приготвува , каква е симболиката , какво
значење има.
Организација на жените на општина Свети Николе