english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
   

“Минимален достоинствен приход во Република Македонија”

Македонската платформа против сиромаштија (МППС) со поддршка од Националниот Демократски Институт (НДИ), во период од декември 2012 до март 2013 година, реализира проектни активности за спроведување на законодавната иницијатива “Минимален достоинствен приход во Република Македонија”. Целта на оваа иницијатива е подигање на јавната свест на граѓаните, власта и опозицијата за потребата од воведување на Минимален достоинствен приход.

Организација на жените на општина Свети Николе како членка на Македонската платформа против сиромаштија (МППС), на локално ниво реализираше активности предвидени со оваа иницијатива.

Имено, во Декември 2012 година беше реализирана Фокус група со цел одредување на индикаторите за спроведување на законодавната иницијатива Минимален достоинствен приход во РМ. На Фокус групата присуствуваа 11 лица кои се од различни ризични групи (млади неработени, заболени од малигни заболувања, самохрани родители, корисници на социјална парична помош и др.), со кои што беа изработени видео сведоштва и приказни по однос на сиромаштијата со кои што се соочуваат. Вакви Фокус групи беа спроведени во уште 7 други општини, и од сите нив е изготвена анализа со добиените податоци и информации.

Активности кои што претстојат од оваа иницијатива, е организирање на Јавна дебата со претставници од Европската мрежа за борба против сиромаштија како и претставници од сите политички партии во РМ. Јавната дебата ќе се одржи во Скопје на 15 Февруари 2013г.

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2013 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster