македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
  Во овој број на нашиот електронски весник „ВАВИЛОН“ може да прочитате за:

- Комбуха-четврти дел;

- Инструментална музика во барокот;

- Интервју со Гиразов Славе;

- Sveti Nikole in the music begining;

- Крсте Петков Мисирков;

- Марко Цепенков;

ЕСКУРЗИИ:

- Чеплес - Солунска Глава - од 09 до 25 Август 2004 година;

- Радовиш, Смоларски Водопади, Водоча - 08 Септември 2004 година;

- Кратово, Куклица, Свети Јаким Осоговски - 11 Октомври 2004 година;

- 5-та ФАРЕ Акциона недела;

- Турнир во мал фудбал;

- BMW 530d;

- "Супермен" - Кристофер Рив;

- Моето Хоби - Сликарство;

- Аквариумски рипки;

- Бисерите на Охрид;

- Лични творби на наши вавилонци;

- Вицотека;

- Песнарка;

ДРУГИ БРОЕВИ НА ЕЛЕКТОНСКИОТ ВЕСНИК  "ВАВИЛОН"

 

 
 

 

ПОДГОТОВКА НА КОМБУХА ПИЈАЛОК

Почитувани посетители на Вавилон Електронскиот весник во овој број ќе ве запознаеме со подготовката на Комбуха пијалокот, како последен прилог посветен на Комбухата - Извор на здравјето.

Подготовка на пијалокот

Да ги наведеме потребните работи за одгледување на комбухатач

- Чајна габа - комбуха;
- Вода;
- Стаклен, порцелански или керамички сад;
- Тенко ретко платно;
- Гумен ластик, или конец, односно врвка;
- Околу 70 грама шеќер на 1 л. вода;
- 4-5 грама црн или зелен чај на 1 л. вода;
- Најмалку 100 ml. Ферментирана течност;

Поготовка - за еден литар вода

1. Водата се сипува во здрав емајлиран сад и се загрева на шпорет да зоврие.

2. Отприлика 70 гр. Кристал шеќер се сипува во ладната или млака вода и се меша да се раствори и проврие (1 лажица шеќер=20 гр.)

3. Веднаш по зовривањето, садот се трга настрана и внатре се става 4-5 гр. чај (1 лажичка рефус чај = околу 3гр.) или 1 1/2 филтер кесичка. Чајот кисне 10 - 15 минути со повремено мешање. Времетраењето на киснењето на чајот, за разлика од вообичаеното е продолжено 3-5 пати за да се добие поплодна средина за одгледување на комбухата.

4. Потоа чајот се цеди низ густа пластична цедилка или повеќекатна газа.

5. Процедениот чај се остава да се олади на околу 25 степени. Тој не смее да биде многу топол, бидејки високата температура може да ја уништи комбухата. Пожелно е да се користи термометар.

6. Оладениот чај се сипува во подготвениот стаклен, порцелански или глинен сад во кој ќе се одгледува комбухата.

7. Во овој чај се досипува минимум 10% од зафатнината на садот ферментирана комбуха - течност, која служи како маја за ферментација.

8. На површината од измешаната течност, внимателно се става комбухата и тоа со глатката и посветла страна одгоре, односно како што било и порано.

9. Отворот на садот треба да се покрие со двојна газа или ретко платно и да се зацврсти со гумен ластик или подебел конец. Така покриена комбуха е заштитена од прашина и винските мушички.

10. Подготвената комбуха се остава на мира,полумрачно и топло место, заштитена од директните сончеви зраци. Местото треба да биде достапно за свеж воздух и на собна температура. Во просторијата за одгледување нетреба да има прашина, чад од цигари, мириси од силни зачини, да нема никакви мувли и трулења на органски материи. Хигиената да биде на високо ниво.

При поволни услови комбухата би требало да ја ферментира подготвената течност за околу 7-10 дена,односно таа е стасана за консумација.

11. По овој период, со чисти раце се вади комбухата, се става во порцеланска чинија со млака вода, превртена така да долната страна дојде одозгора. Со раце се отстрануваат разни отпадни материи и добро се измива. Оваа операција се повторува при секоја подготовка на чајот.

12. Готовиот пијалак се процедува и сипува во стаклени шишиња, кои се оставаат на ладно место за да се спречи продолжувањето на ферментацијата.

13. Од ферментираната течност, задолжително се остава најмалку 10% а може и повеќе, во зависност од големината на садот во кој ќе се става комбухата за новиот производен циклус. Новоподготвениот чај, оладен до собна температура, се меша со оставената комбуха-течност, а одгоре се поставува измиената комбуха во иста положба како што била порано. Таа треба целосно да лежи на површината, како би можела со својата горна страна да биде во контакт со воздухот,а долната со хранителната течност. Ако комбухата целосно потоне во течноста, тогаш би требало да се исечат тркалца од плутената тапа, провријат и подметнат под неа, што ќе и овозможи контакт со воздухот и нормално функционирање. Понекогаш, во такви случаи, комбухата и сама излегува на површината. Без воздух таа престанува да расте.

14. Еднаш месечно или на два месеца, комбухата темелно се мие и чисти. Садот се измива со вруќа вода, а талогот на дното отфрла. Едновремено остарениот дел од комбухата, што се наоѓа оддолу се отфрла, бидејќи тој не работи квалитетно. На тој начин комбухата се подмладува.

Во процесот на ферментација ослободениот јаглен диоксид, може да ја подигне комбухата, обично во средината, така таа губи контакт со супстратот и тука не ферментира. Во таков случај со притискање одгоре треба да се истисне овој гас и габата целосно учествува во преработката на течноста.

Услови за одгледување на комбухата

Секој одгледувач нема оптимални услови за производство на квалитетен пијалок. Во споменатите услови влегуваат: квалитетна вода , состав на воздухот, погодна температура, соодветна обученост на одгледувачот и слично. Разликите во условите резултираат соодветни разлики во комбухите, а преку нив и во добиената течност. Меѓутоа, и покрај сите настојувања, чајната габа, како интегрално живо суштество , е изложена на разни влијанија, кои најчесто не е возможно да се контролираат. Како последица од тоа,ниту готовиот пијалок нема секогаш константен состав , вкус, боја и делотворност. Таа варијабилност доаѓа и заради промените во микробиолошкиот состав на комбуха-заедницата. Погодните услови за некои нејзини микроорганизми, го форсираат, а други закочуваат нивниот развој. Квалитетот зависи уште и од односот помеѓу големината на самата комбуха и колижеството на течноста. Во голем сад со мала височина и плитка течност ферментацијата се забрзува,а течноста има 2-5 пати зголемена бактерицидност.

Секоја работа со микробиолошките култури бара зголемено внимание, размислување, сакање и чистота. Што се однесува до чистотата , тука во прв ред се мисли на работната просторија, садовите, приборот, облеката и рацете:

  • Садовите се мијат редовно со вруќа вода;

  • Рацете да се мијат со сапун;

  • Приборот исто така да се одржува чисто и да се користи исклучиво само за комбухата.

  • Садот во кој се одгледува таа не смее да биде близу до изворот на разни гниења, мувли, саксии со цвеќе и разни собни растенија, стари обувки и слично, бидејки од таму можат да навлезат разни непожелни микроорганизми во садот со комбухата.

    Температурата е еден од многу важните фактори. Нејзините оптимални граници се помеѓу 20 и 30 степени. Под 18° C квасните бактерии поинтензивно работат од другите. Брзината на ферментациониот процес се зголемува за двапати ако температурата се покачи за 10 степени. Пролетно и летно време се засилува развојот на комбухата и се добива поквалитетна течност отколку во другите две сезони. Причините за оваа појава, досега не се разјаснети. Дневната светлина , сончевите зраци и ниските температури ги забавуваат животните процеси кај комбухата , но не ги прекинуваат наполно.

    Размножување на комбухата

    Најчесто се започнува со една комбуха. Меѓутоа , кога членовите на семејството ќе се уверат во пријатниот, полезниот и освежувачкиот вкус на комбуха-пијалокот , се јавува потреба за зголемено производство. Постојат повеќе можности тоа да се стори. Може да се набават повеќе комбухи оденаш, постоечката да се премести во многу поголем сад или да се почека, на постоечката кога ќе се зголеми од неа да се “засади” нова. Најчесто се постапува така што,постоечката комбуха се префрла во 2-3 или повеќе пати поголем сад во кој претходно се сипува соодветно големо количество на добро ферментирана течност, на пример 20-30% од зафатнината на садот и на истата и се додава исто толку чај. Не е задолжително садот да се полни до горе. Габата треба да се постави да плива на површината на течноста. Таа почнува да се шири врз течноста, а по подолго време и да се здебели , но побавно. Кога ќе се здебели околу еден сантиметар, со хоризонтално одвојување на старата со новоприраснатиот дел се добиваат две комбухи-одгоре нова поголема и оддолу старата-помала.

    Новата комбуха ја ставаме во истиот сад каде што била и досега, само со претходно подготвена мешавина од нов чај и зрела течност.

    Старит дел може уште еднаш и на ист начин да се искористи за добивање уште една млада комбуха. По завршениот втор циклус таа се фрла , а остануваат две нови и поголеми комбухи. Ако при одвојувањето се појават проблеми се служиме со остар нож или скалпер , внимавајки новиот дел , по можност да не се искине. Ставање на повеќе комбухи во еден сад не е целисходно.

     

    Кога комбуха-пијалокот е готов

    Основно прашање за квалитетот на произведената течност е во кој момент од ферментацијата таа содржи максимално делотворни материи, односно колку денови комбухата треба да стои во чајот. Поради сличностите на факторите кои влијаат врз квасниот процес, постојат различни мислења за тоа кога е пијалокот готов.

    Ханс Ирион во својата книга "Курс за сручни фармацефтски школи" препорачува габата да стои во чајот 5-6 дена. Друѓите предлагаат 8-10 дена, а некои 10-12 или 12-14 дена. За 12 - 14 дена обично комбухата го преработува скоро целиот шеќер , течноста има кисел и освежувачки вкус.

    Драган Пуач препорачува стоењето на габата во чајот да изнесува 8 до 10 дена, кога течноста има најсилно антибиотско дејство. Таквиот пијалок има килибарско-жолта боја и слаткасто-кисел вкус , но сепак да преовладува киселиот вкус. Мерење вредноста на pH показателот е гаранција за времетраењето на ферментацијата. Се знае дека вредноста pH = 7,0 е неутрална , под неа се кисели , а со поголема вредност има базна реакција. Вредноста на pH кај ферментираната течност треба да биде помеѓу 2,5 и 4,0. Во културата со мртва комбуха течноста е неутрална или со базична реакција. За индикацијата на кисело-базната реакција кај пијалокот се користи лакмусова хартија со ориентациона точност. Најчесто стасаноста на комбуха-течноста се одредува со органолептички начин.

    Чување на готовиот пијалок

    Пијалокот за консумација се процедува низ густа пластична цедалка во стаклени шишиња и се чува на ладно место. Во фрижидер може да стои и цел месец , но пред секое пиење тоа количество се процедува. Ако е течноста од фрижидерот многу ладна , таа може да се загрее додавајки топла вода. Притоа да се внимава температурата да не се качи над 40° C, бидејки тогаш можат да страдаат квасните бактерии и ензимите. Глукокоронската киселина и антибиотиците опстојуваат и при 100° C.

    Консумирање на пијалокот

    Ниту до ден денешен не е утврдена некоја цврста доза. Порано, пациентите во руските болници добивале по еден литар дневно. Толку пиел и поранешниот претседател на САД Роналд Реган. Посечната дневна доза изнесува 0,3 литри , распоредена на три оброка по 100 мили литри и тоа наутро на празан стомак 10-15 минути пред појадок, околу пладне пак на ист начин и навечер 2-3 часа пред легнување. Редовното пиење трае 4-6 седмици непрекинато и до два месеци. Потоа може да се паузира 2-3 седмици и пак да се продолжи. Луѓето од кои потекнуваат нашите комбухи , со години го пијат овој пијалок и сосема се здрави.


     

    Почитувани посетители и читатели на нашата  веб страница се надеваме редовно ги пратевте нашите прилози за Комбуха - габата и нејзините делотворни својства. Во изминатите прилози Ве запознавме со начинот за одгледување и користење на истата, надевајќи се дека Ве поттикнавме да почнете да го конзумирате овој Еликсир на животот.

    (крај)

          на почеток=

     
     

     

    ИНСТРУМЕНТАЛНА МУЗИКА ВО БАРОКОТ

    За инструменталната музика во барокот , овој период бил од многу важно значење бидејќи таа конечно се ослободила од вековната подреденост на текстот, и потполно независна од текстот почнале да се создаваат инструментални форми. Најпрво се појавила суита (свита) инструментална форма која содржела низа танцови од различни народи поврзани во една целина врз принцип на контраст - помеѓу два брзи се наоѓал еден бавен. Барокните композитори суитата ја пишувале за соло инструмент, мал инструментален состав оркестар или за соло инструмент со придружба на оркестар. Како поедини ставови се среќаваат најчесто алеминда - германски танц со умерено темпо. куранта - француски танц со брзо темпо. сарабанда - шпански танц со бавно темпо и достоинствен карактер. Жига - англски танц со брзо темпо. Соната - и таа има неколку ставови но тие не се од танцов карактер. Во барокната музика се компонирани сонати за соло инструмент без континио (генерал бас) а многу раширена форма е трио сонато тоа е дело наменето за 2 виолини континио и виола де гамбо. Концерто грасо - многу карактеристична форма на барокот каде мала група на инструменти т. н. концертино се спротиславува на оркестарот кој е наречен ритриено (целосно) или концето гросо. Освен овие форми барокните композитори пишувале ричерки токати првенствено наменети за инструменти со клавијатра(чембело и оргули). Најсложена и најсовршена форма во барокот е фуга .

    Друг позначајни форми од барокот се: ораториум тоа е вокално инструменталнотална форма која содржи неколку бтни елементи од операта. Содржината ја раскажува рецитатор т.н. Хисторикус. Најчеста тема на ораториумот се драматизирани настани од библијата а многу ретко световни содржини, самото име потекнува од собата за молитви. Кантата тоа е форма која се развила од ренесансниот мотет. Во споредба од оратариумот е помала и има лирски карактер . Постојат светвна и духовна кантата . Пасија многу слична на ораторумот но нејзината содрњина стрикно се ограничува на библското прикажување на христовите маки. Прв голем преставник на ораториумот е Џакамо Карасими а на пасијата Кајре Шиц.

    Барокната инструмантална музика ја создавале голем број композитори од разни европски земји мегу кој особено се истакнуваат неколку италијански и германски композитори . Во XVII век значаен преставник е Арканџело Корели 1653-1713 год. Тој бил истакнат виолински виртуос и педагог многу била прочуена неговата виолинска школа. Негови најзначајни дела се Виолински сонати, трио сонати и концерти гросо а најпрочуено негово дело е Ла Фолија. Антонио Вивалди потекнувал од музичко семсјство работел во Венеуцела како професор по виолина, композитор и диригент . Меѓу неговите композиции се стакнуваат солистички концерти концерти и е прв од композиторите кој пишуваат солистички концерти. Значајни дела се виолинискиот концерт во А-moll и четири концерти со германска содржина наречени годишни времиња. Џузепе Тартини 1692-1770 год. Негови најзначајни дела се виолински сонати и трио сонати а особено е прочуен по неговата композција Ѓаволски трилер.

    Герг Фридрих Хендел (1685-1759) роден е во Хале во фамилија во која немало ни еден музичар. Уште на 7 години се истакнал со својот музички талент и почнал да свири оргули и чембало. На 18 години го напуштил родниот град и ги започнал своите многу бројни патувања по европските музички центри од тоа време. Особено значајно било патувањето во Лондон каде останал до крајот на својот живот. Таму основал кралска музичка академија, за изведување на опери . Умрел потполно слеп во 1759 год. А Англичаните му приредиле величествен погреб. Тој имал напишано 40 опери, 20 ораториуми, суити, концерти грасо, клавирски дела и др. Ораториумите преставувале врв во неговото творештво. Темите ги земал од библијата и историски настани. Меѓу најпознатите ораториуми се: Израел, Египет, Месија, Јуда Макабајски, Јефтај, Саул, Сузана, Теодора др. Од суитите најзначајни се 2 оркестарски - музика на вода и музика за огномет компонирани по повод на ослободувањето на Анхел.

    Јохан Сабастијан Бах (1685- 1750) вториот значаен преставник на германскиот барок роден е во Ајзенах во фамилија каде музиката била традиција. Рано останал без родителии за него се грињел најстариот брат кој бил исто добар музичар. Во текот на школувањето одлично Научил да свири клавир, оргула, виолина и стапил во служба на Вајмарскиот кнез како оргулист и виолинист. Тука настанале неговите први дела од претежно духовна содржина. Од 1723-па се до крајот на животот работи како кантар (учител на хор, оргулист и диргент) во црквата св. Тома во Лајцих. За разлика од Хендел тој не ја напуштил Германија, неговите патувања се сведувале нз градовите во Германија. Неговата афирмација како композитор доаѓа дури во 1829 год. кога била изведена неговата прва пасија По Матеј кој ја изведел Феликс Менделсен. Неколку пати бил повикуван во дворот на Фидрих Велики познат како лубител на музиката. Во една прилика тој му на Бах му дал една тема од која подоцна Бах отсвирел фуга. Бидејки таа тема му се допаднала на владетлот Бах на истата тема напишал неколку композиции и ги нарекол музичка жртва посветени на Фридрих. Поради напорната работа при крајот на животот го загубил видот. Своите дела понатаму ги пишувал диктирајќи на своите синови кој исто така биле добри музичари. Кога умрел бил погребан во кругот на фамилијата и најблиските пријатели . Од неговите синови најпознати музичари и композитори се: Карл Фили, Јохан Кристијан, Вилхен Фридрих Бах. Иако творештвото во целост не сочувано сепак остатокот е огромен. Целокупниот опус го сочинуваат разни инструментаални композиции за клавир, оргули и чембало, за оркестар, за камерни состави и вокално инструментални дела, кантати, пасии, миси, ораториуми и др дела. Највисок домен во инструменталната полифона музика се Фугите чија форма ја разработил до совршенство а денес е ненадмината оваа полифона творба е заснована на имитација а особено се значајни двете збирки добро темпиран клавир, и уметност на фугата. Збрката добро темпиран клавир се состои од два дела во кој се наоѓаат по 24 прелудиуми и фуги во сите тоналитети а настанала по повод воедувањето на темпираниот систем за инструментите со клавијатура Од клавирските дела значајни се уште такаките, фантазиите и инвенциите. За оргула Корели, прелудиуми, фантазии, сонати концерти и др. Мегу камерните дела се истакнуваат сонати за виолина, флејта , виолончело а од оркестарските композиции значајни се суитите Француска и Англиска и 4 суити концерто грасо, концерти за виолина чембало и кламбчеен. Посебно се популарни неговите Брандербушки концерти пишувани во стилот на концерто гросо или само за оркестар, вкупно се 6 и биле пишувани по нарачки на грофот од Вандербург. Од вокално инструменталните дела посебно место и припаѓа на кантатата има духовни и световни кантати. Од духовните посебно се популарни цврста тврдина е мојот бог, божикен ораториум , а од световните Селска кантата и кантата за кафето , Пасија по Иван и Пасија по Матеј. Мисата во X –moll е негово грациозно дело во кој се пробиени рамките на црковната музика како по содржина така и по бројот на ставовите. Од духовните композиции исто се истакнуваат и мотетите. Баховите дела се полифони и многу сложени дури на прв поглед недостапни, но задлобочувајќи се во нив можеме да ја согледаме нивната богата содржајност, големина и силина на овој голем композитор.

    Ивица Постоловски

          на почеток=

     
     

     

    ИНТЕРВЈУ СО ГИРАЗОВ СЛАВЕ

     

    Музиката - може да се рече дека е главно занимање на многу луѓе во светот. Еден таков човек, којшто може да се каже дека е најуспешен во светот на музиката во Свети Николе па и пошироко во Македонија, е Гиразов Славе наставник по музичко образование  во О.У.Гоце Делчев - Свети Николе.

    Тој е роден на 20 Октомври 1942 во Свети Николе. Живее и работи во Свети Николе.

    На прашањето зошто се определил за музиката тој одговара:

    "Бидејки од детските години ја засакав музиката односно народната песна, фолклорот и сето тоа ме вовлече во светот на музиката".

    - Тој предава музика како наставник 40 години. Од кои 30 год.во гимназијата "Кочо Рацин" во Свети Николе, а 10 години во О.У. Гоце Делчев.

    - Свири на повеќе инструменти од кои воилината му е главен инструмент. Потоа свири на клавир, мандолина, мандола, синтисајзер, хармоника и на тапани.

    - Славе Гиразов вовлекол голем број на деца во светот на музиката и што е најважно ги научил како да ја засакаат. "Поголемиот број на ученици ги изучуваа тајните на музиката 4 години па и повеќе" - вели тој.

    - После заминувањето во пензија тој ќе продолжи со својата работа со вокалната група "Камелија" која на својот репертоар има исклучиво македонски народни песни. Ќе продолжи да свири на неговиот најомилен инструмент виолината. Исто така вели и дека ќе продолжи да свири во народниот оркестар при домот на културата во Свети Николе.

    - За крај тој вели: "Ги советувам децата да ја сакаат музиката бидејки музиката е една од гранките на уметност".

    Јовановска Надица

          на почеток=

     
     

     

     SVETI NIKOLE IN THE MUSIC BЕGINING

    Одамна на Свети Николе му требаше некој музички спектакал каде што сите млади од градот па и пошироко може да се соберат, забавуваат, дружат и запознаат со музичкиот свет. Спектаклот кој се случи на 1-ви и 2-ри Август 2004г. кој изобилуваше со добра музика, многу народ и добра забава, за овие настани повеќе ќе не запознаат организторите : Дарко Ѓорчев и Светиниколската рап група Засекогаш на Своето.

    1.Како дојдовте до идејата и што ве потикна на ова?

    - Идејата беше дојдена многу одамна бидејќи на градот одамна му недостига забава со многу луѓе и музика , како што тоа во другите градови се случува многу често. Бидејки имавме финансиски проблеми се обративме кај грдоначалникот Јордан Ѓорчев, му објаснивме за што се работи и тој целосно ја прифати нашата идеја, а нејзини цели беа: да се крене музичкиот степен во нашиот мал град , да има трдиционален музички почеток , да се случува нешто каде што ние младите на едно место ке можеме да се дружиме и забавуваме за нашиот голем празник "Илинден".

    2.Како се движеше организацијата?

    - Како што кажавме предходно , прво се обративме кај градоначалникот со скромни барања , но бидејки добро ја прифати нашата идеја реши целосно да влезе во неа. Исто така голема благодарност и до нашите спонзори: млин "Ивана", с."Кардифаково", "Коки Лукс" с.Горобинци, "Бонијар", "Жито Продукт" и пекара "Шиткарски" , поради големата заинтересираност за настанот и локалната самоуправа влезе како специјален спнзор.

    3.Каде, кога и што се одржа ?

    - Настанот именуван како Sveti nikole in the music begining се одржа на гратскиот плоштад "Илинден". Сево ова се одржа во 2 вечери на 1-ви и 2-ри Август. На 1-ви беше презентирано ХИП-ХОП,а на 2-ри РОК.

    4.Нешто повеке за настаните?

    - Како што кажавме на 1-ви се презентираше ХИП-ХОП т.е. еден вид на музика кој што е малку непознат во нашиот град па затоа се вложи повеќе труд да се поканат групи од други градови односно групи кој што се поискусни во таа насока на работа. Со самиот нивни настап, секоја поединечно група на свој начин си ја промовираше теоријата поврзана со ХИП-ХОП културата и елементите од кој се состои, односно изгради една таква.

    На 2-ри беше РОК со неговите настапи. Е сега конкретно за настаните , посетата беше доволно потенцијална за да нашата замислена идеја за започнување на за една ваква традиција се реализира односно наредната година да се организира еден исти па и подобар ваков концерт, а од друга страна народот кој што ке биде присутен веке ќе знае со каква цел се прави концертот и барем малку ке знае што се презентира и на 1-ви и на 2-ри Август.

    Од плакатот за овие концерти може да ги прочитате имињата на бендовите кој го исполнуваа терминот на Sveti nikole in the music begining.

    Инаку за повеке информации како за групата Засекогаш на своето така и за другите групи кој што настапуваа на 1-ви Август можете да погледнете на неодамна стартуваната веб страна www.arenata.com која е на една од подобрите продуцентски куки во Македонија.

     

    Зафирова Катерина

          на почеток=

     
     

     

    КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ

    Крсте Петков Мисирков е роден 1875г. во село Постол (Ениџе Вардарско). Образованието го започнал во родното село на грчки јазик.

    Големата желба за наука го одвела во Софија каде што го продолжил образованието. Потоа се школувал во Белград и Шабац. Во 1897г. се запишал на историско-филолошкиот факултет при Петроградскиот унивезитет, студирајќи во словено-рускиот оддел. Факултетот го завршил со одличен државен испит. По завршувањето на факултетот се вратил во татковината и работел како професор во Битолската гимназија.

    Во Битола поради политичките прилики неможел да остане подолго време и затоа се вратил во Русија, во Одеса. Потоа отишол во Бугарија каде работел во повеќе места до крајот на својот живот до 1926г.

    Во1903г. во Софија ја отпечатил книгата "За македонцките работи ". Веднаш по отпечатувањето книгата била запленета од бугарската власт заради изнесената содржина во неа која била спротивна на бугарските интереси кон Македонија и македонскиот јазик. Пронајден е примерок во софиската библиотека.

    Книгата "За македонцките работи" содржи пет делови. Последниот дел "неколку збора за македонцкиот литературен јазик". Во оваа статија како познат филолог на научна основа ги изнесол своите погледи поврзани за оформувањето на македонскиот литературен јазик. Најнапред Мисирков ги разобличува пропагандите во Македонија. Општо се вршела од страна на Србија, Бугарија и Грција за присвојување на македонскиот јазик, а потоа ја истакнал неопходната потреба од оформување на македонскиот литературен јазик.

    Кои се неговите погледи за оформување на македонскиот литературен јазик, ќе дознаеме од следниот извадок: "Историјата како на нашиот исто така и на другите јазици , ни покажува оти секој дијалект, поддијалект,гоор,подгоор, можит да се употребуат во литературни во произведејна. Таја привилегија на једен дијалект, поддијалект и пример да бидит орган на литературен реч-поучејнето на историјата на јазиците, се даат на ним не по некакви особини естетични преимушчества, а почасто практични причини т.е по стечејн ето на историско-културните прилики. Тије прилики денеска подигаат једно наречије на степен на литературен јазик, утре друго и пример. благодарејне на приликите сега ние се избираме за општ литературен јазик централно македонцко т.е. Велешко-Прилепцко-Битолцко-Охридско наречје".

    На крајот го дава и следниот заклучок : да се примени фонетскиот принцип (секој глас да има свој знак) и речничкиот материјал да биде од сите македонски наречја.

    Митрова Гордана и Надица Накова

          на почеток=

     
     

     

    МАРКО ЦЕПЕНКОВ

    Марко Цепенков е роден во 1829 година , според некои научници во Прилеп, а според други во Крушево. Се школувал во ќелијни училишта, а до петнаесетата година бил приврзан за својот татко од кого освен занает научил и многу нешта што подоцна нашле одраз во неговото запишувачко дело. Го познавал добро растителниот свет, бидејќи се занимавал со билкарство помеѓу селското население.

    Лично го запознал Димитрија Миладинов кој побудил кај него интересирање за народните умотворби. Шетајќи по разни села и градови, прво со својот татко Коста, кога преку некои обиди да се школува научил Грчки , а подоцна и сам имал можност да доаѓа во врска со многу луѓе, од кои со задоволство слушал народни приказни и песни. Особено го интересирала народната проза, така што по смртта, оставил 500 страници само печатен материјал.

    Во Прилеп отворил сопствен терезиски дуќан, а муштериите ги искористил да му пеат и раскажуваат приказни. Некои текстови му испратил на Кузман Шапкарев, кој ги внесол во својот “Зборник" . Некаде во 1888 г. се преселил во Софија каде што имал можност да види дека се уште постоело интересирање за народните умотворби, како континуитет од традицијата што ја започнале браќата Миладиновци . Во "Зборникот за народни умотворби” , "Наука и книжевност” објавил повеќе свои материјали . Му било препорачано да се врати во Прилеп, со цел да ја збогати својата збирка од фолкорни сочиненија. Марко Цепенков го прифатил предлогот,а потоа пристигнал во Софија, каде што во период од1899 г. до1900 г. публикувал голем дел од тие материјали.

    Загубувајќи го прво видот од едното око, а потоа настрадувајќи во една сообраќајка, и што било најлошо, доживувајќи неговиот син да се разболе душевно, притоа живеејќи заборавен и во беда Марко Цепенков доживувал извесни кризи . Но иако во таква состојба тој напишал и неколку оригинални текстови до крајот на својот живот не се одделувал од своите приказни. Забележана е и неговата активност кога напишал и неколку оригинални текстови, еден мал број песни и драмата "Црне војвода ". Не доживувајќи да ги види објавени сите материјали, речиси заборавен од светот, умрел во Софија во 1920 година, на 91 годишна возраст.

    Вавилонци

           на почеток=

     
     

     

    ЕСКУРЗИИ

     

    ЧЕПЛЕС 2004

    Сте се запрашале ли некогаш каков одмор може Македонија да ви понуди?

    Одговорот на многумина сигурно е езеро, езеро и повторно езеро. А вие сакате нешто друго, нешто поинакво, езерото веќе не ви е интересно, секоја година истата шема. Па не мора да излезете од границите на државата за да доживеете поинакво искуство. Ако сакте да ви докажеме, придружете ни се на едена подолга прошетка низ Јакупица до нејзиниот врв, Солунска Глава, еден од највисоките врвови во Македонија со 2540 метри надморска височина.

    Тргнуваме од с.Богомила, кое се наоѓа во близина на Велес. Патот до селото е асфалтиран, а понатаму продолжува како секој планински пат, и следејќи го по еден час возење со камион ќе пристигнеме до Планинарскиот дом "Чеплес".

    Овде може да одмориме, да собереме сили за долгиот пат кој ни престои и потоа тргнуваме. Се пробиваме низ шума, а по патот, кој е обележан и нема потреба од страв дека ќе се изгубиме, може да пробаме и од планинските јагоди, капини и малини. Доколку сте почетник во планинарењето ќе ви биде потребен неполн час до местото наречено Бабина Рупа и ова за вас би било успех каде повторно следува одмор.

    Се освежуваме со ладна вода од природниот извор на кој има поставено спомен плоча на Митко Козарот, борец за слобода на македонскиот народ од тој крај на Македонија. Има разни лековити билки во големи количини, планински чај, ајдучка трева, кантарион, мајчина душица, но тоа ќе го оставиме за на враќање назад. Со нови сили тргнуваме во поголема акција, да го освоиме врвот. Вдишуваме длабоко бидејќи не чека трипати подолг пат и повторно почнуваме со искачувањето низ, за нијанса, пострмна и потесна патека. И овде сме во друштво со планинските јаготки. Ќе ја поминеме тесната патека и шумата, врвот веќе се гледа, но не е блиску и продолжуваме. Можеби силите ќе ви се намалат, ќе сакате да се вратете назад, но во никој случај да не се откажувате, затоа што секогаш задоволството следи на крај.

    По неколку кратки паузи и напорното одење конечно пристигнуваме на Солунска Глава, сме се искачиле на 2540 метри. Поглед наоколу...следува задоволството! Планините лежат една над друга, пејзажи за кои може да се сонува, недопрена природа од човечка рака. Секој кој успеал да дојде до овде е целосно исполнет и опоен од она што го гледа и следува прашањето - Зар е можно ние Македоците да не знаеме за убавините на нашата држава? Па, можно е.

    На врвот се наоѓа метеролошка станица и стражарница. Добиваме вода за освежување од војниците , сите не запишуваат дека сме се искачиле на врвот и ни даваат по еден печат како доказ за успешното освојување на врвот. Уживаме во природата некое време, се трудиме да го меморираме секој дел и потоа ни претстои истиот пат. Враќањето ни оди малку побрзо, пристигнуваме на Бабина Рупа, си береме од лековитите билки, назад низ шумата до Чеплес и овде ни завршува патувањето. Уморни сме, да, но побитен ни е фактот дека сме исполнети со голема сатисфакција и успех.

    Ова патување беше дел од активностите предвидени за членовите на Вавилон центрите од Свети Николе, Куманово, Радишани, Чашка и Велес, кои беа дел од летниот камп со мото "Природата наше најголемо богатство-да ја чуваме и негуваме" . Тие беа сместени во Планинарскиот дом "Чеплес", во четири смени по пет дена. Дружењето беше присутно, прошетките не беа задолжителни, но препорачливи. На летниот камп децата и младинците низ секојдневното дружење и забава имаа можност да земат учество на организираните работилници: Еколошка, Ликовна, Спортска .

    Сите не успеаја да се искачат на врвот Солунска Глава, но од планинскиот одмор понесоа ново искуство за паметење, нови познанства и желба да се вратат и наредната година.

    Доколку сакате да видете дел од сликите во кои е опфатено дружењето на децата и младинците , како и сите планински убавини кои ги посетија во текот на нивниот престој во планината , кликнете на следниот линк- ГАЛЕРИЈА-Чеплес-2004.

    Ромевска Јована

          на почеток=

     
     

     

     ЕСКУРЗИИ НА ВАВИЛОНЦИТЕ ОД СВЕТИ НИКОЛЕ

    08-Септември - Во посета на Радовиш, Смоларскиот водопад и манастирот Водоча

    Осми Септември , ден кој ветуваше многу возбудувања за децата, младинците и персоналот на Вавилон центарот Свети Николе. Се планира посета на нешто ново непознато кое не направи нестрпливи. Ни рекоа ке одиме во Радовиш и Струмица и на уште неколку места.. Патешествието започна од Свети Николе кон Радовиш. Првата пауза и првите возбудувања ни ги приреди храмот Света Тројца - Радовиш. Немавме досега видено вакво величенствено здание ,немаме досега ниту почуствувано ваква убавина па не постојат зборови со кои ке можеме да опишеме се што видовме како внатре во храмот така и надворешноста . Ни кажаа дека храмот е граден 6 години, дека е поклон на народот Македонски од г-н Ристо Гуштеров. Сјајот и бојата на златото ќе те заслепи и е потврда дека оваа убавина е правена со илјадници вредни раце и со многу љубов. Наспроти храмот Света Тројца се наоѓа Вавилон центарот Радовиш. Не пречекаа едукаторите кои не поканија да ги посетиме нивните простории. Поминавме еден час во Вавилон катчето каде искрено да кажеме ни беше многу убаво и дека откако не повикаа да продолжиме нам воопшто не ни се напушташе просторот. Дојдоа и неколку деца со кои заедно бевме на летниот камп Чеплес - 2004. Ни беше жал што нема со нас да заминат за Струмица се поздравивме и се договоривме дека наскоро мора да се сретнеме и повеќе да се дружиме.

    Продолживме за Струмица каде на ллоштадот не чекаа вработени и корисници од Вавилон центарот Струмица . Заедно продолживме за Смоларе. Од Струмица оддалечено 30 километри сместено во подножјето на планината Беласица селото Смоларе познато по Смоларскиот Водопад, Едукаторите од Вавилон центарот во Струмица ни соопштија дека ќе наидете на една ретка природна убавина, една од најпосетуваните природни атракции во Македонија во последно време.

    Смоларските водопади се наоѓаат во близина на Смолари, општина Ново Село, Струмичко. Смоларскиот Водопад е висок 35 метри и се наоѓа на реката Ломница, на надморска височина од 651 метри. Љубопитните кои успејаа да се симнат до самиот водопад ги почуствуваа како ладната вода така и мокрите алишта на себе . За оние кои планираат да ги посетат водопадите ги предупредуваме да внимаваат. Самиот водопад е оддалечен 1,2 километра од асфалтниот пат. Природата плени со својата невообичаена убавина и затоа Ви порачуваме на сите кои не сте биле појдете посетете ја оваа ретка убавина .

    Попатно пред влезот на Смоларе на самата раскрсница за селото застанавме и ја посетивме фармата за ноеви единствена во Македонија. Љубезниот домакин Ацо Амбасадорот не пушти внатре и ни објасни се што не интересира и е поврзано со овие птици. Го видовме инкубаторот каде се изведуваат ноевите како и малите изведени ноеви, видовме и во раце држевме јајце од ној за кое ни кажаа дека тежи помеѓу 1-2 килограми. Друштво на фармата за цело време ни правеа група на мисирки кои беа атракција за децата посетители.

    Следната дестинација беше манастирскиот комплекс Водоча. Најстарите остатоци говорат за постоење на една ранохристијанска базилика од V-VI век од која се зачувани темелни партии и дел од камена декоративна пластика. Во источниот дел на црквата постојат делови од олтарната апсида, проскомидијата и ѓакониконот, кои наведуваат на VI-VII век. Другите делови на Водочкиот комплекс цркви датираат од периодот на XII-XIII век. Манастирската црква посветена на светецот Леонтиј се наоѓа во селото Водоча, во близина на Струмица.

    Планинскиот амбиент ја засилува нејзината духовна убавина и воедно ја прави оваа црква различна во секоја сезона од годината. Тамошните жители ни ја раскажаа легендата за името на селото во кое се наоѓа црквата. Таа се поврзува со времето кога војската на македонскиот цар Самоил била поразена од византискиот император Василиј II, по што биле ослепени 14 000 војници од Самоиловиот ред. Поради ова "вади-очи", селото го добило името Водоча.

    Овој манастир се смета за Епископска резиденција во струмичкиот регион. Во XII век црквата добила свои конаци, при што добила димензија на голема крстообразна црква со декорирани фрески по ѕидните површини, а во XIV век била подигната припрата. Фреските и останатиот внатрешен декор се заштитени со закон и денес таа претставува гордост меѓу останатите културни споменици во Македонија. Посетата на Струмица заврши со кратка прошетка на градот.

    Им изразуваме голема благодарност до вработените и корисници од Вавилон центарот Струмица кои беа одлични водичи и со кои се дружевме и поминавме еден прекрасен ден со многу возбуда и забава.

          на почеток=

     

    11 Октомври 2004 година
    ВО ПОСЕТА НА КРАТОВО, КУКЛИЦА И МАНАСТИРОТ
    СВЕТИ ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ

    Патешествието ни започна со посета на Кратово каде нашиот домакин Злате Стаменов не пречека и ни беше љубезен домакин покажувајки ни го она што е најзначајно за Кратово и неговата околина.

    Кратово се наоѓа под Осоговските планини и е еден од поголемите центри во источниот дел на Македонија.

    Тој е град препознатлив по дискретната убавина на средновековните мостови и кули кои ги видовме и посетивме една од кулите која ја затековме во многу лоша состојба. За вакви споменици сметаме дека трба да се води многу поголема грижа.

    Своето име го добил по тоа што е изграден врз згаснат вулкански кратер, на чии страни, амфитеатрално, се поставени куќите со нивната привлечна градска архитектура.

    Природната околина, богата со руда, ја определила старата римска градска населба. Кратискара како рударско место кое пак, во времето на византиското царство, под името Коритон или Коритос, претставувала важен трговски центар. Убавината на рачно изработените предмети од злато, сребро и бакар, му овозможувало на населението на Кратово да ја развие трговијата со околните градови, но и со Дубровник.
    И за време на турските освојувања на овие простори, градот го привлекувал вниманието со својата развиена трговија со занаетчиски производи, кои биле познати и ценети дотаму што дубровничките трговци доаѓале со камили за да ги купат. Покрај кујунџиите, надалеку познати биле и казанџиите за кои се зборувало како за најдобри на целиот Балкан. Кратово е познато и како место каде се ковале пари.

    По Австро-Унгарската војна и Карпошовото востание, рудниците биле затворени и тоа се до почетокот на XIX век, кога е забележано нивно повторно обновување. Но, поради мошне лошите услови за живеење и работење, жителите започнале да го напуштаат градот.

    Денес, културниот идентитет на овој град, што плени со својата интимна атмосфера, го чинат црквите Свети Јован Крстител (реновирана 1836 година ), Свети Ѓорѓи Кратовски (1921 година).

    Околината на Кратово, освен со природни убавини и рудни богатства, изобилува и со еден специфичен тип на културно наследство, а тоа е карпестата уметност .Недалеку од Кратово на само неколку километри се наоѓа Куклица за која прв пат слушнав. Пешачевме доста долго и за жал воопшто не наидовме на никакви патокази. Куклица е една од неафирмираните природни реткости со кои изобилува нашата држава и всушност преставуваат локалитет со високи камења кои наликуваат на луѓе. Овде се наоѓаше една група студенти кои ни ја прераскажаа легендата за Куклица :

    Во едно далечно време еден млад човек бил вљубен во две девојки истовремено. Во ист ден на двете девојки им ветил венчавка. Одлуката да се венча со едната девојка предизвикала омраза кај другата девојка и таа во истиот момент ги проколнала сите присутни да се скаменат па макар и таа самата да остане скаменета и во истиот момент сите присутни се скамениле .

    После напорниот пат продолживме за Крива Паланка да го посетиме манастирот Свети Јоаким Осоговски кој се наоѓа во подножјето на Осоговските Планини. Ни рекоа дека се наоѓаме на висина од 825 метри надморска висина а самото место плени со својата духовна, архитектонска и уметничка естетика и вредност.

    Манастирскиот комплекс преставува и резиденција на Поглаварот на Македонската православна црква. Манастирот датира од XII век, во времето на византискиот император Манојло. Свештеникот Теодор од Овче Поле се спомнува како градител на првиот храм.. Манастирот бил наречен Сарандопор, и тоа по областа каде бил изграден, а чие име во превод значи Четириесет дола, и посветен на подвижникот пустиножител Свети Јоаким Осоговски, кој својот аскетски живот го минувал во една пештера што се наоѓала во негова близина, во месноста Бабин Дол.

    По подигнувањето, манастирот постојано привлекувал внимание, при што бил посетуван од важни историски личности. Меѓу нив се спомнуваат Стеван Дечански, турскиот султан Мехмед II, и други.

    Манастирот бил разрушен од земјотрес во 1585 година, а во XVII век, по основањето на градот Крива Паланка, тој станал важен религиозен, културен и просветен центар на монасите од различни краишта, но и на луѓето од овој регион.

    Новата црква се градела во периодот од 1847 до 1851 година и тоа со средства кои ги вложувале еснафите, трговците и другите луѓе од кривопаланечкиот крај, изградена од делкан камен кој бил носен од с. Ранковци, месност Камнеш. Влезот е на западната страна, а десно од него, во подножјето на западниот ѕид, се наоѓа гробот со моштите на светецот на кого е посветена црквата. Во внатрешноста на црквата се поставени шест камени столба, за секој кораб по два, а светлината влегува преку двата реда прозорци.

    Во 1884 година, започнало живописувањето на храмот од страна на Димитар Андонов Папрадишки, кој со мајсторски живопис го испишал храмот. Особено впечатлива е композицијата "Проповед на Св. Павле" во која тој ја насликал кривопаланечката народна носија, како и портретот на Св. Јоаким Осоговски кој е насликан над влезната порта. По оштетувањето од срушената карпа во 1909 година, црквата била обновена, а малата манастирска црква Света Богородица била обновена во XIV век. Низ времето честопати била реновирана, доградувана и поправана.

    Стариот слој на фрескоживопис се претпоставува дека потекнува од времето пред нејзиното обновување во XIV век. Во XIX век, од страна на Димитрие Андонов Папрадишки, е живописан нартексот, проскомидијата и конхата на апсидата. Дел од иконите од иконостасот исто така се негова изработка.

    Жалевме што за време на нашиот престој во манастирскиот комплекс врнеше за цело време и не можевме да уживаме целосно во оваа убавина. Со право луѓето велат дека овој манастир е еден од најубавиот манастирски комплекс во Македонија и затоа малку повеќе се задржавме на историјатот како се градел и развивал манастирот.

    Патот ни продолжи кон рибникот Ѓиновци кој се наоѓа во непосредна близина на селото Ранковци. Изненадени од она што видовме намерно го одолговлекувме времето за поаѓање дома. Мало вештачко езерце , риболовци кои уживаа во риболовот, ресторанче со уреден двор , малата зоолошка градина беше атракција за помалите кои се радуваа на срните, лебедите, зајачињата.

    И да сакавме немаше да можеме поубаво и по исполнето да си го поминеме големиот Македонски празник 11-ти Октомври.

     

    Од корисниците на Вавилон центарот во Свети Николе

          на почеток=

     
     

     

     5-та ФАРЕ акциона недела 2004

    Вавилон центарот од Свети Николе и Организацијата на жените на општина Свети Николе од 14 до 26 Октомври 2004 година зедоа учество во ФАРЕ акционата недела против расизмот во фудбалот. Со низа активности , како предавања нажтема "Со спорт против расизам и дискриминација", ликовен конкурс на тема "Да го обоиме светот во боите на фудбалот и мирот" Вавилон центарот ги спроведе проектните активности финансирани од ФАРЕ. За најдобар цртеж беше избран цртежот на ученикот Петар Лазаров од 6 одд.
    На
    24 Октомври 2004 година беше организиран турнир во мал фудбал каде учесници од повеќе националности од нашата општина со игра забава и дружење поминаа едн спортски ден. На присутните навивачи им беше поделен пропаганден материјал. На победничките тимови дипломи и пригодни подароци им врачи најуспешниот фудбалер од општината и легендата на Светиниколскиот фудбал г-н Гордан Здравков.

          на почеток=

     
     

     

    ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ 2004

    Во Свети Николе секоја година по ред се одржува ноќен турнир во мал фудбал. На овој турнир оваа година зедоа учество следниве екипи : Диор, Пуже, Мода, МИК, Леов Компани, Були, Мездра и др. Оваа година турнирот започна на 14 Јули, а заврши со финалето на 30 Јули 2004. Во финалниот натпревар се сретнаа екипите на Диор и Пуже , кој во редовниот дел заврши со резултат 0 : 0 , за потоа на пенали да победи екипата на Диор со 3 : 2 . Стрелци на пеналите за Диор беа : Стојковски Ѓоко, Саздовски Александар и Петровски Дејан. За екипата на ДИОР на турнирот играа : Радевски Горан, Петровски Дејан, Темелков Иле, Стојков Борче, Стојковски Ѓоко, Митев Бојан, Јанев Мирослав, Саздовски Александар и Миланова Билјана. Второто место го освои екипата на Пуже, а трето место ветераните Мода, кој претходно 3 пати ја имаат освојувано титулата. Инаку за најдобар голман беше прогласен Дацо од екипата на Мода. За најдобар стрелец беше прогласен играчот на Пуже Горан, а за најдобар играч Јанев Мирослав од екипата на Диор.

    Инаку за потсетување годинешниот освојувач на титулата екипата на Диор настапува на овој турнир од 1996 и има повеќе успеси и тоа :

  • 1997 година го освои првото место;

  • 1999 година го освои третото место .

  •  

    Мики Дончевски

          на почеток=

     
     

     

    BMW 530d

    Во овој број ќе ве запознаеме со баварскиот џентлмен на тракала во кој е спакуван 6 цилиндричен дизел со волумен од 3 литри.

    За агресивниот дизајн со доза на елеганција е виновен Крис Бенгл кој овој модел го направи пресвртница на дизајнот на баварските автомобили.

    Спортската предница заедно со моќните црти со благи лакови кои завршуваат со задниот дел подзакосен нагоре го прави овој автомобил посакуван како никој друг.

    Ентериерот е изработен од квалитетни материјали. Според опремата петката го добива надимакот мала лимузина со димензии: (4841- 1844- 1468) во милиметри и меѓу оскино растојаније од 2888 мм. I drajv фаровите го прават возењето побезбедно ноќе.

    Опремата е многу богата составена од i drajv фарови, електрични седишта, трикратен кожен управувач со серво засилувач кое се мести по висина и длабочина GPS, ABS, ESP, ABC, DTC, EBC, електронска клима и др.

    Под хаубата на BMV 530d бревтаат 218 кс при 4000 rpm и максимален вртежен момент од 500нм/1750rpm и со 6 степен автоматски менувач а постигнува брзина од 245kmh/h

    Ѓорѓи Митров
    Саше Спасов

          на почеток=

     
       

      БИОГРАФИЈАТА НА “СУПЕРМЕН“ - КРИСТОФЕР РИВ

    Кристофер Рив е роден на 25 Септември 1952 година во Њујорк. Кога имал четири години неговите родители - новинарката Барбара Џонсон и писателот односно професорот Френклин Рив се развеле. Неговата мајка се преселила со своите синови Кристофер и Бенџамин во Принстон, Њу Џерси и се омажила за банкар неколку години подоцна. По разводот, момците поминувале некое време во посети на својот татко, кој пишувал под името Ф. Д. Рив и е забележан како новелист, поет и изучувач на Руската литература. Додека биле со него, Кристофер и Бен биле изложени на стимулирачки интелектуална средина која вклучувала неделни вечери со пријателите на Ф. Д. Рив и тоа: Роберт Фрост, Роберт Пен Варен. Во меѓувреме очувот на Рив, Тристам Џонсон, плаќал за момците да посетуваат часови во ексклузивното приватно дневно училиште Принстон за академски предизвик.

    Рив ја пронаоѓа својата љубов кон глумата во своето рано детство кога тој и неговиот помлад брат ќе влезеле во картонски кутии и ќе се преправале дека тие се пиратски бродови. "За нас тие претставуваа пиратски бродови само затоа што ние велевме дека се тоа." До својата осма година Рив се има појавено во неколку школски драми, а се интересира и за музика и зема часови по пијано. "Додека растев," вели Рив," Никогаш не се запрашав кој сум јас или што правам. Уште од почетокот театарот претставуваше дом за мене. Тоа беше нешто што го правев најдобро. Никогаш не се посомневав дали припаѓам таму." Тие со кои што работел биле убедени исто така. Милтон Лајан, директорот на театарот МекКартер, кој го работел Јужен Пацифик со Рив, му рекол кога тој имал околу 14 години: "Крис, подобро одлучи што сакаш зашто тоа и ќе го добиеш."

    Во дневното училиште Принстон, Рив учествувал во многу активности вклучувајќи , а бил и претседател на драмскиот клуб. Тој вели дека многу го сакал театарот, но почнал да се чувствува виновен. Мислел дека не му посветува доволно време на училиштето па се зачленил речиси во сите училишни клубови. Играл во хокеарскиот тим, а бил и во училишниот оркестар. Дури пеел и во хорот. На шеснаесет години тој имал свој агент.

    По матурирањето тој го продолжил своето образование на колеџ, но и покрај тоа продолжил да работи како професионален актер, благодарение на својот агент кој му закажувал аудиции и состаноци помеѓу часовите. Како дел од неговите студии на универзитетот Корнел, тој помина време во Франција и Британија учејќи театар. Во Англија им помагал на тамошните актери да зборуваат со американски акцент. Потоа отишол во Париз да работи со Граѓанската Комедија . До матурирањето на колеџ тој глумел во многу познати театри. Неговите улоги ги вклучуваат Виктор во Приватни Животи, Ејнеас во Троилус и Кресида, Белиај во Месец во Земјата...

    Кога веќе стана тешко за неговиот очув да плаќа за образованието на Рив, тој ја прифати улогата на Бен Харпер во долгата телевизиска драматична серија Љубов на Животот. Додека Рив ги продолжи улогите во сапунските опери и часовите по глума, тој најде време да отиде на аудиција и доби улога во Градба на Гравитацијата, нова драма за Бродвеј во која игра и Кетрин Хепберн во 1976.

    Во 1976 година тој отиде во Лос Анџелес и доби мала улога во Сивата Дама Долу, авантуристички филм. Потоа се врати во Њујорк и беше во продукцијата на Мојот Живот. За време на таа продукција тој ја доби улогата во филмот Супермен во 1978 година. Тој го портретираше Супермен како некој што можете да го поканите дома на вечера, како некој што го знаете, некој што можете да го претставите на своите родители. Тој го направи Супермен вистински со тоа што го играше како херој со мозок и срце. Осумнаесет месеци по снимањето на филмот отиде во Англија и ја запозна Геа Екстон. Рив започна врска со неа и имаа две деца, Метју и Александра.
    По успехот на
    Супермен, Рив го направи филмот Некаде во Времето. Во 1980 година тој го помина летото во театарот во Вилијамстаун. Работеше на Супермен 2 и бродвејската продукција на Петти Јули. Рив се разведува со жена му и се среќава со Дана Морошини во Вилијамстаун каде таа настапувала во кабаре. За 4 месеци живееа заедно, а во 1992 се венчаат и имаат син.

    Рив се појавува во 17 филмови, неколку телевизиски серии и 150 претстави. Откако Џон Вејн го сретнал Рив во 1979 година на доделувањето на наградите од Академијата се свртел кон Кери Грант и рекол: "Ова е нашиот нов човек. Тој превзема од тука натаму." Но на место да се ограничи на херојски улоги кои му одеа од рака, тој почнал да игра и некои други и помали улоги со режисери како што се Сидни Ламет и Џејмс Ајвори. Тој им покажа почит работејки со нив во Бостонијанци и Постоењето на Денот. Рив од секогаш повеќе ја сакал сцената, па така се појавува и во Свадбата на Фигаро во Њујорк, Лето и Чад во Лос Анџелес и во Љубовни Писма во неколку други градови.

    Рив политички се определил за Демократската партија. Во 1987 му фрлаат солзавец и се соочува со опасност, кога чилеанскиот писател Ариел Дорфман го повикува да појде во Чиле и да ги води демонстрациите подржан од 77 артисти против владата на Пиноче. Рив исто така се грижел и за природата, децата, општеството и учествувал во многу невладини добротворни организации.

    Во Мај, 1995, за време на една трка со коњи, Рив доживеа несреќа. Рацете му беа повлечени од уздата на коњот и тој панда на глава прво, кршејки ги најгорните пршлени од грбот. Веднаш беше парализиран од вратот па надолу и не можеше да дише. Брзата медицинска интервенција и деликатната операција го спасија неговиот живот.

    По шест месеци Рив се врати дома од институтот за рехабилитација во Њу Џерси. По неговото пристигнување, Дана се обиде да го приспособи домот за неговите и специјалните потреби на неговата електрична количка. Тој стана толку зависен од другите и не можеше да ги извршува дури ни основните работи.

    Во 1998 година Рив решава дека не може повеќе да живее така. Четири часа физичка терапија на ден допринесоа Рив да може повторно да ги движи палецот, показалецот и зглобот. Користењето на човечки ембриони за истражување на клетките и клонирањето станала доста контраверзна тема во животот на Рив. Тој вели дека имал политички живот и креативен живот и тие му се подеднакво важни. Најстариот син на Рив, Метју Екстон Рив, влезе на универзитетот Браун во 1999 година, а во Мај 2002 година матурираше на уметност. Неговата ќерка, Александра, се запишува на универзитетот Јеил во Конетикат во 2001 година. Рив бил креативен цонсултант за Слобода: Историја на Обединетите Држави, минисерија во 16 дела на телевизија за слободата на Америка, која се прикажувала во почетокот на 2003 година. На 3 Мај 2002, американската влада отвори Центар за национална промоција за здравје и информирање на лица со парализа, познат како Центар за Парализа на Кристофер и Дана Рив кој работи на подобрување на квалитетот на живот на луѓето кои се парализирани поради различни причини.

    Се до крајот на својот живот Кристофер дава целосен придонес во борбата против парализата предизвикана од повреди на `рбетниот мозок од која боледуваат околу 250 000 Американци и се избори за целосно внимание на јавноста за проблемите на овие луѓе.

    Кристофер Рив почина во 52 година од својот живот на 11 Октомври 2004 година.

    Живееше и замина како херој и во нашите сеќавања ќе биде секогаш Супермен - надчовекот со големо срце кој се бореше за доброто на целото човештво.

    Катерина Петкова
    Американска гимназија
    "НОВА"

          на почеток=

     
     

     

    МОЕТО ХОБИ - СЛИКАРСТВО

    Почитувани читатели на електронскиот весник на Вавилон центарот најнапред да ви се претставам, јас сум Лазаров Петар ученик во ОУ "Кирил и Методиј" од Свети Николе и сум шесто одделение.

    Почнувајки од овој, а се надевам и во наредните броеви на електронскиот весник ќе ви презентирам дел од моите цртежи, односно моето моментално хоби најверојатно во иднина тоа ќе биде и моја професија.

    Мојата желба за цртање се појави уште на мала возраст. Можам да ви кажам дека во мојот град нема некои услови да го развијам мојот талент, но за тоа ми помага Вавилон центарот ,ми дава материјали со чија помош можам слободно да цртам.

    Досега имам направено три групни изложби спонзорирани од некои хуманитарни организации.

    За овој број се одлучив да ви ги претставам овие мои два цртежи работени во акварелна и туш техника.

    Во наредниот број ќе се обидам да ви претставам некој мој цртеж и да ја објаснам техниката во која е работен - нејзини предности и недостатоци според мене.

    Петар Лазаров

          на почеток=

     
       

     АКВАРИУМСКИ РИПКИ

    Акваристика е секако едно од најпопуларното и најмасовното хоби во светот. Посебен интерес се јавува кај младите. За да почетните акваристи сакаат нивниот аквариум подобро да функционира треба да ја имаат потребната опрема .

    Дел од опремата се : пумпа , грејач , филтри , термометар , мрежа за вадење на рибите , црево за воздушната пумпа , распрскувачи , неонка за осветлување на аквариумот и вакум гумици .

    За да аквариумот е украсен е потребно : позадина , камен , дрво и разни билки за во аквариум .

    СЕКОЈДНЕВНО рибите треба да се хранат , претпладне и попладне . Тие треба да се хранат со храна наменета за нив. Еднаш неделно стаклото треба да се чисти од алги . Еднаш месечно 1/3 од водата се менува . Еднаш годишно рибите се префрлаат во помошниот аквариум и подлогата добро се пере .

    Видовите на риби кои најчесто се сретнуваат кај нас се: циклиди - овие убави риби потекнубаат од пределите од Африка ; скалар - тој достигнува должина од 14 до 18 цм ; мраморен оскар меѓу многубројните циклиди тој е најпознат ; фронтоза е една од најценетите; Афричките циклиди , црн ловец тој потекнува од длабоките Танѓански езера ; риба сеќира - таа потекнува од Централна Америка ; симски борец - потекнува од плитките води на Тајланд и Малезија тој достигнува должина од 6 цм ; трифогастер - потекнува од водите на Тајланд и Малезија тој живее на температура од 25 °C ; плава неонка - таа спаѓа во основните аквариумски риби . Ксифо - тој е омилена живородна врста тој потекнува од Централна Амрика ; плати - тој е една од врстите на ксифо женките достигнуваат поголема должина од мажјаците .

    Нај распространета аквариумска врста е живородната гупа - потеклото е од Централна Америка , таа се храни со сите врсти храна наменета за аквариумски риби ; дискус - тој потекнува од Јужна Америка се храни со сите врсти на храна наменета за аквариумски риби ; карас потекнува од Кина ; мирољубива икрашица; Биколор Индокина агресивна икрашица ; риба Балон - има потекло од Авсралија агресивна икрашица се храни со полжави и риби .

    Почитувани во наредниот број ќе ве запознаам со некои побитни работи кои се важни за успешно одгледување на рипки во домашни -аквариумски услови.

    Ведран Миланов

          на почеток=

     
       

     БИСЕРИТЕ НА ОХРИД

    Како бисер плав во кој небото си го огледува својот лик свиено во градот на светлината и соништата Охрид во подножјето на Галичица се наога најубавото езеро во кое сета убавина се збрала Охридското Езеро. Се пени и жубори под тивкиот венец на нокта. Сјае и цути под стакленото звоно на денот. Се шетам преку денот, минувам низ чаршијата се загледувам во продавниците. Тоа е таа прочуена чаршија во која се шетат млади и стари. Тоа е онаа чаршија каде што некогаш била бојно поле. Тоа е тој град со кого некогаш владеел последниот Македонски цар Самуил. Тоа е тој град кој што низ векови ја краси нашата држава со својата убавина и со своето срце кое што привлекувало голем број на посетители. Охрид во минатото бил престолнина на цар Самуил. Познатиот цар кој што водел големи битки. Доказ за тоа е Самоиловата тврдина на која што се наоѓа над прекрасниот град. Кога ќе се искачиш таму имаш чувство дека се наоѓаш над градот на светулките. Но доколку се подзамислиш, замижиш и замолчиш ќе можеш да ги видиш во своите мисли сите битки коишто се воделе таму. Ќе можеш да ги слушнеш сите вресоци и гласови коишто се упатени кон слободата на народот и кон слободата на убавините на градот Охрид, и на неговиот бисер којшто го краси со најубави бои , бисерот на Охридското Езеро. Доволно е да го спомнеме само градот Охрид и на секое лице ќе видиме насмевка и задоволен лик. Доволно е да ги видиш сините води на Охриското Езеро како мирно се шират , а на сред кајче плови, и по него погледите влажни се взираат. Малку ли убавини крие езерото штом се мрежи и забрзан бран, блед бран коишто на сред езерото бие? Навечер стојам пред езерото и врз едно невидливо катче од езерото, како непозната трпка врз телото поминува бледо лесно разбранување. Водата сосема бавно се премрежи и пак се потона во камено смирување. Ден е. Убавина сред Охридското Езеро и над градот. Сонцето сјае и топло го грее секој агол. Се е наоколу осветлено. Навистина убавините се волшебно маѓепсни. Па има ли срце кое што е затворено и кое што не се радува на Охридското Езеро. Само еден збор - Охрид и пред нас ке се открие еден град, едно езеро што пленува и восхитува. Само еден збор Охрид и секој ке помисли тоа е рајот на земјата. Куќите и дрвјата на ридот се огледуваат во езерото.и планините наоколу како ѓердани се лелееја над водата и белите облаци над нив . Се беше светло и убаво,тоа беше еден сончев ден. Се претворив во мислите во птица, и летав по чистото небо и ја разгледував архитектурата на Охрид. Градот свиткан лежеше во прегратките на Охридското Езеро. Обрасната како птица бавно летав низ долгите и широки улици кои како реки течеа низ градот. Одекнуваше џагорот на децата кои се капеа во езерото . Над убавиот Охрид, под самиот врв на ридот , врз местото што има доминантна позиција над целиот крај од каде што се гледа како на дланка прекрасното езеро, Климент го изгради манастирот што го нарече "Св.Пантелејмон". Во него Климент ги собираше најспособните и најнапредните свештеници за да ја шират Македонската писменост и книжевност. Црквата "Св.Софија", манастирот "Св.Наум" се жариште на нашата култура и писменост. Од каде и да се свртиш се гледа на врвот на ридот , згрната со дрвја и зеленило Самоиловата тврдина. Одеднаш неосетливо се вратив во реалноста и видов дека владее езерска тишина.

    Охрид е градот на најстара архитектура и најинтересна. Не е ни чудо што тука се наоѓаат најубавите градби. Црквата Св.Софија е една од најубавите во цела Македонија. Со својата специфична градба таа постои уште од 14 век. Св.Софија цврсто стои и се отсликува од бистрото синило со својата како крв црвена боја. Тврдината на последниот цар Самоил се издигнала над градот и цврсто стои на своите темели како храброста на Самоил. На крајот на Охридското Езеро се наогаат двата манастира: Св.Наум и Св. Климент. Кога ке го пречекориш прагот на Св.Наум и кога ке се доближиш до гробот на Наум ке забележиш дека неговото срце сеуште бие. Тоа е целата сторија, магична сторија за магичниот град Охрид и за неговите магични убавини.

     


    Вавилонци

          на почеток=

     
     

     

    ЛИЧНИ ТВОРБИ НА НАШИ ВАВИЛОНЦИ

    Лажна надеж

    Зошто ме натера да мислам дека ти си мојот ангел чувар. Дека ти си тој кој ме сака, на кој му значам нешто. Мислев дека си тој на кој ке можам да се потпрам во секој момент. Верував во сите твои зборови кои многу ми значеа. Сите искажани зборови од твоите усни беа само една добра лага. Лага во која јас поверував, лага која успеа да допре до моето срце. Ти дозволив да се вселиш во него, но не за долго.

    Бев спремна за тебе да ги преминам сите патишта за да стигнам до тебе, за да бидеме среќни заедно. Бев подготвена да се жртвувам за да опстане нашата љубов. Бев спремна на се, бидејки бев сигурна дека и ти си спремен да го направиш истото за мене и мојата љубов. Мислев дека ти значи мојата среќа. Но не е така бидејки ти ме направи несреќна. Несреќна биејки твоите зборови беа лажни, сакаше да ми пружиш лажна љубов, а веке успеа да ми пружиш лажна надеж, но таа надеж исчезна од оној ден кога ја разоткри целата вистина . Вистината овој пат беше сурова кон мене. Вистина е дека нема капка вистина во зборовите кои ми ги кажа и дека се забавуваш со друга.

    Од тој миг јас го колнам денот кога те запознав, кога те засакав , кога започнав да верувам во твоите зборови. Сакам еден ден да ме сакаш како јас тебе, можеби тогаш ке сватиш зошто сега не сакам да те видам. Се прашувам дали и таа е дел од твојот лажен живот. Но секогаш е подобро да гледаме од позитивната страна, се надевам дека во тебе постојат искрени чувства кои те врзуваат со неа, се надевам дека неа не си ја облеал со лажни зборови како мене.

    Но сепак еден ден ако во твоето камено срце се разгори онаа искра на љубов која ќе можам да ја одржам само јас, слободно можеш да затропаш на мојата врата, бидејки вратата на моето срце секогаш ќе биде отворена за оние на кои им значам.

    Петровска Сања

    ------------------------------------------------------------------------------

     
     

       Каде и да сме ние сме Македонци


    По поразот на Македонците од страна на нашите соседи како што се Србија, Бугарија, Грција и Албанија, Македонија била окупирана и претрпела големи последици при што тоа придонело да голем број на наши Македонци да бидат протерани и принудени да одат во странство.

    Многу фамилии заедно со илјадници деца бегалци биле принудени да бараат спас во Источно-Европските и преку океанските земји. По завршувањето на Втората Светска војна иселувањето на народот од Македонија и понатаму продолжило, но со намален интензитет. Со зголемувањето на политичките проблеми, а со тоа и економските проблеми во Македонија, иселувањето било се помасовно бидејки со текот на времето се повеќе се намалувал економскиот статут на живеење во семејствата.

    По Втората светска војна најдинамични биле иселувањата на Македонците во Австралија. Тие масовно се доселувале во градските индустриски и рударски центри и во разни други земјоделски региони, а сето тоа било заради побрзо вработување и да му се овозможи најдоброто на своето семејство.

    Во Австралија, во државата Викторија живеат околу педесетина илјади доселеници од Македонија, од сите делови на Македонија, особено од краевите на Леринско, Костурско, Преспанско, Воденско, Битолско, Охридско и други места. Денес постојат многу иселенички друштва, организации и други асоцијации, а ги има повеќе од шестотини. Најмногу и најдобро организирани се друштвата бо Викторија и Нов Јужен Велс во Австралија. Сите тие друштва и организации се обединети во неколку сојузи, преку кои тие ја остваруваат заедничката национална платформа на дејствување. Преку тие друштва нашите иселеници можат да комуницираат меѓу себе и да дознаат нешто повеќе за државата и случувањата во неа, за нивните родни места кеде што се родиле и за роднините.

    Каде и да сме, во други Европски замји ние не треба да се срамиме од самите себе и треба да се прифатиме такви какви што сме. Ние сме Македонци и секогаш ќе бидеме тоа и никој не може да го промени тоа. Ние не треба да се срамиме од нашето потекло и нашето име туку кога некој ќе не запраша кои сме и што сме, ние треба со гордост и со крената глава без двоумење да одговориме дека сме МАКЕДОНЦИ.

    Панева Кристина

    ------------------------------------------------------------------------------

     
     

    Незаборавна љубов

    Се спушти мрак а јас сум сама во четири ѕида, седам покрај прозорецот, гледам во ѕвезденото небо, мислам на тебе и разговарам со моите верни другари хартијата и пенкалото, им кажувам за нашите среќни мигови. Ми останаа само спомените исполнети со среќа и тага. Спомени кои сакам да се сегашност, спомени за кои постојам. Секоја ноќ се подлабоко тонам во тага бидејки ти не си до мене , бидејќи ми требаат оние ноќи кога бевме среќни заедно. Те барам насекаде но попусто не можам да те пронајдам. Не сакам да се помирам со тоа дека сме разделени, дека си далеку од моите прегратки. Сега можам да те допрам само во моите соништа. Колку само мечтаам да те бакнам .
    Секоја вечер сонувам за нашата повторна средба, тој сон ќе се оствари еден ден, но тој ден е далеку незнам дали ќе го дочекам, бидејќи тонам се подлабоко и подлабоко во мрачните ноќи исполнети со тага, солзи и копнеж. Сеуште не се навикнав да живеам сама без тебе. Сега си со други можеби ме заборави. Заборави на нашата љубов. Љубов која јас никогаш нема да ја заборавам. Можеби и ти копнееш по мене, се прашуваш каде сум. Можеби и ти секоја вечер се молиш за мене како и јас за тебе и твојата среќа. Никогаш нема да те заборавам бидејќи ти си ми се.

    Сања Петровска

    ------------------------------------------------------------------------------

     
       Со спортот против расизмот и насилството на терените

    Зошто ? Зошто сето тоа насилство на овој свет ? Имаме толку убава и зелена природа. Зошто да ја уништуваме ? На нашите зелени убави спортски терени зошто насекаде да има само отпадоци ?

    Ако вака продолжи човештвото да оди во пропаст ние ќе ја загубиме нашата природа, нашата спортска духовност. Зарем оние кои имаат спортски дух, желба за да се релаксираат и да се дружат преку спортот треба да ги прашаме дали се роми или французи, дали се бели или црни? За сите овие мои прашања одговорите се кријат во нашите глави меѓу нашата совест и разум.

    Луѓето треба разумно да постапуваат ако сакаат да уживаат додека гледаат фудбал без разлика кој игра и за кого игра. Треба да се прашаме зошто Бекам и Зидан и уште многу други славни фудбалери, дали треба да го злоупотребуваат тоа што се добри и славни фудбалери и да кажуваат дали сакаат да играат со црни или со нивни бели противници. Луѓето треба да се борат против сите спортски неправди.

    Треба да се размислува со здрава совест и да се одлучи дали треба да играат само бели и црни или не, дали треба да играат со неправедни предрасуди или не. За сето ова има одговор : сите луѓе се исти и еднакви меѓу себе и затоа не треба да постои никаква поделба врз основа на нивната боја на кожата или пак потеклото , сите луѓе се исти и еднакви и само заедно можеме да го подобриме нашиот свет.

    Анета Колева 64 одд.

    * * *

    Како би било кога би можеле црнците и белците да не ги спремаат нивните жешки тупаници и своите жешки копачки кои ги удараат по нога. Па тоа боли.

    Дали би можеле да се соединат едни со други,да не се лутат помеѓу себе, а публиката би требало да биде друштвена и да гледа без мавање, без лутење и без гледање на тоа дали спортистите се Кинези, Руси, Англичани па дури и дали се Македонци. Тие се само обични спортисти.

    Бекам не треба да има ништо против Зидан , Англичанец - Французин се е исто. Тие само треба да се борат кој ќе ја внесе топката во белата мрежа на крајот на теренот и да постигне гол. Гол - е единствената борба на спортистите.

    Не мора тоа да е фудбалот, може да биде ракометот, кошаркати, одбојката и.т.н.

    Марија Петкова 64 одд.

    * * *

    Белците не треба да се делат од црнците или пак припадниците на различните религии, затоа што демек не сме исти - луѓе. Единствено што ни е различно е тоа што имаме различна боја на кожата и сме припадници на различна религија а во се друго сме исти и еднакви.

