english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

Oдбележување на јубилеј 10 години ФАРЕ акциона недела во Свети Николе

Организација на жени наопштина Свети Николе се приклучи на Фудбалската недела 2014 и заедно со илјадници европски групи овој месец ќе ја користат моќта на фудбалот за да го презентираат обединетиот став против дискриминацијата и се декларираат како фудбалски луѓе.

Football People акционата недела оваа година ќе обедини групи во повеќе од 40 земји и кои ќе реализираат активности за да се спречи дискриминацијата и се слави различноста во текот на играта.

Организација на жени на општина Свети Николе и FARE веруваат дека фудбалот, како најпопуларен спорт во светот, ни припаѓа на сите нас и ѓи надминува сите граници и не прави сите нас Фудбалски луѓе.

Од 09 до 23 Октомври, групи и професионалци во фудбалот , вклучувајќи ги и националните тимови кои играат во УЕФА Евроквалификациите 2016 ќе бидат вклучени во кампањата за да се постигне што повеќе фанови низ целиот свет.

На 15 Октомври 2014 година Организација на жените на општина Свети Николе во рамките на проектот 10 години Фаре во Свети Николе,Македонија ќе организира трибина со почеток во 18:00 часот во Големата сала во зградата на општина Свети Николе на тема:

"Насилството и дискриминацијата во фудбалот"

„Очекуваме над 2000 активности, со растот на движењето Football  People и со тоа сметаме дека организациите како што е Организација на жените на општина Свети Николе со своето работење ќе придонесе да се прошират акциите", изјави Извршниот директор на FARE Пиара Повар.

Вера Златева Претседателка на Организацијата на жените на општина Свети Николе напомена дека во Свети Николе оваа година се одбележува јубилеј 10 години ФАРЕ акциона недела.

  • Цел на проектот е да се придонесе кон јавно и отворено говорење за проблемите но и позитивните примери со кои се соочуваме на фудбалските терени;

  • Подобрување на перцепцијата кај спортските работници за важноста од позитивниот спортски дух на спортските терени меѓу играчите, навивачите и публиката;

  • Подигање на свеста кај младата (школска) популација за фер и коректно навивање на спортските терени;

Организација на жени на општина Свети Николе Ве поканува сите заедно да се вклучиме во најголемата капања на анти-дискриминација во Европа и да помогнеме да се донесат промени преку и во фудбалот овој Октомври.

Повелете погледнете го видеото за кампањата "We are Football People" со Thomas Hitzlsperger, Yaya Touré и Casey Stoney:

http://www.youtube.com/watch?v=8tdr1qpb9Bo

За пoвеќе информации во врска со FARE фудбалска недела посетете ги страните www.farenet.org

www.facebook.com/farenetwork и https://twitter.com/farenet.

 

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2014 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster