“
Заедно
сме посилни да го спречиме семејното насилство 3”
Организација на жените на општина Свети Николе во
период од 01.06.2012-30.06.2012 реализираше активности во рамки на
проектот “
Заедно
сме посилни да го спречиме сменјното насилство 3”. Проектот беше
спроведен со финансиска поддршка на УНФПА и е дел од заедничката
програма на УН агенциите “Зајакнување на Националните Капацитети во
борба против смејното насилство”.
Како соработници при спроведување на активностите беа
ЕХО – Штип, Еднакви за сите – Кочани и Здружение на социјални работници
– Пробиштип.
Активностите се однесуваа кон унапредување на
соработката и координацијата меѓу локалните актери во спречување и
сузбивање на семејното насилство, преку креирање на Акциони планови за
заштита и превенција од семејно насилство 2012/2013 година, дефинирање и
поддршка на приоритетните активности определени според Акционите планови
2012/2013, како и формализирање на Локални Координативни Тела за заштита
од семејно насилство (ЛКТ) од општините Свети Николе, Штип, Пробиштип и
Кочани.
Спроведените активности резултираа со:
Креирани четири Акциони планови за превенција од
семејно насилство 2012-2013, кои ги содржат активностите кои што
членовите на ЛКТ ќе ги спроведуваат во определениот период. Изработените
Акциони планови 2012-2013 беа доставени до Советот на општините Св.
Николе, Штип, Пробиштип и Кочани со цел обезбедување поддршка од
локалната самоуправа, за реализирање на дел од предвидените активности.
Во секоја од овие општини беа реализирани по две
едукативни работилници на тема „
Улогата
на институциите при обезбедување на превенција, помош и заштита при
семејно насилство “ на кои учество зедоа млади лица на возраст од 18-30
години.
Поднесени барања до Советот на општините Свети Николе,
Штип, Пробиштип и Кочани за формализирање на ЛКТ.
Официјализирани Локални Координативни Тела за
превенција и заштита од семејно насилство, во општина Свети Николе и
општина Пробиштип (постапката за официјализирање во Штип и Кочани е во
тек).
Официјализирано членство ЛКТ со претставници од
центар за социјална работа, полиција, локална самоуправа, здравство,
образование, судство, јавно обвинителство, невладин сектор и верски
заедници.
Од страна сите ЛКТ во четирите општини беше одредена
по една активност која што според Акционите планови 2012/2013 е
приоритетна. Активноста која ја спроведоа членовите на ЛКТ Свети Николе
и ЛКТ Пробиштип е креирање и дистрибуирање на флаер и промоција на ЛКТ
на општинско ниво. Во Штип беше организирана јавна дебата, додека во
Кочани беа спроведени две едукативни работилници на тема “Семејно
насилство и начини на заштита” со преставници од ромската популација.