Доделени последните сертификати
На 31 Октомври 2007 година успешно заврши
имплементацијата на проектот "Компјутерски
курсеви за млади невработени лица од општина Свети Николе"
.
Со имплементација на проектот се обучени 124 млади невработени
лица на возраст од 18-30 години од општина Свети Николе од кои:
- 34 учесници го завршија курсот за Windows XP
и Microsoft Word
- 37учесника го завршија курсот за Microsoft
Excel и Microsoft Power Point
- 53 учесника завршија курс за Основи на Интернет
По завршувањето на курсевите на учесниците добија
сертификати.
15 млади невработени лица кои ги посетуваа обуките успеаа да се
вработат , а 30 лица во меѓувреме аплицираа за одредени работни
места.
Организација на жените на општина Свети Николе со помош на фондацијата
"Е- Македонија" А.Д.
Македонски Телекомуникации допринесе да се ублажи или намали јазот
помеѓу оние кои имаат пристап до информациите и знаењето и знаат како да
ги користат и оние кои ја немаат таа можност.
01.11.2007
Фросина Мишева
Даница Дукас
Организација на жените на Општина Свети Николе