МЕЃУНАРОДНА МЛАДИНСКА РАЗМЕНА
ЕВРОПСКА МЛАДИНА=ЕВРОПСКА ИДНИНА
Од 01 Јули - 10 Јули
2007 во Дојран се одржа меѓународната младинска размена на
која учествуваа 42 младинци од 6 земји (Македонија, Србија, Италија,
Словенија, Бугарија и Босна и Херцеговина).
Главни цели на оваа размена беа да се надмине јазот што постои помеѓу
младите луѓе од различни земји од Европа и да им овозможи да спознаат
како подобро да ги почитуваат индивидуалните човекови права и слободи,
да се потикнат на младите за активно вклучување во општеството, јакнеење
на меѓукултурна соработка помеѓу младите во регионот (од земјите на
Југоисточна Европа и Европската Унија) и подобро меѓусебно запознавање
во насока на изградба на млади кои ќе станат одговорни европски граѓани.
Пред
отпочнување на меѓународната младинска размена се одржа подготвителна
средба од 12 до 14 Јуни 2007 во Свети
Николе на која учествуваа претставниците на сите 6 организации учеснички
на оваа размена, на оваа средба беше дискутирано за детали поврзани со
младинската размена со цел подобра реализација на истата.
На младинската размена имаше полова еднаквост на учесниците, тие беа на
возраст од 18 до 25 години и работен јазик беше Англискиот.
За време на размената младите зедоа активно учество на следните
работилници од неформалната едукација: процесот на интеграција во
Европската Унија, почитување на разликите и толеранција,
ненасилно разрешување на конфликти, запознавање со основните
човекови права и нивно почитување. Сите овие работилнице беа со цел
да им помогне на младите да ја идентификуваат соспствената култура, да
отпочнат меѓукултурна соработка помеѓу младите од различни Европски
држави, да разменат искуства и да го развијат чуството за заедничките
вредности. На една од работилниците младите беа запознати со новата
програма на Европската Комисија “Млади во Акција” и можностите
што ги нуди таа за идни соработки.
Освен овие работилници од неформалната едукација во поладневните часови
младите учествуваа на континуираните работилници : креативност,
музичко-фолклорна работилница, драмска работилница, изработка на веб
страни и спортската секција. За учесниците на малдинската размена беше
организирана ескурзија на која ги посетија Струмица и манастирите во
близината на Струмица во селата Велјуса (Св.Богорица
Милостива (Елеуса )) и Водоча (Св.Леонтиј).
Резултатите од овие работилници беа презентирани на пошироката јавност
на приредбата која се одржи последната вечер од размената.
Во вечерните часови на размената секоја земја учесничка имаше своја
национална вечер на која ги претсавуваше најкарактеристичните елементи
од својата култура и кујна.
Оваа младинска размена беше реализирана со финансиска подршка од
Европската Комисија-Генерален Директоријат за Едукација и Култура
Програма Млади во Акција (Акција 3.1). На оваа размена учествуваа
младинци претставници на Организација на жените на Општина Свети Николе,
Federazione Internazional Mediterraneo & Ambiente од Италија,
Association for developing voluntary work Jagodina од Србија,
Euroalternatives 21 од Бугарија, Association of
Citizens – Lotos од Босна и Херцеговина,
Association for developing voluntary work Novo Mesto од Словенија.
|
|
|
Александар Богатинов
Организација на жените на Општина Свети Николе
15 Јули 2007 година