македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
  Во овој број на нашиот електронски весник „ВАВИЛОН“ може да прочитате за:

- Комбуха;

-Овчеполска котлина;

-Цигароманија;

-Здравје и хигиена;

-Хомер;

-ГОЛФ 5-та генерација;

-Лични творби на наши Вавилонци;

-Песнарка;

 
   

ДРУГИ  БРОЕВИ НА ЕЛЕКТОНСКИОТ ВЕСНИК  "ВАВИЛОН"

КОМБУХА - ИЗВОР НА ЗДРАВЈЕ

Скоро секој од нас ќе се согласи дека ние сосема малку се грижиме за нашето најголемо богатство-здравјето,се дотогаш додека не започнало да ни прави проблеми.Кога,сепак,ќе дојде до неговото нарушување,тогаш очекуваме медицината сама да ни ги реши здравствените проблеми.

Одговорноста за сопственото здравје,во иднина нека биде основна и секојдневна задача за нашата лична радост и доброто на блиските.За да се постигне тоа има има неограничено многу можности.

Овојпат ќе се обидеме да обрнеме посебно внимание на големите можности што но ги дава провереното,прастаро средство,со широк спектар на делување - јапонската чајна габа Комбуха.Опстојувајки низ вековите таа е дефинирана како клуч за вечно здравје кај 100 годишниците,лек за целото семејство,за здрави и за болни.

Нејзиното име покажува дека таа потекнува од далечниот истoк,имено во прастари времиња комбухата била привилегија само на царските дворови и се третирала како недопирлива тајна во Јапонија.Пред повеќе илјади години,јапонскиот цар го поканил на гости кинескиот колега.Кога завршило гостувањето љубезниот домаќин сакал на ценетиот гостин да му даде нешто многу вредно,како подарок за трајно сеќавање.Се разбира тоа била комбухата.Така и на кинескиот двор бил заведен истиот режим кон подарокот.Но како што бива во приказните,еден хуман кинески цар сакал да си го дарува својот сиромашен народ,па таинствената габа тргнала преку азискиот континент кон целиот свет,па дошла дури кај нас..

Комбухата не претставува еден единствен биолошки вид,тику симбиотска заедница од повеќе различни квасни и други видови микроорганизми.Видовиот и бројниот состав не е постојан,туку е подложен на промени во зависност од географските и климатските услови,односно од присуството на различните видови микроорганизми,кои можат да се придружат кон постоечката симбиоза.На тој начин постои веројатноста да дојде до квалитетна промена во негативна смисла.Слична промена може да се случи ако локалните услови повеќе одговараат за една група на микроорганизми кои ќе бидат исфорсирани,за сметка на другите.Нестручноста и невнимателното ракување можат да повлијаат врз влошувањето на внатрешниот однос помеѓу компонентите внатре во самата комбуха а покасно и на идните генерации.

Што содржи и како делува комбуха-течноста

Во правилно ферментираната течност има неколку пати поголемо количество витамин C отколку кај лимонот.Од B комплексот содржи B1,B2,B3,B6 и B12 по количество несомнено без конкуренција.За одбележување се и различнивидови ензими.Како многу значајно е да се истакне присуството на млечната - L киселина која во еден литар течност може да достигне и до 3 ml.Како круна на сето ова е содржината на околу 2-2,5 ml глокулонска киселина,а има и други полезни компоненти.Таа го носи епитетот на “главен чистач” на отровите кои се појавуваат во процесот на метаболизмот во човечкиот организам,како и штетните материи кои се внесуваат внатре од надворешната средина преку храната,воздухот,водата и други извори.Заробените отрови се отстрануваат неповратно преку жолчката и цревата ,како и преку бубрезите и урината во вид на глукороноиди.Во нормални услови глукоронската киселина ја лачи здравиот црн дроб,во доволни количества,проблемот настанува тогашкога нашиот организам ќе го оптовариме со зголемено количество отрови,од надворешната средина.Тогаш нашиот црн дроб не успева да произведе доволно количество од оваа киселина и така се создаваат поволни услови за појава на рак и други дегеренативни заболувања.

