Прослава на 8- ми март
По
повод Меѓународниот празникот на жената 8 - ми Март Организацијата на
жени на општина Свети Николе во градот дистрибуираше брошури за
"Рано откривање на малигни заболувања кај
жените" и за
"Остеопороза".
Оваа активност се спроведува во рамките
на Меѓународната недела за борба против ракот,
но и денот за борба против
остеопорозата како болести од кои
најчесто заболуваат жените. По повод празникот беа положени цвеќиња на
споменикот во градскиот парк како почит кон жените кои го дале својот
живот за слободата на Македонија.
Во салата на Собранието на општината женските НВО кои
работат во општината ги претставија своите програмски активности.
Организацијата на жени ги претстави своите активности и
постигнатите успеси на полето на унапредување на репродуктивното здравје
на жените и најголемиот постигнат успех - успешното лобирање за
воведување на гинеколшки прегледи за жените. Исто така има доста
успеси во едукацијата на младите за превенцијата од трговија со луѓе
како и континураното 5- годишно функционирање на центарот за деца и
млади Вавилон. Од страна на децата од Вавилон центарот беше изведена
скромна претстава со која децата и го честитаа празникот на жените во
Општината.
На 4 Март Организацијата традиционално ја организираше
8-мо мартовска прослава на која присуствуваа околу 250 жени.
Прославата беше проследена со богата лотарија и околу 250 награди
добиени од локалните бизмисмени. Во оваа пригода беа собрани околу
24.000 денари. Средствата добиени од лотаријата се наменети за
подршка на кампањата за борбата против ракот на матката и ракот на
дојката,како една од програмските активности на ОЖО Свети Николе за
2006 година.
|