македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
 

Работилници за жени заболени од малигни заболувања

Во текот на 2006 година ОЖО Свети Николе продолжи да работи со група на жени кои се заболени и лекувани од малигни заболувања . Оваа група се среќава веќе 2 години и активностите се реализират во рамките на проетот Унапредување на Здравјето на жените финасиран од Kvinna till Kvinna. Започнувајќи од Февруари се одржани 3 работилници . Целна група се жени кои се заболени или лекувани од рак на дојка и рак на матка . На средбите присуствуваат по 15 жени.

Заболените и лекувани жени од малигни заболувања на репродуктивните органи и рак на дојка обично немаат каде да добијат соодветна стручна психосоцијална помош . Во здравствените установи нема посебни служби кои даваат ваква помош. Законот за здравствена заштита не предвидува постоење на вакви служби кои даваат совети. По извршување на оперативните зафати и постоперативното лекување жените се препуштени самите на себе. Лекуваните жени се плашат отворено да зборуваат за својата болест и ја негираат самата болест. Постои голема затвореност на овие жени, страв од прифаќање од околината , имаат чувство на помала вредност и намалена самодоверба. Понекогаш се нарушуваат односите во семејството и се менува сексуалното однесување на жените.

На овие средби жените разговараат за своите здравствени проблеми со кои се соочуваат, а се како резултат на малигното заболување. Жените се учат полесно да ја прифатат својата болест , да се зајакнат самите и да продолжат нормално да живеат. Работејќи со жени кои имаат исти проблеми се овозможува меѓусебно да ги поделат своите проблеми и да добијат подршка . Овде се чувствуваат сигурно и обично излегуваат посамоуверени и поцврсти да се борат против болеста.

Работилниците беа водени од едукаторките д-р Гордана Митева и психологот Емина Петкова.

 

 

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2006 Организација на жени - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster Ал.Бог.