|
Македонската платформа против сиромаштија
Организација
на жените на општина Свети Николе од 2010 година е членка на
Македонската платформа против сиромаштија (МППС). Во период од Јуни
до Октомври 2012 Македонската платформа против сиромаштија
со финансиска поддршка од Институтот за човекови права Лудвиг Болцман од
Скопје ќе го спроведува проектот :
Мапирање на социјалните потреби на локално ниво во
општините Гази Баба, Кочани, Св. Николе, Битола и Тетово. Организација
на жените на општина Свети Николе како членка на МППС, во овој период ќе
спроведува активности на локално ниво во општина Свети Николе.
O пшта цел на
проектот е проценка на социјалните потреби
и проблеми на осиромашените и социјално исклучените групи граѓани.
Во рамките на проектот „Мапирање на социјалните потреби на локално
ниво“, во општина Свети Николе ќе бидат спроведени следните активности:
- Анкетирање на 100 сиромашни и ранливи групи на население;
- Четири интервјуа со претставници од релевантните институции:
Локалната самоуправа (комисиите за социјална и детска заштита),
Центрите за вработување
,
Центрите за социјална работа и здравствените установи.
Три фокус групи со сиромашните и ранливите групи;
Подготовка на анализа од истражувањето;
Организирање на јавна трибина и промоција на анализата.
Подготвената анализа ќе претставува основа
за планирање на идни активности и преземање на конкретни мерки за
надминување на утврдените недостатоци и унапредување на состојбата на
сиромашните и ранливи групи на граѓани во заедницата.
Александра Коцевска
Организација на жените на општина Свети Николе
|
|
|