english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
   

“Жената промотор на меѓуетничкиот дијалог во локалната заедница“

Организација на жените на општина Свети Николе во период од 01.08.2012 до 31.01.2013 реализираше активности во рамки на проектот “Жената промотор на меѓуетничкиот дијалог во локалната заедница“. Проектот беше спроведен со финансиска поддршка на Екуменска иницијатива на жените – Р.Хрватска.

Целта на проектот беше подигање на свеста и активно учество на жените во градењето на мирот, зајакнување на безбедноста, меѓуетничкиот дијалог во 6 општини преку спроведување на Резолуцијата 1325.

Целна група:

  • Учеснички на форумите: 150 жени политичарки, претставнички од релевантните институции на подрачните единици од (Министерство за одбрана, Министерство за Внатрешни Работи, Центар за Социјална Работа) како и претставнички од Невладини организации од различна етничка и верска припадност;

  • 20 жени, лидерки (активистки во невладини организации) и политички партии од Р.Македонија – учеснички на дводневниот семинар;

Во рамките на проектот беа реализирани проектните активности: 6 форуми во мултиетничките општини (Тетово, Дебар, Берово, Кочани, Виница и Радовиш) и еден дводневен семинар.

 

Од одржаните 6 форуми произлегоа следниве заклучоци и препораки:

Заклучоци:

-Неинформираност за постоење на Резолуцијата на СБ-1325 жени, мир и сигурност;

-Непознавање на правата на жените во областа на безбедносната политика;

-Непознавање на домашниот систем на заштита на човекови права ;

-Соочување со дискриминација и прекршување на правата на жените од родов аспект;

-Минимално учество на жените во повисоките одлучувачки структури и во раководните органи во политички партии;

-Постоење на стереотипи во однос на пријавување на семејно насилство и други видови на насилство;

-Голема невработеност на жените и економска зависност од мажите;

 

Препораки:

-Потреба од континуирана едукација на жените и мажите за правата на жените за учество во креирање на безбедносна политика на локално, национално ниво и меѓународно ниво;

-Едукација за постоење на родова дискриминација и надминување на стереотипите при случаи на семејно насилство и другите видови на насилство врз жените;

-Подржување на жените во поднесување на иницијативи за учество во креирање на локалните политики;

-Пружање бесплатна правна помош на жените во случај на прекршување на нивните права, посебно во случаи како жртви на семејно насилство;

 

На 14-15 Декември 2012 година во Битола се одржа дводневен семинар на кој присуствуваа вкупно 20 учеснички, од кои 9 претставнички на невладини организации и 11 претставнички на политички партии од власта и од опозицијата.

Од семинарот произлегоа следниве заклучоци:

  • Постојана едукација на жените за поефикасно учество во општествениот живот;

  • Промоција и презентација на Резолуцијата 1325 и Националниот акциски план во локалните заедници од страна на присутните учеснички на семинарот (НВО и политички партии);

  • Иницијатива за заедничко делување на сите претставнички на невладините организации и политичките партии за промција, едукација и актуелизација на женските прашања;

  • Заедничко делување на сите учеснички од невладиниот сектор и политичките партии во насока на рушење на родовите стереотипи и промоција на родовата рамноправност;

  • Да се направат напори да се вклучи КЕМ (Комисија за Еднакви Можности) на локално ниво во организирање на обука за родови прашања за членките на политичките партии и НВО секторот;

 
     
 
     

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2013 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster