македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
  Во овој број на нашиот електронски весник „ВАВИЛОН“ може да прочитате за:

-Борис Трајковски;

-Сликарство;

- Комбуха-втор дел;

-Алкохолот и дрогата;

-За Галилео Галилеј и Архимед;

-Фудбалски клуб Милан;

-Формула 1;

-Млади бунтовници;

-Лични творби на наши Вавилонци;

-Песнарка;

ДРУГИ БРОЕВИ НА ЕЛЕКТОНСКИОТ ВЕСНИК  "ВАВИЛОН"

 

 
 

 

ЗАГИНА НАШИОТ ДРАГ ПРЕТСЕДАТЕЛ
ГОЛЕМ ПРИЈАТЕЛ НА ДЕЦАТА И МЛАДИТЕ
 

БОРИС ТРАЈКОВСКИ

25 Јуни 1956 - 26 Февруари 2004

ФОТО СЕЌАВАЊЕ











Ве покануваме да ја посетите и разгледате со внимание големата галерија на слики од животот на нашиот драг  Борис Трајковски !!

КЛИКНЕТЕ ОВДЕ ЗА ВЛЕЗ ВО ГАЛЕРИЈАТА

      на почеток=

 

СЛИКАРСТВО

Здраво на сите читатели на електронскиот весник на ВАВИЛОН. Јас се викам Влатко Здравков и сум осмо одделение во О.У. "Кирил и Методиј " во Св.Николе и сум редовен член на Вавилон центарот каде што учествувам во сите активности.

Отсекогаш сум сакал да станам познат сликар и ја сакам уметноста,

едноставно е тоа што во уметноста можеш да ги искажеш твоите чувства со боите и со моливот.

Посериозно со уметноста почнав да се бавам на 10 години, а сега имам 14 години.

Во електронскиот весник на Вавилон центарот, кој мислам дека е многу добар сакам да покажам како со основни црти да започнете еден цртеж и да ви покажам еден мој цртеж како јас го нацртав.

Како прво секој цртеж се претставува со геометриска фигура како што го гледате или замислувате, а потоа со груби црти го обележуваме цртежот,но цртите да бидат лефтерни (светли).

Потоа кога е поставен цртежот повлекуваме една хоризонтала и по неа да ја ориентираме перспективата. Сите хоризонтални и коси прави треба да се сечат во една точка. Оној дел кој е најмал треба да го мериме или визираме колку пати се содржи во најголемиот дел. Вака треба да поставиме еден прецизен цртеж.

Кога сакаме да ставиме сенка на цртежот, тоа можеме да го направиме така што на потемниот дел ставаме подебела, потемна црта, а на посветлиот дел ставаме посветла црта.

На сликата Ви претставувам една од најстарите куќи во Св.Николе.
(доколку сакате да ја видете зголемена кликнете врз сликата)

Сликата е работена во две техники.

1. Како што напоменав сликата првин е нацртана со геометриски фигури, груби линии и со визирања.

2.Првин е цртана со молив а потоа со туш.

3.Тушот по боја е кафен. Откако го нацртав со молив зедов перце и туш и ги обележав линиите.

4.Сенките се правени со вкрстено сенчање така што секоја линија е на исто растојание.

5.Каде што имаше потемна сенка ставав подебела и потемна линија.

6.Кога завришив со перцето зедов четка и вода , и тогаш тушот го растворав во водата и секаде каде што имаше сенка поминував покрај сенките. Техниката туш и вода е позната како лавиран туш. На истиот начин го направив и небото, со лавиран туш.

7.И секако на крајот од десната страна на цртежот го ставив моето име и презиме и годината кога е цртана сликата.

Влатко Здравков

      на почеток=

КОМБУХА

Примери од практиката

Др.Максим (1928) наведува : "При користењето на свежи и добри култури доаѓа до позитивно делување: прочистување на крвните садови , отпорност на страв, раздразливост, главоболка, вртоглавица и слично, врз снижување на крвниот притисок. За кусо време се решава проблемот со запекот".

Бившиот директор на Дрогеријската академија во Брауншвајг Ханс Ирион пишува дека: "Користењето на чајниот квас предизвикува изразито оживување на целиот систем на жлезди во организмот и така го стимулира вкупниот метаболизам.Тој се препорачува како профилатик против костоболките, ревматизамот, фурункулозота, запекот, старечките проблеми, високиот притисок, артериосклерозата и нервозите.Чајниот квас се препорачува на спортистите,како и на луѓето кои се занимаваат со напорна психичка работа.Тој го стимулира метаболизмот и ги отстранува масните наслаги во телото.Преку овој пијалок во организмот доаѓаат микроорганизми кои ги раствараат кристалите од мокрачната киселина,холестеролот и друго, а потоа се елиминираат надвор. Да додадеме уште дека преку комбуха-течноста се отстрануваат и разни патогени бактерии од цревата".

Познатиот исцелител-парапсихолог Драган Пауч, во својата публикација "Комбуха-клуч на вечното здравје", од својата практика , наведува повеќе примери на успешно излекување на различни заболувања, како што се : оштетен црн дроб, зглобен ревматизам, мигрена, тромбофлебит, желудник, висок крвен притисок, циститис, депресија, бронхитис, микози на стопалата, бубуљици на кожата , регулирање на нередовна менструација, подобрен квалитет на косата, подобрување на сонот, подобрување варењето на храната, постигнување чувство на смиреност.

Во случаите од Нови Сад, Белград, Скопје, Подгорица се истакнува дека заболените од карциномот многу полесно ги поднесувале цитостатиците,станувале оптимисти , физички поактивни, а бојата на кожата добивала здрав изглед. Други примери зборуваат за благотворното делување при атрофијата на мускулите, мултиплекс склерозата, воспаление на бешиката и др.

Комбухата и ракот

Во 1966 година Нобеловата награда од областа на физиологијата и медицината ја добиле двајца американски професори од Чикаго за откривањето на вирусот-предизвикувач на ракот.Меѓутоа се покажало дека проблемот на карциномот е многу посложен,бидејки постојат многу видови и прижини за енормното разраснување на заболеното ткиво. Уште потешко е да се пронајде еден универзален лек кој би делувал на сите тие видови и предизвикувачи.

Официјалната медицина е многу успешна во денешното утврдување на дијагнозата.Во терапијата на карциномот се користат три можности:хирушки зафати,хемотерапија и зрачење.Меѓутоа човекот за своето здравје може да стори многу повеќе отколку да остане пасивеннабљудувач на напорите на лекарите.

Познато е дека пред настапувањето на некое хронично заболување му претходи нарушување на метаболизмот.Засегнатиот организам недоволно ги отсранува штетните и отровните материи.Така се создаваат поволни услови за развој на болеста.Старите народни лекари велеле дека "смртта лежи во цревата" , во таа смисла германскиот лекар др. Келер постигнува многу добри резултати, откако почнал на заболените од рак да им препорачува комбуха-течност и тоа на оние пациенти на кои класичната медицина не можела да им помогне.

Во чешкото списание "Лекарска пракса" бр.24/81 истиот доктор презентирал резултати до кои дошол во својата практика:

-туморот поретко метастазирал,
-се запрело слабеењето,
-некои пациенти добиле во тежина,
-намалена употребата на седативи,
-исчезнало надразнувањето за кашлање,
-пациентите не биле врзани за кревет,
-се подобрила нивната вкупна состојба и интерес за околината.

Истиот доктор во споменатото списание објавува статија под наслов "Глуколонската киселина е стимуланс за заболените од рак" во која пишува за терапевтската употреба на глукоронската киселина. Таа претставува еден од најважните продукти кој се добива во процесот на ферментацијата во комбуха-течноста. Со подолгото користење на глукоронската киселина се зголемува одбранбената способност на организмот при што најверојатно дошло до создавање на интерферон. Детоксокацијското делување на глукоронската киселина истовремено ја подобрува општата состојба и оксидацискиот метаболизам.

Д-р Келер потврдил дека штетните материи во човечкиот организам, под влијание на оваа киселина, го менуваат својот хемизам,се онеспособуваат и исфрлуваат надвор преку разните елиминациони отрови на телото, делувајки врз базниот метаболизам, а преку нив и на целиот човечки организам.

Најатрактивното и најпопуларното свидетелство за ефикасноста на комбухата во терапијата на карциномот се однесува на лекувањето на бившиот претседател на САД - Роналд Реган.Во 1983 година, за прв пат беше соопштението дека тој боледува од рак, кој метастазирал во цревата,бешиката и носот,од каде биле хирушки отстранети.Хемотерапијата и зрачењето не биле многу ефикасни , а метастазите се ширеле.

Неговите врвни лекари се присетиле на Солженицините описи на неговото лекување од рак во романот "Рак" и другите афтобиографски дела.Како што се знае нобеловецот Александар Солженицин, во логорите на Сталин заболел од рак на желудникот, па се прошириле метастазите на цревата ,потоа на белиот и на црниот дроб. Тој се спасил од сигурна смрт благодарение на упорното пиење на комбуха-пијалокот. Самиот Солженицин,лично им дал на лекарите,важни и полезни податоци како и одкаде да набават квалитетна комбуха. Лекарите,дирекно од Јапонија, и тоа од реномирани производители набавиле неколку примероци "јапонска чајна габа" и тогаш отпочнала комбуха терапијата. Реган пиел дури по еден литар дневно.

Со помошта успешно ја надминал болеста и овој пример оправдано буди големи надежи кај многу болни и здрави.

Во наредниот број на Електронскиот Вавилон весник ќе ве информираме за начинот за правилно одгледување на Комбухата.

      на почеток=

 
 


АЛКОХОЛОТ И ДРОГАТА

Како што знаеме ние живееме во XXI, век полн со омраза, убиства, војни, кражби и др. иако овој век треба да е совршен и техниката е многу усовршена за разлика од претходниот ХХ век.

Сепак некои работи неможат да се спречат да се искоренат. Алкохолот е прв стадиум за уништување на младиот организам. Тој потекнува уште од почетокот на човрштвото, за него се знаат многу работи. Во почетокот се продавал легално а подоцна го поседувале само некои, а денес е достапен насекаде.

Алкохолот за некои е почетокот на денот и крајот на ноќта, без малку присуство на алкохолот во неговото тело тој е избезумен не е способен за работа и за размислување. Денес во вечерните часови кога започнува излегувањето на младите можеме да забележиме многу малолетници како го уништуваат својот организам со алкохолот па дури и својот углед, како во друштвото така и пошироко. Ние можеме да забележиме како младите недоволно размислуваат за својот живо.

Друг стадиум после алкохолот е дрогата, ние за дрогата знаевме од телевизијата, списанијата, јавните гласила, а еве таа дојде и кај нас, сега како вирус се шири и ги претвора во зависници сите кои што, ќе се осмелат да ја пробаат. Најчесто младите се лажат и почнуваат да конзумираат наркотични средства од различни причини и не се свесни за опасностите од неа. Дури откако ќе станат зависници тие ја сваќаат својата пропаст и посакуваат назад, но штом тргнеш по тој пат нема враќање назад.

Најчесто младите изразуваат желба да влезат во светот на чудни бои, свет без грижи без никакви проблеми, со неколку грамови на дрога тогаш за нив се е прекрасно. Тие полетуваат на крилјата на смртта која од ден на ден се повеќе ги носи во своето така наречено царство се подалеку од своите сакани и блиски, а тие не бранејки се и се предаваат на нејзините правила и игри. Игра која нема правила , а резултатот најчесто е фатален односно завршува со смрт.

Александар Јованов
Св Николе
storm_S2000@yahoo.com

      на почеток=

 
 


ГАЛИЛЕО ГАЛИЛЕЈ

Галилео Галилеј е голем италијански физичар и астроном . Тој прв го применил експерименталниот метод во науката. Вршејќи експерименти тој објаснил многу појави од механиката и астрономијата. Галилеј го вовел поимот инерција, релативно движење, го проучувал слободното паѓање на телата, нишалото при мерењето на времето и прв направил телескоп со кој го набљудувал небото и ги открил сателитите на Јупитер, сончевите дамки, вртењето на сонцето околу оската. Исто така ја проучувал површината на месечината. Галилеј активно го подржувал хелиоцентричниот систем на Никола Коперник, поради кое црквата го осудила на заточение каде ги поминал последните десет години во животот.

 

АРХИМЕД

Архимед (212-287 год. пред нашата ера.). Живеел во градот Сиракуза на Сицилија. Бил еден од нај познатите математичари и физичари на своето време. Познати се неговите пронајдоци применувани за воени цели како што е катапултoт за исфрлање на тешки камења за воени цели.

Според некои легенди, со помош на огледало Архимед ѓи запалил непријателските бродови. Меѓутоа тој е најпознат со неговиот закон за притисокот. Овој закон го открил кога добил задача од кралот Херон да утврди дали круната што ја направил некој златар е од злато или има други метали. Оваа задача Архимед успешно ја решил дека круната покрај злато имало и други метали. Архимет исто така го открил и законот за лостот, со помош на кој со помала сила може да се подигне поголем товар.


Александар Пешевски

Кристијан Тутунков

      на почеток=

 
 


Европскиот и Светски шампион во фудбал

МИЛАН

Овој фудбалски клуб е создаден во 1899 година. Милан бил три пати шампион на Европа. А последен пат во 2003 година. Инаку овој клуб потекнува од Италија. Тој се наоѓа во градот Милано, а игра на стадионот Џузепе Меаца,Сан Сиро. Инаку предводник на овој клуб (во моментов) е селекторот Карло Анџелоти , а на теренот Паоло Малдини. Паоло Малдини е капитен на екипата. Тој е многу искусен со неговите 36 години. Тој исто така е и репрезентативец на Италија, а на дресот носи број 3. Последен пат кога беше шампион Милан по истекувањето на регуларното време играше 0:0 против Јувентус односно Старата Дама. и ја победи на пенали со резултат од 3:2 благодарение на искусниот Дида и изворедниот Шевченко. Инаку Шевченко е најдобар играч на Милан. Шевченко има играно за Милан во две финалиња. Едно од тие е последното во 2003 година (воедно стана и светски клубски шампион) кога тој решаваше на пенали и погоди, а Милан стана Европски шампион.

Во наредниот број нешто повеќе од светот на фудбалот или најважната споредна работа во животот.

 

Мики Дончевски

      на почеток=

 
 


ТИМОВИ И ВОЗАЧИ

Ферари:

Како најдобар тим во Ф1 се наоѓа на првите места последниве четири години исто како и во 1994-95 година благодарение на Михаел Шумахер , но и на неговиот тимски колега Рубенс Баричело. Михаел Шумахер ги носи титулите во 1994, 1995, 2000, 2001, 2002 и 2003. Тој е Германец, роден е на 3.01.1969 година и има 35 години. Шескратниот победник има и помлад брат -Ралф Шумахер кој вози во тимот на Вилиамс БМВ кој прв пат настапи во 1997 година на големата награда на Австралиа , а Михаел во 1991 година исто така на големата награда на Австралиа .

 

 

Вилиамс БМВ:

На патеките Вилиамсите за прв пат настапија во 1969 година. Сега во тимот се Ралф Шумахер и Хуан Пабло Монтоја од Колумбија кој за прв пат настапи во 2001 година на големата награда на Австралиа .

 

Мекларен Мерцедес:

Во тој тим возат Дејвид Култхард (1971) кој за прв пат настапи во 1994 на големата награда на Шпанија , и Кими Раиконен (17.10.1979) кој за прв пат настапил во 2001 на големата награда на Австралиа.

Рено:

Џанкарло Физикела (14.01.1980) за прв пат настапил на Г.Н. на Австралиа и Фернандо Алонсо (29.07.1981) кој за прв пат настапил во тимот на Минарди во 2001 на големата награда на Австралиа .

Спасов Саше

Митров Ѓорѓи

      на почеток=

 
 


 МЛАДИ БУНТОВНИЦИ

Серијата "Млади Бунтовници" е снимена во Аргентина во 2002 година. Во серијата сретнуваме четири личности кои ги толкуваат главните улоги на Мануел, Миа, Марица и Пабло.

Серијата има повеке од 170 епизоди. Освен во Аргентина оваа серија е популарна и во Америка, Европа и Азија, а минатата година доби награда за најпопуларна тинејџерска серија.

 

Миа
Лусиана Лорелеј Лупилато
нагалено Лули е родена на 18. 5. 1987 година во Буенос Аирес ја толкува улогата на Миа. Таа на телевизија дебатирала на 5 години а на 8 год се појавила во серијата " Дечиња" Освен со актерство се занимава и со манеќенство и фотомоделство. Лули има постар брат Дарио кој се занимава со актерство и сестра Даниела. Лули ги обожава животните. Омилени бои и се виолетова и сина, омилен предмет и е биологија, најмногу сака да сурфа, пее, танцува и глуми.

Мануел
Во улогата на Мануел се појавува Фелипе Коломбо Егија
нагалено Пипе. Тој е роден на 8. 1. 1983 година во Мексико. Голема мана понекогаш му е тоа што сака да се излежува во кревет. Пипе настапувал во серијата "Мојот дедо и јас" (1992) и во серијата "Дечиња"со Миа, Марица и Пабло. Тој најмногу сака да глуми, да игра фудбал, да слуша музика и да се дружи со пријателите.

Марица
Камила Бордонаба
е Марица. Таа е родена на 4.9.1984 година. Многу е дружељубива, љубезна и искрена. Нај интересни сцени и биле со Катрин Флуп како Соња Реј. Камила многу сака да биде со друштвото и семејството.

Пабло
Бенџамин Рохас-Бенџи
е роден на 16.4.1985 година во Аргентина. Тој има двајца браќа и една сестра. Омилени бои му се сината и белата, од спортот фудбалот и рагбито, а без чоколада не може да си го замисли животот. Омилено хоби му е актерството и собирањето фотографии. Тој исто така многу сака да патува.

Арсова Ангела IV4

      на почеток=

 
 


ЛИЧНИ ТВОРБИ НА НАШИ ВАВИЛОНЦИ
 

СРЕЌЕН ДЕТСКИ ЖИВОТ - СОН НА СЕКОЕ ДЕТЕ

Секое дете има право на среќен и безгрижен детски живот. Секое дете има сон на својот живот. Детето е невино, ранливо и зависно. Тоа исто така е и љубопитно, активно и полно со надеж. На секое дете времето треба да му биде исполнето со радост, мир, со игра и учење. Сите деца треба да ја изградат својата иднина со слога и соработка. Сонот на секое дете е да има мирен и среќен детски живот, да има дом, игра и оразование. Иако секое дете сака да има образование, дом,игра и среќен детски живот сепак многу деца ги немаат тие права како сите други деца. Многу деца низ целиот свет немаат дом и својот живот го поминуваат талкајќи по улиците, немаат среќен и мирен детски живот. Повеќе од 250 милиони деца од целиот свет кои што немаат свој дом работат. Од 140 милиони деца од целиот свет не посетуваат основно училиште, а највеќе се девојчиња. Приближно 250000 деца под 18 годишна возраст учествувале во вооружени конфликти, а повеке се момчиња што ги загрозуваат своите лични детски права. Со тоа сите такви деца го губат правото на граѓанин и ги губат своите права,ги губат можностите да си ги остварат своите соништа на своите животи.Сите деца од целиот свет треба да бидат еднакви без разлика на раса, вера, религија и дали се богати или сиромашни.

Христина Панева
8 одделение
ОУ.Гоце Делчев
Свети Николе

ТИВКА НЕЗАБОРАВНА НОЌ

Се сеќавам на онаа ноќ кога седевме заедно во сламата и ги гледавме ѕвездите кои силно светеа а, со нив и твоите кафеави очи. Во ѕвездениот прав го напишав твоето име. Се беше волшебно како во бајките. Бевме толку блиску еден до друг. Тогаш за прв пат сватив што всушност ми значиш. Нежно ме допре, а ѕвездите слатко ни се смешкаа. Посакував вечно да останеме силно прегрнати. Сакав времето да запре никогаш да не се разделиме. Се беше толку тивко само ветерот ја сечеше тишината во ноќта.

Дали и ти кога ќе погледнеш во ѕвездите , или можеби кога ќе ја осетиш прекрасната миризба на сламата помислуваш на мене, на нашите заеднички мигови. За мене тие мигови се незаборавни. Никогаш нема да го заборавам сјајот на твоите очи и твојата нежна насмевка.