Антибиотската компонента во комбуха - течноста претставува една киселина со засилено антибиотско а делумно и антивирусно дејство.

Заболеното ткиво има нарушено кисело-базна рамнотежа со pH 7,56 Комбухата помага да се поправи оваа нерамнотежа.Храната богата со млечната киселина L, потоа физичката активност,гимнастиката,сауната,јога-вежбите и сл. овозможуваат отстранување на нечистотиите од организмот ,а истивремено и ослободување од оваа киселина ,што исто така допнинесува за намалувањето на киселоста.

Комбухата е проучувана и од аспект на биоелектрониката.Таа покажува исти биофотонски зрачења како и многу лековити билки или здрави човечки клетки.Со помош на биоелектронски тестови се утврдило дека препаратите од комбухата изразито ја подобруваат регулациската способност на човечкиот организам.

Комбухата можеме да ја прифатиме како шанса за регенерација и стабилизација на одбранбената способност,за одржување и обновување на нашето здравје.

Индикации

На далечниот исток со милениуми се користи како делотворно средство против замор,малаксаност,нервоза,за забавено стареење,против стеснување на крвните садови,запек,ревматизам и шеќерна болест.

Во Русија комбуха-течноста ја сметаат за делотворно лековито средство против сите болести а посебно против запекот “руски таинствен домашен лек”Во првата книга напишана за комбухата се зборува за успешното лекување на воспалени крајници,внатрешни болести,пред се на воспаленост на желудникот поради хипоцидност,воспаление на тенкото и дебелото црево,пролив предизвикан од загаденост на храната и водата,стеснување на крвните садови,висок крвен притисок,склероза и слично.

Литванците и припишувале чудесна способност за лекување на сите болести.

Др Дан Пон од Јапонија,врз основа на своите искуства со примена на комбуха-течноста на голем број пациенти,направил прилично долг список на болести кои се лекувани на овој начин.Списокот е проширен со помал број болести,потврдени од неколкумина познати лекари од монатото:

- го продолжува животниот век;
- спречува создавање на брчки;
- служи како превенција против карцином,го подобрува дишењето;
- отсранува артроза,позитивно делува кај зглобниот ревматизам;
- ги чисти крвните садови,поволно делува на регенерацијата на клеточните мембрани и кај срцевиот инфаркт;
- го подобрува вкусниот усет кај јадењата;
- отстранува пореметување кај црнит дроб;
- намалува телесна тежина;
- отстранува мачнина при возењето;
- помага при појасен херпес и сипаници;
- донесува олеснување при менопаузата;
- ги зајакнува мускулите на нозете;
- ја засилува потенцијата;
- лекува болести на рацете и нозете,грбот,сива мрена,несоница;
- ги зајакнува бубрезите;
- ги омекнува,раствара и чисти жолчните камења;
- запира прилив;
- лекува хемороиди;
- позитивно влијае врз растењето и квалитетот на косата;
- ја чисти крвта;
- лекува миом на кожата;
- отсранува холестерол од крвта;
- ја збогатува полезната микро флора во цревата;
- го зајакнува ослабнатиот имунитет;
- ја нормализира кисело-базната рамнотежа;
И со тоа списокот најверојатно не се завршува.

Во наредниот број ќе ве запознаеме со примери од практичната примена на комбуха-течноста , како и совети за правилно одгледување на Комбухата.

      на почеток=

 
 


ОВЧЕПОЛСКАТА КОТЛИНА

Овчеполската Котлина преставува посебна област во средишниот дел на Балканскиот Полуостров , или поточно во северозападниот дел на Република Македонија . Таа лежи во сливот на Светиниколска Река која е десна притока на реката Брегалница .

Овчеполската котлина има поволна географска положба и претставува крстосница на важни сообраќајни патишта со што е од големо значење.

