македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
 

ВЕСТИ ОД 2012 ГОДИНА

Проект за придружна социјална работа на територија на Република Македонија

Во рамките на Програмата за придружна социјална работа со жртви на трговија со луѓе и високо ризични случаи Здружението на граѓаните за акција против насилство и трговија со луѓе- Отворена Порта Скопје го имплементира проектот ,,Проект за придружна социјална работа на територија на Република Македонија,,. Организацијата на жените на општина Свети Николе како партнер организација во периодот од август 2012 – јуни 2013 година спроведува проектни активности на територијата на општина Свети Николе.

Повеќе за овој напис

на почеток=

“Минимален достоинствен приход во Република Македонија”

Македонската платформа против сиромаштија (МППС) со поддршка од Националниот Демократски Институт (НДИ), во период од декември 2012 до март 2013 година, реализира проектни активности за спроведување на законодавната иницијатива “Минимален достоинствен приход во Република Македонија”. Целта на оваа иницијатива е подигање на јавната свест на граѓаните, власта и опозицијата за потребата од воведување на Минимален достоинствен приход.
Организација на жените на општина Свети Николе како членка на Македонската платформа против сиромаштија (МППС), на локално ниво реализираше активности предвидени со оваа иницијатива.

Повеќе за овој напис

на почеток=

“Жената промотор на меѓуетничкиот дијалог во локалната заедница“

Организација на жените на општина Свети Николе во период од 01.08.2012 до 31.01.2013 реализираше активности во рамки на проектот “Жената промотор на меѓуетничкиот дијалог во локалната заедница“. Проектот беше спроведен со финансиска поддршка на Екуменска иницијатива на жените – Р.Хрватска.
Целта на проектот
беше подигање на свеста и активно учество на жените во градењето на мирот, зајакнување на безбедноста, меѓуетничкиот дијалог во 6 општини преку спроведување на Резолуцијата 1325.
Од одржаните 6 форуми произлегоа неколку  заклучоци и препораки.

Повеќе за овој напис

на почеток=

ПОВИК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ЛОКАЛЕН ВОЛОНТЕРСКИ СЕРВИС

Организација на жените на Општина Свети Николе е вклучена во имплементацијата на четвртиот циклус од проектот Локален Волонтерски Сервис“ чиј носител е Младински културен центар – Битола (Волонтерски центар на Македонија).
За потребите на проектот го објавуваме повикот за пријавување на волонтери за пополнување на слободните волонтерски позиции.
За сите волонтери е обезбеден надоместок за покривање на трошоците за пат и исхрана за период од 3 месеци. Волонтирањето бара секојдневен ангажман во работни денови по најмалку 4 часа. Очекуван почеток на волонтирањето е во текот на месец јануари 2013 година.

Рокот за пријавување е до 30 ноември 2012 година.

!!! Пријавата може да ја превземете овде !!!

Повеќе за овој напис

на почеток=

Младински Форум "Youth Cooperation Beyond Borders”

Од 27 до 31 Октомври 2012 година во Баку, Азербејџан се одржа Младинскиот Форум "Youth Cooperation Beyond Borders” на кој учествуваше и нашиот претставник Александар Богатинов. Форумот како единствен настан од таков вид во последните шест години во Европа беше во организација на:
-
SALTO за Источна Европа и Кавказ;
-
SALTO за ЕуроМед земјите;
-
SALTO за Југоисточна Европа ;
-Полската, Француската и Словенечката национална агенција за Програмата “Млади во акција”;
-Коорганизатори и домакини на форумот беа
Министерството за млади и спорт на Република Азербејџан заедно со Младинска Фондација на Азербејџан;

Повеќе за овој напис

на почеток=

Нашата нова e-mail адреса е womsvetinikole@yahoo.com

Почитувани пријатели и соработници,

Ве информираме дека Организацијата на жените на Општина Свети Николе има нова службена e-mail адреса -
womsvetinikole@yahoo.com

Поради невозможност да го решиме проблемот со нашата стара  e-mail адреса (wom_org@yahoo.com), како наша службена e-mail адреса во иднина ќе ја  користиме womsvetinikole@yahoo.com и затоа Ве молиме во иднина да не контактирате на нашата нова адреса.

Со почит,
Вашата Организација на жените на општина Свети Николе

 
Dear friends and colleagues,

Organization of Women of Municipality of Sveti Nikole inform you that we have new official e-mail –
womsvetinikole@yahoo.com

Due to the impossibility to solve the problem with our old e-mail (wom_org@yahoo.com), please in the future contact us at our new e-mail

S
incerely,
Yours Organization of women of municipality of Sveti Nikole

на почеток=

Македонската платформа против сиромаштија

Организација на жените на општина Свети Николе од 2010 година е членка на Македонската платформа против сиромаштија (МППС). Во период од Јуни до Октомври 2012 Македонската платформа против сиромаштија со финансиска поддршка од Институтот за човекови права Лудвиг Болцман од Скопје ќе го спроведува проектот: Мапирање на социјалните потреби на локално ниво во општините Гази Баба, Кочани, Св. Николе, Битола и Тетово. Организација на жените на општина Свети Николе како членка на МППС, во овој период ќе спроведува активности на локално ниво во општина Свети Николе.

Повеќе за овој напис

на почеток=

“Заедно сме посилни да го спречиме семејното насилство 3”

Организација на жените на општина Свети Николе во период од 01.06.2012-30.06.2012 реализираше активности во рамки на проектот “Заедно сме посилни да го спречиме сменјното насилство 3”. Проектот беше спроведен со финансиска поддршка на УНФПА и е дел од заедничката програма на УН агенциите “Зајакнување на Националните Капацитети во борба против смејното насилство”. Како соработници при спроведување на активностите беа ЕХО – Штип, Еднакви за сите – Кочани и Здружение на социјални работници – Пробиштип.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Жените градат сигурна иднина во Р.Македонија преку имплементација на Резолуцијата 1325

Во периодот од Декември 2011 – Август 2012 беше реализиран проектот Жените градат сигурна иднина во Република Македонија преку имплементација на Резолуцијата 1325 подржан од UNWomen, а имплементиран од Организација на жените на општина Свети Николе во соработка со партнер организациите: ЗГ Ауреола од Струга, ЗГ Доверба од Куманово и Здружeние на албанската жена од Кичево

Повеќе за овој напис

на почеток=

Организација на жените на Општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2012 Организација на жени - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster А.Б.