english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

Младински Форум "Youth Cooperation Beyond Borders”

Од 27 до 31 Октомври 2012 година во Баку, Азербејџан се одржа Младинскиот Форум "Youth Cooperation Beyond Borders” на кој учествуваше и нашиот претставник Александар Богатинов. Форумот како единствен настан од таков вид во последните шест години во Европа беше во организација на:
-
SALTO за Источна Европа и Кавказ;
-
SALTO за ЕуроМед земјите;
-
SALTO за Југоисточна Европа ;
-Полската, Француската и Словенечката национална агенција за Програмата “Млади во акција”;
-Коорганизатори и домакини на форумот беа
Министерството за млади и спорт на Република Азербејџан заедно со Младинска Фондација на Азербејџан;

Целта на форумот беше да се развие признавање на важноста на меѓународната младинска работа во областа на неформалното образование помеѓу програмските и соседните партнерски земји во рамките на програмата Млади во Акција.

На форумот во рамките на формираните работни групи беа презентирани и дискутирани потребите и достигнувањате идентификувани во истражувањето спроведено од страна на регионалните SALTO Ресурсни Центри за влијанието на програмата „Млади во Акција“ во:
- Развој на организациите и младинска работа во целина (во програмските и соседните партнерски земји);
- Локалните заедници (во програмските и соседните партнерски земји);
- Развојот на регионалната младинска политика;
- Признавање на неформалното учење;

Учесници на форумот: На форумот учествуваа 100 искусни младински работници од 36 земји (од програмските земји, од трите региони соседи на Европската Унија - Југоисточна Европа, Источна Европа и Кавкаски регион и Медитеранските земји) со искуство во проекти со земји соседи на Европска Унија во рамките на Програмата Млади во Акција. На форумот освен младинските работници учествуваа и раководни лица од Национални агенции, од три SALTO регионални центри и други релевантни Европски институции кои работат со млади и за млади.

Александар БОГАТИНОВ
Организација на жените на Општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2012 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster