english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
   

Проект за придружна социјална работа на територија на Република Македонија

Во рамките на Програмата за придружна социјална работа со жртви на трговија со луѓе и високо ризични случаи Здружението на граѓаните за акција против насилство и трговија со луѓе- Отворена Порта Скопје го имплементира проектот ,,Проект за придружна социјална работа на територија на Република Македонија". Организацијата на жените на општина Свети Николе како партнер организација во периододт од август 2012 – јуни 2013 година спроведува проектни активности на територијата на општина Свети Николе. Тим од социјални работници составен од членки на Организацијата работи на овој проект при што има вклучено три лица во програмата за придружна социјална работа, од кои две се полнолетни и еднo малолетнo. Во изминатиот период спроведувани се активности на различни теми и од различни области, почнувајќи од норми на живеење и однесување, мирно разрешување на конфликти во семејството, поддршка и помош во образовниот процес, подобрување на квалитетот на учење, како и подобрување на успехот на училиште.

 

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2013 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster