РАЗНИ
АКТИВНОСТИ НА ВАВИЛОНЦИТЕ ОД СВЕТИ НИКОЛЕ
2004:
- 23
Јуни 2004:
Домаќини на гостите од Грузија;
- 03 Јули 2004: Учество на
промоцијата на децентрализацијата;
- од 09 до 25 Август 2004:
Летен камп "Чеплес";
- 08 Септември 2004: Вавилон
ескурзија - Радовиш, Смоларскиот водопад и Манастирот Водоча;
- 11 Октомври 2004:
Вавилон ескурзија - Кратово, Куклица (скаменета свадба) и Манастирот
Свети Јоаким Осоговски;
- од 14 до 26 Октомври 2004: 5-та
ФАРЕ Акциона недела против расизмот во фудбалот;
Домаќини на гостите од Грузија
На 23 Јуни 2004 година во посета на Вавилон центарот во
Свети Николе беа членовите на Youth Voices при Светска Банка од Грузија. Младинците од Грузија се запознаа со
работата на Вавилон Центарот во Свети Николе, беа заинтересирани да
дознаат повеќе за искуството на сите едукаторите за да им послужи во
нивната работа во детско-младинските центри кои треба да се отворат во
блиска иднина во Грузија. Децата и младинците од Вавилон - Свети Николе
исто така се интересираа за животот на нивните врсници во Грузија . Во
секој случај посетата имаше добри впечатоци и за гостите од Грузија и за
домакините од Македонија , кои дознаа многу повеќе за овие две
пријателски земји.
на
почеток=
Учество на
промоцијата на децентрализацијата
На
03 Јули 2004 година во Свети Николе беше одржана
промоција на децентрализацијата под мотото "
Најдобро знаеме што ни треба ". Во состав на промоцијата беше одржан саем
на невладините организации , локалната самоуправа и здруженија на
граѓаните од Свети Николе. Исто така имаше и приредба на која покрај
децата и младинците од целата општина со своја програма настапија и
децата и младинците од Вавилон центарот од Свети Николе кој функционира
како проектна активност на Организација на жените на Општина Свети
Николе. Покрај саемот , приредбата имаше и натпреварување во повеќе
активности . Спортската екипа составена од деца и младинци од Вавилон -
Свети Николе беше севкупен победник во сите тие натпреварувања.
на
почеток=
Летен камп "Чеплес"
Од
09 до 25 Август 2004 година
92 деца и младинци од Вавилон-Свети Николе, во 4 смени зедоа активно учество на летниот
камп со мото "Природата
наше најголемо богатство-да ја чуваме и негуваме"
. Летниот камп се одржа во планинарскиот
камп "Чеплес" на планината Јакупица во близина на
планинскиот врв Солунска Глава. Кампот беше во организација на
Здружението на граѓани "Галеби"
- Вавилон Центар-Чашка од Општина Чашка . На кампот освен деца и
младинци од Вавилон центар -
Свети Николе, зедоа учество и
деца и младинци од Вавилон центрите од Чашка, Велес, Радовиш,
Скопје-Радишани и Куманово. На
летниот камп децата и младинците низ секојдневното дружење и забава имаа
можност да земат учество на организираните работилници : Еколошка,
Ликовна, Спортска , организираните прошетки по планината : посета на
планинскиот врв Солунска Глава, изворите на реката Бабуна , Бабина Дупка
и други планински убавини .
Упатуваме голема благодарност до сите што им овозможија на
децата кои доаѓаа од семејства со минимални примања да можат да се
дружат со своите врсници во прекрасните планински предели . Тоа се : ЕСМ
- подружница Електродистрибуција Свети Николе , Локална самоуправа при
општина Свети Николе , А.Д. БИМ - Свети Николе, Организација на жените
на Општина Свети Николе Свети Николе , Т.Д. "Ивица"
- Свети Николе.
Доколку сакате да видете дел од сликите во кои е
опфатено дружењето на децата и младинците , како и сите планински убавини
кои ги посетија во текот на нивниот престој во планината , кликнете на
следниот линк-
ГАЛЕРИЈА-Чеплес-2004.
на
почеток=
5-та ФАРЕ
Акциона недела против расизмот во фудбалот
Вавилон центарот
од Свети Николе и Организацијата на жените на општина Свети Николе од
14 до 26 Октомври 2004 година зедоа учество во ФАРЕ акционата недела
против расизмот во фудбалот. Со низа активности , како предавања на тема "Со
спорт против расизам и дискриминација", ликовен конкурс на тема "Да
го обоиме светот во боите на фудбалот и мирот" Вавилон центарот ги спроведе проектните
активности финансирани од ФАРЕ. За најдобар цртеж беше избран цртежот на
ученикот Петар Лазаров од 6 одд.
На 24 Октомври 2004 година беше организиран турнир во мал
фудбал каде учесници од повеќе
националности од нашата општина со игра забава и дружење поминаа едн
спортски ден. На присутните навивачи им беше поделен пропаганден
материјал. На победничките тимови дипломи и пригодни подароци им врачи
најуспешниот фудбалер од општината и легендата на Светиниколскиот фудбал
г-н Гордан Здравков.
на
почеток=
Александар Богатинов |