Овчеполската Котлина зафаќа површина од 658 км2 и административно денес е поделена на две општини: Свети Николе и Лозово.Општината Свети Николе зафаќа површина од 480км2 и 32 населби. Општината има 18.487 жители со просечна густина на населението од 38,5 жители на км2.Општината Лозово пак зафаќа површина од 178 км2и 11 населби. Оваа општина има вкупно 2.904 жители ,со просечна густина на населението од 16,3 жители на км2.

Поради добрата геогравска положба, плодното земјиште и ред други работи, Овчеполската Котлина континуирано е населена од праисторијата па се до денес. Населението од овој регион главно се занимава со земјоделство и сточарство ,бидејки Овчеполската Котлина отсекогаш располагала со големи површини на плодно обработливо земјште и голем број на пасишта . Индустријата , неколку години на назад има доживеано мала стагнација, но сега индустријата во Овчеполската Котлина е во фаза на развој.

Во релјефот преовладуваат благи падини со стрмнини од околу 15%. Најниската надморска височина во регионот на Овче Поле се наоѓа кај реката Брегалница изнесува 140 м, а највисоката е врвот Ѓуриште и изнесува 856 м.

Овчеполската котлина претставува тектонска тонатина која започнала да се формира уште од Пермот, а својот дефинитен облик го добила за време на олигомиценските тектонски движења.Со ралативно големите висорамнини незаштитени од ниеден правец, подрачјето на општина Св.Николе се карактеризира со умерено континентална клима со влијание на изменета медитеранска клима по должината на реката Брегалница, односно по Овче Поле. При судирот на овие две климатски влијанија над оваа територија доаѓа до многу непогодна ситуација на двата климатски типа, што се гледа во многу топлите суви лета. Просечно годишно Овче Поле има 77 мразни дена и тоа нај изразени во јануари, декември и февруари, и се јавуваат 122 летни дена и 62 тропски дена.

Во наредниот број на електронскиот весник на Вавилон центарот ќе добиете повеќе информации за нашиот роден крај.

Дарко Јованчевски

      на почеток=

 
 


А, кај ми се цигарите?

Цигароманијата денес е многу распространета, таа е насекаде околу нас. Пушат старите, пушат родителите, пушат комшиите, па зошто не и јас?! Ќе пушиме и ние логично нели,ако тоа веќе е секојдневие,ако го прават тоа сите зошто е лошо?Ние практично растеме со цигарите доживувајки ги како нешто нормално,а подоцна ни ги забрануваат со изговор дека не треба да се пуши,дека е штетно за организмот,за здравјето, за мозокот... А баш ми стои цигарата во рака нели? Епа жалам,ама не ти стои воопшто!

Мислиш дека си фраер или главен ако пушиш? Па види вака:

Секој пушач нели е прво добро опремен со цигари, што попозната марка-поголем рејтинг, колку поскапи цигари-толку подобро ќе биде прифатен во друштвото пријатели-пушачи.Но само кај нив сите непушачи те избегнуваат,не си интересен. Потоа нормално од опрема му треба нешто да припали па така запалката да биде задолжително што поразлична и понесекојдневна,па така кога ќе ја покажеш да предизвикаш воодушевување од типот:Ваау, каков упаљач,од кај го купи? И тогаш задоволството е големо, бидејќи вие сте ја постигнале целта,но само мислите дека сте главни.

За вас не е важно што родителите не дозволуваат,јас сум пушач и наоѓам време и место за пушење,се кријам од нив па пушам кога тие не се дома , со ризик да предизвикам пожар,ако наиде некој постар,кај другар, на улица, во бањата, кога излегувам,а тогаш е најважно да се покажеш.

Кога ќе излезеш некаде, влегуваш во било кое кафуле, а таму за добредојде облаци од чад,па брзаш да најдеш столче,а кога ќе си обезбедиш добра позиција се знае цигарата во уста , околу тебе зачадено, дуваш чад околу тебе па никој не може да те види , очите ти се затвораат па сите се прашуваат каква боја ли ти беа, и веќе не е важно дали имаш шминка и онака не се гледа од чадот. А подоцна кога ќе си отидеш се чудиш зошто не те забележал никој! А освен тоа, замисли само што уште ти прави чадот,од само една испушена цигара,ти го уништува чувството за мирис,здивот ти труе на пепелара,кожата на лицето ти старее,со можност во младоста да ти се појават брчки,а акните се задолжителни.А ти продолжуваш, бидејќи веќе си се навлекол на цигари и стануваш зависник и се труеш. Бидејќи не си свесен дека пушењето е болест кој те труе.

И освен што те труе, од бели добиваш црни дробови налепени со катран, срцето ти чука побрзо, никотинот ти влијае на интелегенцијата,крвта ти се загадува,а освен тоа можноста да добиеш некое сериозно заболување е стопостотна, на пример на белите дробови кои се органи од витално значење.

А ова се само неколку од причините да не пушиш или ако се вбројуваш во оваа група крајно време е да пестанеш.А ако сакаш да ти се случуваат овие работи продолжи, па сега ти види кој ќе биде твојот избор:

ЗДРАВЈЕ или цигара!

Трајкова Горица

      на почеток=

 
 


ЗДРАВЈЕ И ХИГИЕНА

Сите знаеме дека здравјето претставува најголемо богатство за човекот кое треба да се негува и чува. Но, не треба да чекаме некој друг да го направи бидејќи ние сме сопственици на нашиот живот и нашето здравје. Освен тоа треба да размислиме и како да постапиме правилно. Дали со фрлање отпадоци насекаде како во реките кои лесно се загадуваат, дали со фрлање на отпадоци и создавање на големи депонии на кои местото не им прилега! Не!Со ова никогаш нема да го постигнеме она што го посакува секој човек- чиста и убава природа за сите нас, затоа што несовесноста на народот ќе предизвика отровни материи и микроорганизми кои ќе создадат разни заразни болести во светот, а тие ќе не заразат и уништат нас.

Затоа сите треба да сфатиме дека ја загадуваме околината, нарушуваме хигиената и дека не размислуваме за идните поколенија како ќе живеат и како ќе ги трпат последиците од нас.

Треба да сфатиме дека природата претставува наше гнездо во кое се одвиваат сите наши важни животни процеси, затоа не треба да ја уништуваме, бидејќи знаеме дека животот и здравјето со хигиена претставува најголемо богатство но, за разумниот човек.

Поради тоа овде се еколошките друштва кои неизмерно работат на тоа ,, Не загадувај ја околината , одржувај хигиена,, бидејќи тие знаат дека ако продолжи ваквото секојдневно загадување полека, полека, ќе изумре целиот жив свет. Затоа време е да се опаметиме.

Додева Моника

      на почеток=

 
 


Хомер

Хомер е првиот голем грчки поет од античко време со чие име е сврзана појавата како на грчката, така и на европската литература.

Неговите монументни епопеи,,Илијада,, и ,,Одисеја,, се поетско сведоштво за почетниот развој на Европската цивилизација, за нејзиниот поглед на свет, за нејзината материјална и духовна култура.Хомер е легендарен поет на древна Грција, кој се смета за автор на делото ,,Хомерови химни,, и на комичната поема ,,Маргит,, . Според античките биографии на Хомер, тој бил рапсод(певец),што постојано патувал.Биографски податоци за него речиси и не постојат.Не се знае каде е роден.Осум од единаесет градови во Грција воделе спор да докажат дека се негово родно место. Не се знае во кое време живеел, а се претпоставува дека е тоа времето од дванаесети до седми век пред нашата ера. Кога е создадена ,,Илијада,, , исто така, не се знае. Грчките поети од седмиот век пред н.е. знаеле за неа и ја споммнуваат во своите дела, од што може да се заклучи дека била создадена најдоцна до осмиот век пред н.е.