    Во секој спорт има бели, црни и жолти. Зошто порано се делеле белите и црните? Зошто нивните деца да не одат во исти училишта? Зошто порано црнците не смееле да се натпреваруваат со белците заедно? Со еден збор кажано порано луѓето биле многу глупави.

    Дали биле црни, жолти или бели ние треба сите меѓусебно да си помагаме. Апелирам : Како сега сите што сме еднакви така треба и да останеме. Не треба да го следиме примерот на ансилството какко на терените така и надвор од теренот.

    Нино Бошков 63 одд.

    ------------------------------------------------------------------------------

     
     

    ДАРЕЖЛИВАТА ЕСЕН

    Јаболки, круши, сливи, грозје,
    есента ни дари,
    и златната пченка
    ја собиравме во амбари.

    Вредните орачи
    по нивите ги прати,
    за до година
    со богат рот пак
    да им врати.

    ПАЃААТ ЛИСТЕНЦА

    Паѓаат, паѓаат листенца
    шират тажен лет.
    Нема кревка тревичка,
    нема убав цвет.

    Голи гранки виснале,
    нигде весел ѕвон.
    Тажно свири овчарче,
    гора тоне в сон.

    Дува ладно ветренце,
    облак матен сив.
    Едно мало врапченце
    тажно пее- џив,џив!

    ГРОЗЈЕ

    Грозје црно, грозје бело,
    шербет благо, многу зрело,
    јас те берам, јас те гледам,
    со тебеси уста сладам.

     

    ТАТКОВИНО МОЈА

    Татковино земјо наша,
    ти ми даваш сила,
    земјо родна Македонска,
    многу си ми мила.

    Кон слободно силно небо
    лета гулаб бел ,
    што е симбол на градот
    во светот цел.

    Ја љубам мојата земја
    сите нејззини полиња,гори,
    го сакам секој камен
    и сите свети зори .

    ЕСЕН

    Есента мила штом дојде
    времето на игра пројде,
    за задачи и прашања
    време ново дојде.

    Птиците ѓи нема
    ни во град ни во село,
    грвјата се голи
    но сепак се е весело.

    Песни и ѕвона
    се слушаат силно,
    со плодови сочни
    дарувано сме обилно.

     

         

    ДВЕ РУЖИ

    Во нашата соба
    две ружи расцветаа,
    како шарени пеперутки
    се разлетаа.

    Секое утро роса си пијат
    и шаренотолице го мијат.
    Знаете, нели, во нашата соба
    две ружи расцветаа!

    А денес за здравје и среќа
    во мамините раце полетаа.

     

    Стрихотворбичките ги напишаа Филип, Емко и Николче , а цртежот е на Марија

          на почеток=

     

    ВИЦОТЕКА

     
      ☺☺☺

    Во училиштето била покренета акција
    За собирање на непотребни работи.
    Учителката
    ; - ти што донесе, Елена?
    Елена
    ;- стари очила на баба.
    Учителката
    ; - И што ти рече баба ти?
    Елена
    ; - Дека не и требаат.
    Учителката
    ; - А ти Пере?
    Што ни донесе ти?
    Пере:
    - Апаратот за астма на дедо.
    Учителката
    ; - А што ти рече дедо ти?
    Пере
    ; - АААААРРРРРГГГГГХХХХХХХХ.......

    ☺☺☺

    - Замисли - и зборува мажот на жената читајќи весник ,
    - Секои 20 минути во сообраќајот  гине еден пешак !
    -
    Сиромав па како само успева да издржи толку пати

     ☺☺☺

    Синот ја прашува мајката:
    --Зошто моите заби се викаат млечни?
    -Затоа што пиеш многу млеко.
    --Значи
    , тато има пивски заби?!

    ☺☺☺

    --Како сте можеле да изградите ваква прекрасна вила , со толку ниски примања?
    -ПА...- одговара човекот, додека ловев риби минатото лето, уловив златна рипка. Тамам да ја извадам од јадицата, кога таа ја отвори устата и ми рече: Јас сум волшебна рипка и ќе ти изградам луксузна вила ако ме пуштиш. Тогаш ја пуштив рипката и така ја добив оваа вила.
    --И вие очекувате да ви поверувам?
    -Како ќе докажете една таква неверојатна приказна.

     

    ☺☺☺

    Оди Мујо на конкурс за работа. Пред него имало двајца кандидати.
    Му велат на првиот кандидат:
    --Број до десет.
    -Еден,два,два,еден,два.....
    Потоа вториот;
    -Еден,еден,еден,еден.......
    Мујо:
    -Еден,два,три,четири,пет,шест,седум,осум,
    девет,десет.
    -
    -А понатаму?
    -Џандар,дама,поп.

    ☺☺☺

    Хасо го гледа Мујо како се вози со мотор облечен во пижами.
    -
    -Мујо зашто ти си пижамите кога возиш мотор?
    Мујо му довикува.
    -За подобро да лежам во кривини.

    ☺☺☺

    Ја гледа жирафата зебрата како изнемоштена лежи под дрвото.
    -
    -Што ти е ?
    -Слоновите денес во школото вежбаа преминување преку улица.

    ☺☺☺

    --Колку часа дневно спиеш?-го прашал доктор пациентот.
    -Од два , до три, господине докторе.
    --Па, тоа е многу малку?!
    -Ама, ноќе спијам по десет часа!

    Вицовите ги подготвија:
    Ристевски Никола
    Ѓорѓиев Бобан
    Ѓорѓиевски Мартин

     

     
     

     

          на почеток=

     

     
      ПЕСНАРКА  
       
      Dragostea Din Tei :: O-Zone

    x5
    Ma-ia-hii
    Ma-ia-huu
    Ma-ia-hoo
    Ma-ia-haa
    Alo, Salut, sunt eu, un haiduc,
    Si te rog, iubirea mea, primeste fericirea.
    Alo, alo, sunt eu Picasso,
    Ti-am dat beep, si sunt voinic,
    Dar sa stii nu-ti cer nimic.

    Vrei sa pleci dar nu ma, nu ma iei,
    Nu ma, nu ma iei, nu ma, nu ma, nu ma iei.
    Chipul tau si dragostea din tei,
    Mi-amintesc de ochii tai.

    Vrei sa pleci dar nu ma, nu ma iei,
    Nu ma, nu ma iei, nu ma, nu ma, nu ma iei.
    Chipul tau si dragostea din tei,
    Mi-amintesc de ochii tai.

    Te sun, sa-ti spun, ce simt acum,
    Alo, iubirea mea, sunt eu, fericirea.
    Alo, alo, sunt iarasi eu, Picasso,
    Ti-am dat beep, si sunt voinic,
    Dar sa stii nu-ti cer nimic.

    Vrei sa pleci dar nu ma, nu ma iei,
    Nu ma, nu ma iei, nu ma, nu ma, nu ma iei.
    Chipul tau si dragostea din tei,
    Mi-amintesc de ochii tai.

    Vrei sa pleci dar nu ma, nu ma iei,
    Nu ma, nu ma iei, nu ma, nu ma, nu ma iei.
    Chipul tau si dragostea din tei,
    Mi-amintesc de ochii tai.

    x4
    Ma-ia-hii
    Ma-ia-huu
    Ma-ia-hoo
    Ma-ia-haa

    Vrei sa pleci dar nu ma, nu ma iei,
    Nu ma, nu ma iei, nu ma, nu ma, nu ma iei.
    Chipul tau si dragostea din tei,
    Mi-amintesc de ochii tai.

    Vrei sa pleci dar nu ma, nu ma iei,
    Nu ma, nu ma iei, nu ma, nu ma, nu ma iei.
    Chipul tau si dragostea din tei,
    Mi-amintesc de ochii tai.

    Obsession :: Aventura


    Son las 5 de la maana y yo no e dormido nada
    Pensando en tu bellesa y loco voy a parar
    el imsomnio es mi castigo
    Tu amor sera mi alivio
    Y Hasta que no seas mia no vivire en pas
    Y conosi tu novio pequeo y no hermoso
    Y se que no te quiere por su forma de hablar
    ademas tu no lo amas porque no da la talla
    no sabe complaserte como lo haria yo
    Pero tendrr paciensia porque no es competencia
    Por eso no hay motivos para yo respetarlo

    Noo, no es amor,
    lo que tu sientes se llama obsession,
    una illusion, en tu pensamiento,
    que te hace hacer cosas,
    asi funciona el corazon

    Bien vestido aya en mi lexus,
    pase por tu colegio,
    me informan que te fuiste,
    como loco te fui alcansar
    pero es que no te encontraba, y eso me preocupaba
    para calmar mi ancia yo te queria llamar,
    pero no tenia tu numero, y tu amiga ya me lo nego,
    ser bonito mucho me ayudo, y eso me trajo la solucion
    yo se que le gustava y le di una Mirada,
    con par de palabritas tu numero me dio,
    del cellular llamava, y tu no contestabas,
    luego te pusi un beeper y no avia connection, mi unica esperenza es que hoiga mis palabras
    (no puedo, tengo novio) no me enganches profavor

    NoOoOoO, no es amor,
    lo que tu sientes se llama obsession,
    una illusion, en tu pensamiento,
    que te hace hacer cosas,
    asi funciona el corazon

    Hice sita pa’l psyciatra a ver si me ayudaba
    pues ya no tengo amigos por solo hablar de ti
    Lo que quiero es hablarte,Para intentar besarte
    Sera possible que de una obsession yo pueda morir?
    Y quisas piensas que soy tonto, pribon y tambien loco
    Pero es que en el amor soy muy original

    No enamorro como otros
    Conquisto a mi modo
    Amar es mi talento te voy a enamorar
    Disculpa si te offendo pero es que soy honesto
    Con lujo de detalles escucha mi version
    Con crema de chocolate, juntarte y devorarte
    Llevarte a otro mundo en tu mente corazon
    Vente en una aventura,
    hagamos mil locuras,
    voy hacerte caricias que no se an inventao

    Let me find out
    No es amor, No es amor,
    Es una obsession
    No es amor, No es amor,
    Es una obsession
    No es amor, No es amor,
    Es una obsession
    No es amor, No es amor,
    Es una obsession
    No es amor, No es amor,
    Es una obsession

     
       
         

     

     
     

          на почеток=
     

     
     

    прва страна | профил| активности | инфо | галерија | контакт
    © 2003-2004 Организација на жени - Свети Николе.
    Сите права се задржани Webmaster А.Б.