|
70 НОВИ ВОЛОНТЕРСКИ ПОЗИЦИИ ВО ЛОКАЛНИОТ ВОЛОНТЕРСКИ
СЕРВИС
ПРОМОВИРАЊЕ НА АКТИВНО МЛАДИНСКО УЧЕСТВО НА ЛОКАЛНО
НИВО ПРЕКУ ВОЛОНТИРАЊЕ
Организација
на жените на Општина Свети Николе е вклучена во имплементацијата на
четвртиот циклус од
проектот „Локален
Волонтерски Сервис“
чиј
носител е Младински културен
центар – Битола (Волонтерски центар на Македонија)
во соработка со 6
невладини организации односно Волонтерски Инфо
Точки (ВИТ)
и тоа Младински образовен форум – Скопје, СППМД -
Кавадарци, Младински совет - Охрид, Агтис - Прилеп, Институт за развој
на заедницата - Тетово и
секако
Организација на жени на општина Свети Николе.
За потребите на проектот го
објавуваме
повикот за пријавување на
волонтери за пополнување на слободните волонтерски
позиции.
Корисници на
волонтерските услуги ќе
бидат: локалните самоуправи
(општинските администрации) правосудните
органи (Основни
и Апелациони судови, јавни обвинителства), државни агенции на локално
ниво и подрачни министерства. Една петтина
од волонтерите ќе бидат сместени
во граѓански организации кои работат на локално ниво.
Потенцијални волонтери во овој проект се
граѓаните со посебен акцент на младите невработени лица
и
студенти.
За сите волонтери е обезбеден надоместок за покривање
на трошоците за пат и исхрана
за период од 3 месеци. Волонтирањето бара секојдневен
ангажман во работни денови по
најмалку 4
часа.
Очекуван почеток на волонтирањето е во текот на месец
јануари 2013 година.
Пријавите може да ги побарате на следните е-маил
адреси:
За Свети Николе – Организација на жени те:
womsvetinikole@yahoo.com
и за останатите градови:
За Битола – Младински културен центар – Битола:
mkcbt@t-home.mk
За Скопје - Младински образовен форум:
sanja_bozovik@mof.org.mk
За Прилеп – АГТИС:
agtis@t-home.mk
За Тетово – Институт за развој на заедницата:
info@irz.org.mk
За Охрид – Младински совет Охрид:
mladinskisovet_oh@yahoo.com
За Кавадарци – СППМД:
contact@sppmd.org.mk
Или да ја симнете на следниов линк и да ја препратите
потполнета до организацијата во соодветниот град
!!! Пријавата може да ја превземете овде !!!
Рокот за пријавување е до
30
ноември 2012
година.
Проектот е поддржан од National Endowment for Democracy (www.ned.org)
Со почит,
Организација на жените на општина Свети Николе
|
|
|