Уметноста на жените проткаена низ минатото
На 11 Март
во Свети Николе се прослави традиционалниот
празник Тодорица. Во склопот
на манифестацијата Тодорички фолклорни средби
беше организирана изложба на
ракотворби направени од жените
од општината Свети Николе. Членките на Организацијата
на жените на општина Свети Николе
учествувааа на изложбата со свои експонати.
|
|
|
Изложбата даде можност делата создадени од рацете на
жените да се презентира пред пошироката јавност. Важно е да се напомене
дека традицијата во Македонија создала
вредни уметнички креации од рацете на жените. Понекогаш се прашуваме
дали уметничките слики создадени од рацете на познатите уметници се
повредни од секојдневните креации кои жените низ вековите ги создавале.
Рацете на жените креираат уметнички дела и заедницата треба да ги
прифати како вредно уметничко богатство , а не само како нешто што
секоја жена може да го направи и има мала вредност. Доколу се смени
сфаќањето кај луѓето и правилно се вреднува вложениот труд на жените низ
историјата ќе сфатиме дека жените се креаторки на уметнички дела и
секоја држава треба да се гордее со тоа што поседува такви жени.
|