македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
 

Работилница за Женски човекови права и семејно насилство

На 1 Април 2006 во с. Црнилиште и на 15 Април 2006 во с.Ерџелија се одржаа работилници под наслов : Женски човекови права и семејно насилство . Работилниците се одржуваа во рамките на проектот Унапредување на здравјето на жените 2 кој е финасиран од Шведската фондација KVINNA TILL KVINNA. На работилниците присуствуваа 30 жени од с. Црнилиште и 23 жени од с. Ерџелија на возраст од 20 -50 години.

Цел на работилниците е подигање на свеста кај жените од руралните средини за постоењето на нивните права - како дел од универзалните човекови права кои се загарантирани во домашното законодавство и во меѓународното право. Втора цел е препознавање на семејното насилство во сите негови форми, јавно зборување за проблемот и информирање за можните начини за заштита на жртвите на семејно насилство.

Програмата за работа беше поделена на два дела :

Во првиот дел се работеше на тема Женски човекови права . Во овој дел се дефинира поимот човекови права, историјатот за рамноправност и еднаквост на жените, загарантираните права на жените според правните инструменти на национално и меѓународно ниво и институции надлежни за заштита на човековите права. Се забележа дека жените многу тешко можат да ги дефинираат своите права и немаа доволно информации каде можат да се заштитат во случај на повреда на некое свое право. Жените намаат доверба во институциите кои се надлежни да ги штитат нивните права.

Вториот дел од програмата беше на тема Семејно насилство: Во овој дел се дефинира поимот семејно насилство , видови на насилство , причини и последици од насилството , кој е најчесто насилникот. Дел од жените можеа лесно да го препознаат семејносто насилство посебно физичкото насилство, но помалку психичкото. Доминацијата на мажите во семсјството е присутно . Лошата економска положба придонесува до пораст на семејното насилство особено што мажот ја губи улогата на главен носител на храна во семејството. Во Ерџелија дел од жените побараа да знаат каде да се обратат во случај на семејно насилство. Жените не се обидуваат да го напуштат семејствотопоради тоа што немаат каде да одат а и поради срамот од околината. Обучувачката ги презентираше новините во Закон за семејство и улогата и обврска на Центрите за Социјална работа при прифаќање на жртва на семејно насилство. Се бјасни за можноста жртвите на семејно насилство да се јават на националната СОС линија или да ги користат услугите на Шелтер центрите во Македонија.

Групите беа доста интерактивни работеа и во текот на целата обука имаше работна атмосфера .Жените изразија дека им е потребно повеќе едукација од областа на човекови права , посебно женски човекови права и за начините за правна заштита во случај на прекршување на некои право .

Обуката беше спроведена од едукаторката Даниела Панева

 

 

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2006 Организација на жени - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster Ал.Бог.