|
Младински Форум "Youth Cooperation Beyond Borders”
Од 27
до 31
Октомври 2012
година
во Баку,
Азербејџан
се
одржа
Младинскиот
Форум "Youth Cooperation
Beyond Borders” на
кој
учествуваше
и
нашиот претставник
Александар
Богатинов.
Форумот како единствен настан од таков вид во последните
шест години во Европа беше во организација на:
-SALTO за Источна
Европа и Кавказ;
-SALTO за ЕуроМед
земјите;
-SALTO за Југоисточна
Европа ;
-Полската, Француската и Словенечката национална агенција за Програмата
“Млади во акција”;
-Коорганизатори и домакини на форумот беа Министерството за млади
и спорт на Република Азербејџан заедно со Младинска Фондација на
Азербејџан;
Целта на форумот беше да се развие признавање на
важноста на меѓународната младинска работа во областа на неформалното
образование помеѓу програмските и соседните партнерски земји во рамките
на програмата Млади во Акција.
На форумот во рамките на формираните работни групи
беа презентирани и дискутирани потребите и достигнувањате идентификувани
во истражувањето спроведено од страна на регионалните SALTO Ресурсни
Центри за влијанието на програмата „Млади во Акција“ во:
- Развој на организациите и младинска работа во целина (во програмските
и соседните партнерски земји);
- Локалните заедници (во програмските и соседните партнерски земји);
- Развојот на регионалната младинска политика;
- Признавање на неформалното учење;
Учесници на форумот:
На форумот учествуваа 100
искусни младински работници од 36 земји
(од програмските земји, од трите региони соседи на
Европската Унија - Југоисточна Европа, Источна Европа и Кавкаски регион
и Медитеранските земји) со искуство во проекти со земји соседи на
Европска Унија во рамките на Програмата Млади во Акција. На форумот
освен младинските работници учествуваа и раководни лица од Национални
агенции, од три SALTO
регионални центри и други релевантни Европски институции кои работат со
млади и за млади.
Александар БОГАТИНОВ
Организација на жените на Општина Свети Николе
|
|
|