Спартанскиот законодавец Ликург, според една верзија, ги донесол песните на Хомер од Јапонија во Грција. Во почетокот песните ги пееле рапсодите на разни празници и поетски натпревари. Атинскиот тиранин Пејсистрат наредил да се соберат песните и да се воспостави содржинска врска меѓу нив. Поделбата на 24песни за ,,Илијада,, и исто толку за ,,Одисеја,, ја направил Александрискиот граматичар и критичар Аристарх, кој живеел во третиот век пред н.е.

Ангелина Мицевска

      на почеток=

 
 


ГОЛФ 5-та ГЕНЕРАЦИЈА

Пред неколку месеци на саемот во Франкфурт беше претставена петтата генерација на најпродваниот германски автомобил на сите времиња Голф. Во првите години на 70-тите за Фолксваген беа тешки времиња бидејки тие одвај продавале некој автомобил.Но во 74-та година кога беше претставена првата генерација Голф кој веднаш се здобил со љубители и обожаватели.За фабриката и работниците отсекогаш ќе им биде во спомен бидејки поставил легендарни бројки во продажбата.Но не многу подоцна се појавил и Голфот со ознака GTI кој бил најбрзиот сериски Голф. Потоа во 1983 година следеше втората генерација ,па третата во 1991 година и при крајот на 1998 се појави и четврата генерација на Голф.Последните 3 генерации дизајнерски беа тесно поврзани. Бидејки цело време го задржувале имиџот.Но и новиот Голф нема нешто револуционерно во дизајнот како Рено Меган.Тој ја користи платформата на Ауди А3 и Фв Туран.Исто така ги има и истите погонски единици. Надворешните димензии се: 4204x 1795x1483.Тој е сличен на првиот Пасат од 1973г. кој исто така како и голфот бил дизајниран од Џорџето Џуџаро. По неколку масеци ќе се објави и моноволуменската верзија а подоцна и варијант верзијата а можеби и кабрио изведбата. На почетокот ќе се вградуваат два бензински(од1,4 и 1,6 од75и115кс) и два дизел мотори(од1,9 и105и140кс).Тие во сериската опрема ќе имаат шест степен мануелен менувач, а автоматскиот со DSG опција ќе се вградува идната година за кој ќе треба да се доплати, но затоа ќе има повеќе сериска опрема со нова суспензија и мотори кои ги задволуваат Еуро4 нормите.Во идниот број ќе ви напишеме за друг автомобил.

МИТРОВ ЃОРЃИ

      на почеток=

 
 


ЛИЧНИ ТВОРБИ НА НАШИ ВАВИЛОНЦИ

 

 
 

ПАТНИК ВО ТЕМНИНАТА
 

Влатко е младо момче прекрасно и мило

но тажно да го гледаш како од болка се свило

Влатко има голема мака

неможе да биде со таа што ја сака.
 

Седи сам и размислува во себе

како ли да и каже "ТЕ САКАМ ТЕБЕ"

Влатко почна солзи да рони

во неговото срце има рана што го боли.
 

Се реши Влатко силен да биде

си мислеше болката в срце брзо ќе мине

но тагата никако не сака да го пуште

му недостига некој да го гушне.
 

Тогаш очај почна Влатко да го гуши

чувствуваше како неговото срце се крши

тој се загуби во длабок мрак

од насмевката на неговото лице немаше ниту траг.
 

Сега Влатко стана друг

со сите што го сакаа стана груб

сите се прашуваа што му е на Влатко

и сега можеа да го видат само на кратко.
 

Влатко почна да пуши и пие

а од тага почна од сите да се крие

утеха тој во алхохолот бара

дома со неговите се кара.
 

Каде и да оди алкохолот го води

по своите мрачни злоби

сето тоа му дојде ненадејно така

тој почна да мисли дека никој не го сака.
 

Наместо Влатко да се бори за љубовта своја

тој почна да вика
"ТАА НИКОГАШ НЕМА ДА БИДЕ МОЈА",

непознато чувство низ душа му минува

тагата однего не заминува.
 

Непознат жар во него гори

незнае тој што да стори

се што има е болка и тага

од неговата среќа нема ниту трага.
 

Во ноќите тој пие

а преку ден се крие.

Малку му беше тоа на Влатко

па сакаше да проба нешто на кратко.
 

Се што сакаше е само да проба

тој почна да користи дрога

влезе во некој друг шарен свет

а длабоко во себе венеше ко ,,ЦВЕТ,,
 

Неможеше ништо Влатко да стори

беше затворен во светот со разни бои

заробен на самиот раб

во неговото срце имеше само мрак.
 

Убавото ,,ЗЛО,,брзо пројде

болката повторно крај него дојде

бегаше од сите седеше сам

се додека не се појави
,,ВЕРОНИКА,,и му рече збор два.
 

Тогаш Влатко длабоко во себе реши да се смене

но што да прави Влатко сега никој не го цене

во ноќите тој непрестајно плаче

во неговото срце нешто го маче.
 

Во темнината бараше среќа но не ја најде

болката не го пушта а сонцето веќе зајде

си мисле Влатко неможе ништо да стори

единствено што можеше е да заборави на светот со разни бои.

 

АЛЕКСАНДАР ЈОВАНОВ
ученик во УСО”Кочо Рацин”
СВ.Николе

 

СЕТИ СЕ
 

Девојко кога сама си ти

намене ти помисли

сети се колку бевме среќни

а сега сме двајца осамени.
 

Две осамени души што талкаат в мракот

ја бараат светлината и зракот

се што некогаш имав повеќе го немам

чувствувам во градиве се стегам.
 

Живееме во чуден свет

а во нашите срца венеме ко цвет

заборави ја темнината

и тргни со мене по патот на светлината.

 

АЛЕКСАНДАР ЈОВАНОВ
ученик во УСО”Кочо Рацин”
СВ.Николе

 

ЉУБОВ
 

Еден пролетен ден,

кога зората рудеше,

кога сонцето милно со погледот ја будеше,

едно момченце ме погледна,

нешто чудно во мене се случи,

ме погоди во срцето, ме застрела со поглед

и сега, не ми се учи.
 

И дење, и ноќе

умот кај него ми е,

поради неговите убави очи,

срцето кај него ми спие.

Можеби најубав не е,

некому и смешно ќе му звучи,

но признавам дека мене

прва љубов ми се случи.

Но, сега веќе не го љубам

по него паметот не го губам,

во неговите прегратки беше рај,

но сега, на нашата љубов и ставам крај.

Љубовта за нас,

беше големо нешто

што и двајцата го доживеавме вешто.

 

Љубовта за нас беше мало зрнце,

што ја чувавме во нашите срца,

за нас, љубовта беше цвеќе, што свена

затоа што, љубовта наша ја снема.
 

Во срцето мое,

смеа и среќа сега цари,

ти благодарам, момченце,

љубов што ми дари.

АНГЕЛИНА МИЦЕВСКА
ученичка во УСО”Кочо Рацин”
СВ.Николе

 
 

Далечината не може да ме спречи да те сакам

Мислев кога ќе заминеш лесно ќе те заборавам, дека си како секој друг, но не било така дури сега сфаќам дека ми требаш повеќе од било кој. Доцна сфатив дека без тебе не можам да дишам. Ти ми беше како ѕвезда која ми го осветлуваше патот кон иднината. Но таа ѕвезда се изгуби во бескрајната далечина. Сега ми требаш најмногу од било кој друг. Кога во твоето срце гореше онаа љубовна искра јас во тебе гледав добар другар.

Но сега кога во мене се разгоре онаа искра исполнета со љубов тебе те нема. Ти си далеку од мене. Иако си далеко од мене не можам да престанам да мислам на тебе. Посакувам да си близу до мене, да можам да те гушнам, да те бакнам. Иако не знам каде си, ни со кого си те сакам. Од ден на ден се повеќе ми требаш

и ДАЛЕЧИНАТА НЕ МОЖЕ ДА МЕ СПРЕЧИ ДА ТЕ САКАМ.