Петровска Сања
УСО Кочо Рацин

ЦЕЛ СВЕТ БРАТСКИ МИ Е

Читајки го насловот мислев дека немам што да напишам. Но оддеднаш зборот "братски" ме потсети на мојот брат, за кој можам многу да кажам и да сторам. Така и мојата татковина ја сакам. Но не само неа туку и целиот свет, зошто таа е дел од тој свет. Посакувам низ целиот свет љубов да никне. да му се помогне на секој човек кој што е несреќен, беспомошен да ја најде надежда и љубовта. Во секоја земја да се плете љубовта. Насекаде низ светот треба да се посее добрината за да деновите ги минуваме во љубов. Иако светот е многу голем, но кога се сака блиска е и најдалечната рака. Таа рака не треба да ја издвојуваме. Може да биде црна, жолта, бела, нежнa и истоштена од работа. Но верувам дека и другите деца го посакуваат ова за светот. Но и покрај тоа ме мачи мислата: "Дали во мир живееме денес, или мирот сеуште го нема". Можат да се забележат тажни лица со скриени насмевки кои кратко трајат. Затоа мојата порака до секој во светот е: "Чувај ја својата душа од злото, која што можеш да ја изгубиш . Без неа не си човек, само леден камен. Живеј со љубовта, за да цветаш".

Христина Панева
8 одделение
ОУ.Гоце Делчев
Свети Николе

МОЈА СЛАТКА НАВИКА

Навикнав да те сакам, да мислам на тебе , да се молам за нас, да го шепотам твоето име. Те сакав, но од денес си ми само навика. По навика кога ја земав книгата помислив на тебе. Денес не чувствувам исто за тебе како некогаш. Сам направи да сватам дека не вреди да мислам на тебе. Не вредиш ниту за една моја солза. Ти верував, мислев дека си искрен кон мене се додека не се разбудив и сватив дека си како и секој друг кој не знае искрено да сака. Сигурна сум дека за само неколку дена ќе те заборавам. Но се плашам од мојата навика дека нема да престанам да мислам на нас. Но сепак сум свесна дека заврши тој сон и дека морам и сакам да те заборавам. Се плашам дека ќе ми бидеш слатка навика иако не заслужуваш.

Моја слатка навика

Петровска Сања
УСО Кочо Рацин

ХУМОР

Под бандера навечер Панде бара нешто. Доаѓа Перо и го прашува:
-Што бараш . Клучот.
--Помагај ако сакаш.
Барале 15мин. и Перо го прашал:
-Добро кај точно го загуби?
--Ене онаму.
-Па што не го бараш таму?
--Нема светло таму.

...

Влегува полицаец во продавница и бара крема за чевли број 42. Продавачот му рекол дека има крема за сите чевли. Полицаецот упорен сакал крема за чевли број 42.Се карале и потоа полицаецот си отишол.Утредента дошол командирот и продавачот му рекол дека има многу глупи полицајци. Остави ги ти нив-рекол командирот, туку дајми ти на мене игла за бел конец.

...

-Зошто Брус Вилис не глумел во Титаник?
-Затоа што ќе ги спасел сите.

...

Бегале двајца мртовци од гробишта. Таман да ја прерипнат оградата едниот му рекол на другиот:
-Ти оди а јас ќе се вратам да ја земам надгробната плоча за ако не фатат да имам индетификација.

...

--Докторе ме касна змија.
-Каде те касна?
--На нива.
-Не бре на кое место те касна?
--Под круша.
-Не те прашувам тоа, за што те касна?
--Така бе докторе за ништо.

Борче Сарафинов

КУЈНА
ТЕЛЕШКО СО ПИПЕРКИ

 

 
 

Подготовка:
800 гр. телешко месо се сече на тенки парчиња и се чука, се посолува и става во тенџере.

6 главици кромид се сечкаат и ставаат врз месото.

Посипуваме со 1 чаша вода , 1 чаша оцет и 3 лажици зејтин . Кога месото ќе омекне се ставаат 5 ситно сецкани и излупени домати и 6 лажици зејтин.Сето тоа пак се вари половина час. 12 пиперки се печат, се лупат и се пржат,па се посолуваат и редат врз месото.Врз пиперките се посолува 1 китка добро исецкан магданос и сето тоа се вари уште 10 минути на тивок оган.

 

Состојки:
800 гр. телешко месо,
1 лажица оцет,
6 главици кромид,
9 лажици зејтин,
1 чаша вода,
12 пиперки,
5 домати,
1 китка магданос и малку сол.

 

 


Весна Митрова
 

 
 

      на почеток=

ПЕСНАРКА
 

 
   
  АНГЕЛ СИ ТИ

Од утро до мрак во мисливе
на почетокот наш се сеќавам,
кога од сон ме разбуди
со погледот душа ми отвори.

