Компјутерски курсеви за млади невработени лица на возраст 18-30
години од општина Свети Николе
Досега 96 млади невработени лица го завршија
курсот од кои:
- 24 учесника го посетија курсот за Windows XP
и Microsoft Word ;
- 27 учесника го посетија курсот за
Microsoft Excel и
Microsoft Power Point;
- 45 учесника завршија курс за Основи на Интернет;
По завршувањето на обуките корисниците добиваат
сертификати за завршена обука како и скрипти за работа со компјутер
и интернет.
Зголемениот број на обучени млади невработени лица е
значаен резултат кој придонесува за развој на информатичкото општество.
Организација на жените на општина Свети Николе со помош на фондацијата
“Е- Македонија“
им овозможува на младите да се обучат и оспособат за помасовно да
користат компјутери и интернет, брзо и навремено да се информираат, а со
тоа да си ги зголемат можностите за вработување.
Досега
проектот ”Компјутерски курсеви за млади
невработени лица на возраст 18-30 години од општина Свети Николе”
и донаторот Фондација ”Е-Македонија”,
АД Македонски Телекомуникации е промовиран и во јавноста и тоа на :
Национална телевизија - Сител
Дневен весник - Дневник
Радио Слободна Европа
Локално радио Свети Николе
Локална телевизија Тв- Свет
Некои изјави од нашите корисници :
- ”Да не беа овие
компјутерски курсеви никогаш не ќе бев во можност да научам да работам
на компјутер” - Сашко Николовски;
- ”Овде ми е супер, сега
научив како преку интернет да зборувам и комуницирам со моите пријатели
во странство” - Даница Дукас ;
- ”Дома немам компјутер , а
јас како млада личност имам голема потреба од познавање на ИКТ па ова ми
е можност тоа да го постигнам - Ви благодарам”
, рече - Македонка Стоилева
01. 09.
2007 година
Организација на жените на општина Свети Николе