Работилница Родови односи и развој во Црнилиште
На 25 Март 2006
во с. Црнилиште се одржа
работилница со тема Родови односи и развој
во рамките на проектот
Унапредување на здравјето на жените 2
финасиран од Шведската фондација КВИННА ТИЛЛ КВИННА.
Целта на работилницата е подигање
на свеста кај жените од руралните средини за родовите односи и
различната положба која ја имаат мажите и жените во заедницата.
На работилницата присуствуваа 25 жени од
с.Црнилиште на возраст од 20 -50 години.
Програмата беше распоредена во три пооделни сесии
.
Првата
сесија беше “Социјално
потекло на родовите односи”.
На почетокот се започна со дискусија околу
тоа каква е разликата меѓу термините Пол и Род. Доминатно беше
дека поголем дел од жените сметаат дека мажот секогаш го преферира
машкото дете, па и тие мора да се согласат со тоа. Од друга страна
забележано е дека машкото има помалку обврски , останува во семејството
и е помалку изложено на некои непријатни ситуации и не може да биде
жртва на насилство. Аргументите за посакуваното женско дете е дека тоа
помага во домот , полесно се комуницира се женското дете и мајката може
повеќе да се довери , полесно може да ги разбере проблемите на мајката и
секогаш може да даде помош на родителите.
Во втората сесија
се обработуваа “Родовите односи,
стереотипи , норми и вредности во општеството”.
На почетотот се даде краток осврт на тоа што се стеротипи , норми и
вредности на однесување.Стереотипите се доста доминантни посебно во
малите рурални средини и дека многу влијаат врз животот на жените.
Жените многу ретко се обидуваат да работат работи кои се типично «
Машки »
Една од учесничките изјави дека таа сака да
оди на риболов, но дека секогаш е ограничено од тоа што ќе каже
средината . . Однесувањето на девојчињата кои не се во согласност
со очекувањата на родителите многу повеќе се осудува. Од девојчињата се
очекува да бидат вредни послушни и да помагаат дома. Доколку не го
прават тоа се осудени и од родителите и околината .
Третата
сесија се однесуваше за
“Родово/половата поделба на трудот”.
На почетокот се забележа дека постои
поделба на работата која ја извршуваат жените, а која работа ја
извршуваат мажите. Жените истакнаа дека во селата постои стриктна
поделба посебно на женската работа, но дека жените завршуваат и голем
дел од машката работа како цепење дрва , па и дел од тешките физички
работи во земјоделието. Скоро сите жени беа невработени, па така скоро
целата репродуктивна работа ја извршуваат самите , а учествуваат и во
обработката на земјата и одгледување на добитокот и живината. При тоа се
забележа дека нивниот труд не се вреднува адекватно и дека многу ретко
учествуваат во одлучувањето за заработката од земјоделието.
Беше забележано дека жените воопшто
не се присутни во месните одбори и се исклучени од сите општествени
настани во селото. Решавањето на прашањата на заедницата е оставено во
рацете на мажите. Жените воопшто не се вклучени како активни чинители во
политичкиот живот. Работилницата
беше спроведена од едукаторката Радмила Сандева.
|