Посакав в миг да те имам
и вечно крај мене да си ти
а кога љубов ми подари
на душа белег ми остави

Рефрен

Ангел си јас пеам за тебе
ангел си ти те чувам во себе
ангел си ти кој само за мене
може да запре и време.

Патот по кој сега чекорам
со рози е послан и нема крај
а кога јас силно ќе те прегрнам
сенките две како една се знај.

А, љубовта обична
ја смени во посебна
ти си мојот благослов
кому давам се во животот мој.

Рефрен

Ангел си јас пеам за тебе
ангел си ти ме чуваш во себе
ангел си ти кој само за мене
може да запре и време.

LIFE IS ...

I saw my ID it wasn’t myself
it was someone else’s identity
why do I need to prove myself
and who is the judge of my sanity.

Roaming through my old emotions
I find new feelings of misery
I bet my soul for a peace of truth
and dared my self to reality.

Chorus

Life is a book and you have to read it
Life is a story and you have to feel it
Life is a song and you have to sing it
You have to know how to live it!

Walking around
with thoughts on my mind
I’m searching place where I’ll be free
from all that is said
and from all that is done
It will be hard to find it inside of me.

I know that I’ve gotta try
no one can see me cry
I can’t stand it anymore
I must find a way to let my self go.

Chorus

Live is a book and you have to read it
Live is a story and you have to tell it
Live is a song and you have to sing it
You have to know how to live it!

That is true; you know it don’t you...

 

 
       
   
  INMORTAL

MARCO TU NUMERO

ESPERO, ME DUELE PENSARTE

YA VAN MIL VECES

TE ESCUCHO Y NO PUEDO HABLARTE.



OTRA NOCHE TRISTE

TE CUELGO Y ME PIERDO

OTRA NOCHE OSCURA

ME MUERO EN EL SUEÑO.



SI YO SUPIERA COMO HACER

PARA QUE ME MIRES UNA SOLA VEZ

SERÍA TU CHICO IDEAL

TE AMARÍA HASTA EL FINAL

SI YO SUPIERA COMO HACER

PARA QUE ME MIRES UNA SOLA VEZ

SERIA TU CHICO IDEAL

ME SENTIRIA INMORTAL.


LLEGA LA NOCHE REPITO

EL LLAMADO EN SECRETO

"HOLA QUIEN HABLA"

TU VOS Y MI MIEDO DE NUEVO

DULCE NENA LINDA

TE CUELGO Y ME PIERDO

SOY EL MAS IDIOTA

ME QUEDO EN SILENCIO



SI YO SUPIERA COMO HACER

PARA QUE ME MIRES UNA SOLA VEZ

SERÍA TU CHICO IDEAL

TE AMARÍA HASTA EL FINAL

SI YO SUPIERA COMO HACER

PARA QUE ME MIRES UNA SOLA VEZ

SERIA TU CHICO IDEAL

ME SENTIRIA INMORTAL.

INMORTAL, INMORTAL, INMORTAL.

 

BONITA DE MAS

Salida de un sueño
vestida de sol
bailaba entre nubes
rodeada de luz.

Y todo giraba
a mi alrededor
su cara, su pelo
su cuerpo, su voz.

El mundo no existe
solo ella y yo
todo detenido
ruge el corazón.

Bonita, bonita
bonita de más
mi dulce chiquita
tan fácil de amar.

Bonita, bonita
bonita de más
frágil muñequita
bonita de más.

Besame chiquito
dame un besito ¡esa!.

Su cuerpo que baila
a mi alrededor
me mira, la miro
se enciende el amor.

Todo se detiene
entre ella y yo
solo está su cara
su boca, su voz.

Me enredo en su pelo
me lleno de sol
sus ojos me buscan
ruge el corazón.

Bonita, bonita
bonita de más
mi dulce chiquita
tan fácil de amar.

Bonita, bonita
bonita de más
frágil muñequita
bonita de más.

Bonito de más
dame un besito
bonito de más
kiss me baby.

Yo lo quiero cada día más
me gusta, me gusta
bonito de más.

Bonita, bonita
bonita de más
mi dulce chiquita
tan fácil de amar.

Bonita, bonita
bonita de más
frágil muñequita
bonita de más.

Repite estribillo.

 

 
 

      на почеток=
 

 
 

прва страна | профил| активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2004 Организација на жени - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster А.Б.