english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
   

Истражување во рамките на проектот „Граѓанска мрежа за спречување на конфликт на интереси во јавната администрација“

Во периодот Август-Октомври 2014 година Организацијата на жените на општина Свети Николе го реализира проектот „Истражување за застапеноста на судир на интереси и корупција во јавната администрација во општина Свети Николе, при распоределба на средства од општинскиот буџет за здруженија на граѓани и ранливи категории на граѓани“ кој е дел од проектот „Граѓанска мрежа за спречување на конфликт на интереси во јавната администрација“ - финансиран од Европската Унија, а во реализација на Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС), Охрид институтот за економски стратегии и меѓународни односи (ОИ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ).

Истражувачкиот тим на Организацијата на жените на општина Свети Николе спроведе истражувачки активности преку кои дојде до подетални податоци и информации за распределбата на финансиските средства од буџетот на општина Свети Николе, наменети за локалните здруженија на граѓани и ранливи категории на граѓани за период од 2010 до 2013 година Истражувачкиот проект беше структуриран во два дела:

  • Деск истражување преку кое се добија податоци кои се достапни во електронска или печатена форма, а се одлуки на Советот на Општина Свети и информации за тоа кои здруженија на граѓани се регистрирани и активни на територијата на Општина Свети Николе.
  • Анкетно истражување опфати 23 претставници на активни здруженија на граѓани од Општина Свети Николе и, од друга страна, лицата од Одделението за даноци и буџет при локалната самоуправа Свети Николе, кои потполнија прашалникот за споредбена анализа на информации во однос на двете ставки од буџетот кои се цел на истражувањето.
  • Фокус групи беа реализирани со 8 претставници од здруженија на граѓани и двајца претставници од локалната самоуправа и група од ранливи категории на граѓани кои добиле или биле одбиени за финансиска поддршка од страна на Општината.
 

Резултатите од истражувањето беа објавени во анализа и истите беа презентирани пред пошироката јавност на трибината на 06.11.2014 година .

Анализата даде јасна слика за состојбите во делот на појавите на судир на интереси и корупција во јавната администрација на локално ниво и нивото на транспарентност при распределба на средствата од општинскиот буџет за здруженијата на граѓани и ранлива категорија на граѓани.

 

Споменатата анализа може да ја превземете на следниот линк:

Анализа за застапеноста на судир на интереси и корупција во јавната администрација во Општина Свети Николе, при распределба на средствата од општинскиот буџет за здруженија на граѓани и ранливи категории на граѓани (952 KB)

Медиумска покриеност на ТВ СВЕТ:

http://www.tvsvet.com.mk/2014/11/07/%D1%98%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B0-%D1%82%D1%80%D0%B8%D0%B1%D0%B8%D0%BD%D0%B0/

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2014 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster