македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
 

Средба на членките на мрежата за имплементација на Програмата за редовни гинеколошки прегледи

На 15 Април 2006 година во Свети Николе се одржа средба на членките на мрежата од проектот на ОЖО Свети Николе Унапредување на здравјето на жените 2 подржан од Шведската фондација КВИННА ТИЛЛ КВИННА. На средбата присуствуваа претставничкиод 9 НВО и тоа ОЖО Свети Николе, ОЖ Пробиштип, ОЖ Кочани, ОЖ Крива Паланка, Женски центар Дебар, АНТИКО, ОЖ Златно доба - Виница, ЗЖ Искра - Битола, Нов живот - Штип.

На оваа работна средба се разгледуваше досегашната имплементација на програмата за редовни гинеколошки прeгледи . Од присутните изразена е загриженост околу нецелосното спроведување на програмата и пројавените бројните проблеми со кои се соочуваат гинеколозите при имплементацијата на истата. Посебно сериозни проблеми се забележани со почетокот на приватизацијата на здравството. Постои нецелосна информираност и некоординираност помеѓу Министерството за здравство, здравствените установи и гинеколозите. Сето тоа доведува до нецелосно спроведување на програмата, а со тоа жените и покрај можноста која им ја дава законот не можат да добијат гинеколошки преглед. Се забележува дека нема покривање на направените материјални трошоци за спроведените гинеколошки прегледи на здравствените установи каде се спроведуват. Тоа придонесува до појава на незадоволство и прекин на спроведувањето на прегледите. Само во мал број на градови се реализира програмата без проблеми. До сега од страна на Министерството за здравство не се добиени информации за текот на реализацијата на програмата во 2005 и за потрошените средства.

Потенцирана е потребата за координирана активност на членките на мрежата и превземање на активности кои ќе влијаат врз надлежните институции за доследна примена на програмата. Од друга страна се забележува потребата за поцелосно информирање на жените за можноста да добијат бесплатен гиенколошки преглед и организирање на активности за едуцирање на жените за рано откривање на малигни заболувања.

На средбата беше договорено за идните активности во рамките на проектот. Секоја членка на мрежата треба да достави информации за текот на реализацијата на программата за 2006 и за бројот на жени кои добиле гинеколошки преглед. Потребно е да се испланираат локални активности кои треба да се реализираат во периодот јуни - ноември 2006 , а кои се насочени кон актуелизирање на проблемите при имплеменатциијата на програмата.

 

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2006 Организација на жени - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster Ал.Бог.