ПЕТРОВСКА САЊА

Ученичка во УСО “Кочо Рацин” I - година

Од Св.Николе


ДРУГАРУВАЊЕ

Верувам дека постои начин за да сечие срце би ја осетило светлината на животот. Да сечие срце ја почувствува нежната, невидлива и исшарана обвивка од смеа и радост. Верувам и постои. Да, тоа е другарството. Таа нежна пеперутка која слетува на твоите гради и нуди чувство на исполнетост и среќа, разубавувајќи ѓи пријатните струења на воздухот, будејќи ја смеата на твоите заспани усни.

Колку другари, толку расцветани цвеќиња кои треба да се негуваат.

Другарот е тој кој е до тебе и тогаш кога мислиш дека нема никој.Со кого мрачните мигови на осаменост многу лесно се рушат.тој кој те опсипува со искрени мисли покажувајки ти го вистинскиот пат.И оној човек кој има огромно богатство во материјална вредност не е побогат од тебе доколку имаш таков другар,такво вистинско другарство за кое е потребно многу љубов и време за да се создаде таа невидлива врвка меѓу другарите.

Но не е потребно само да се стекне другарството.Треба да продолжи да се негува.Затоа почитувај го пријателот и никогаш не повредувај го. Прифати ги неговите добри и лоши особини бидејки никој не е совршен. И тогаш кога мислиш дека нешто е непростливо , простувај и пружи му толерантност на другарот.

Едноставно помини го остатокот на животот со радост и смеа.

ЗАТОА ДРУГАРУВАЈ !!!

 

Марија Петровска
VI-1 одделение
О.У.Гоце Делчев
Свети Николе

      на почеток=

 

ПЕСНАРКА
 

 
 

~Aisha

by Outlandish

 

All of ya'll radios out there

This song goes out to yo

Yeah, Aicha, for my sister, ya

[Verse1]

So sweet, so beautiful

Everyday like, queen on her throne

No, nobody knows how she feel

Aicha, Lady one day it'll be real

(Lets do it)

She moves, she moves like a breeze

I swear I can't get her out of my dreams

To have her shining right here by my side (shining like a star)

I'd sacrifice all them tears in my eyes

ohohohh

[Chorus]

Aicha Aicha - passing me by (there she go again)

Aicha Aicha - my my my (is it really real?)

Aicha Aicha - smile for me now (I don't know, I don't know)

Aicha Aicha - in my life (Yeah)

[Verse2]

Mmm, she holds her child to her heart

Makes her feel like she blessed from above

Falls asleep underneath her sweet tear

Lullaby fades away with his fear

ohh

 

[1/2Chorus]

Aicha Aicha - passing me by (there she go again)

Aicha Aicha - my my my (Like this, here we go)

[Bridge]

Needs somebody'lean on (lean on)

Someone body, mind & soul (body, mind & soul)

To take her hand, to take her world

Show her the time of her life, so true (true)

Throw the pain away for good

No more contemplating (boo) (No more contemplatin)

No more con.tem.pla.ting boohoho (aha)

[Verse3]

Lord knows the way she feel (I wonder)

Everyday in his name she begins

To have her shining here by my side

I'd sacrifice all them tears in my eyes

Ohh

Aicha Aicha - ecouté moi (Lets do this)

[Chorus]

Aicha Aicha - passing me by (there she go again)

Aicha Aicha - my my my

Aicha Aicha - smile for me now

Aicha Aicha - in my life (ohh)

Aicha Aicha - (there she go again)

Aicha Aicha - passing me by (one more time)

Aicha Aicha - (she don't know, she the light of my life, no she don't)

Aicha Aicha - (no she don't) (ohh)

 

 

 
 

      на почеток=
 

 
 

прва страна | профил| активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2004 Организација на жени - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster А.Б.