Во рамки на проектот Жените градат сигурна иднина
во Република Македонија преку имплементација на Резолуцијата 1325
подржан од UNWomen, а имплементиран од Организација на жените на
општина Свети Николе во соработка со партнер организациите: ЗГ Ауреола
од Струга, ЗГ Доверба од Куманово и Здружeние на албанската жена од
Кичево, во тековната 2012 година ги реализираше следните активности :
1.Креирање на анкетни прашалници
Прашалникот беше креиран од страна на работниот тим
на Организација на жените на општина Свети Николе и содржи 44 прашања,
поделен во три групи на прашања:
I
Дел - основни податоци за испитаникот;
Дел II - прашања поврзани со нивото на познавање
со Резолуцијата на Совет за безбедност 1325 за жени, мир и безбедност;
Дел III
- прашања поврзани
со вклученоста на жените во процесите на одлучување во локалните
заедници и нивната улога за зајакнување на меѓуетничкиот дијалог во
заедницата;
2.Спроведување на анкетно истражување во
општините Струга, Кичево и Куманово
Анкетното истражување се спроведе во општините
Кичево, Струга и Куманово во период Декември 2011 – Јануари 2012. Со
анкетата беа опфатени вкупно 600 испитаници – преставници од институции,
на локално ниво од подрачни министерства, од локалната самопуправа,
претставници на комисии кои се дел од Советите на општините,
претставници на локални медиуми, на невладини организации, како и жени
кои што не се активни во невладиниот сектор и се избрани по случаен
избор.
3. Анализа на резултатите од истражувањето
Анализата ја спроведе стручно лице, а целта на
анализата е:
- да го оцени нивото на познавање на локалната и
централната власт т.е институциите, невладините организации и општа
популација (жени и мажи) за важноста и принципите на Резолуцијата 1325 и
- да го оцени степенот и начинот на учество на жените
во подобрувањето на меѓуетничкиот дијалог во општините, како и во
процесите на спречување конфликти и посредување при конфликти;
4. Печатење на резултатите од анкетното
истражување вклучувајќи и препораки за институциите
Брошурата со резултати од спроведеното анкетно
истражување како и препораки добиени од одржаните форуми за заедниците
беше испечатена во 300 примероци .
Анализа