македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
Активности

Е-Весник


 

пребарувај
на интернет


кампања за бесплатни гинеколошки прегледи
јубилеј

 
 
U

©
 
 
 
Препорачајте!
Вашето име:

Вашата
е-маил адреса:


Е-маил на Ваш/а пријател/ка:

Вашите коментари:

Примете копија 

 

 



 

 

ВАВИЛОН ЦЕНТАРОТ - СВЕТИ НИКОЛЕ - како проектна активност на Организацијата на жени на Општина Свети Николе започна со работа во март 2001год. Од тогаш наваму Вавилон центарот преставува катче за забава, место за дружење и за стекнување нови знаења од животните вештини, компјутерите, англискиот јазик, новинарство и дебата.

Овде учиме како да се справиме со дрогата и со другите пороци. Заедно со Организацијата на жени учествувавме во неколку еколошки акции мегу кои:

- еколошката акција чистење на излетничкото место Гуриште;
- дел сме од акцијата Свети Николе најчист град во Македонија;
- со наши рачни ракотворби учествувавме во добротворната аукција на Еколошкото друштво "Изгрев" од Свети Николе чии собрани средства се наменија за реновирање на О.У "Кирил и Методиј";
- Организиравме еднодневен излет во излетничкото место Крушки и во Извидничкиот Дом на И.О."Гоце Делчев" од Свети Николе во селото Орел.

Детско младинскиот центар го посетуваат редовно во моментов околу 450 деца и младинци од градот. Ова им го овозможи Организацијата на жени Св.Николе.Организацијата активно работи од 1990 год. И преставува продолжение на поранешното женско организирање во општината.Основната мисија на организацијата е дејствување во правец на унапредување на положбата на жените, децата и младинците во сите сфери.Во својата програма има зацртано работа со деца и младинци преку разни форми.Организацијата на жени соработува со многу невладини организации и фондации од Република Македонија и пошироко.

ВАВИЛОН ЦЕНТАР СВЕТИ НИКОЛЕ

УЛ: ЦВЕТАН ДИМОВ 14

     на почеток=

Активности

- Разни активности на Вавилонците од Свети Николе
(кликни врз обележаниот текст за да прочиташ повеќе)


- Активности во Вавилон центарот

Работа со компјутери- во досегашните активности се спроведуваше обука на посетителите на центарот за основните поими и работа со компјутери во согласност со возраста на децата и младите. Во наредниот период се предвидува проширување на знаењата од областа на компјутерите , обука за користење на нови програми кои им се потребни на младите и децата ,кои можат да им послужат за натамошно работење.

Англиски јазик- проширување и усовршување на англискиот јазик , интерактивна работа со децата и младите , изнаоѓање на интересни теми и потреби кои можат да им посужат за тековни потреби, и сл

Психолошки работилници - работа со децата и младите на пооделни актуелни теми и прашања кои ги засегаат децата и младите , наоѓање начин за надминување на истите , зајакнување на самодовербата и самоконтролата и сл

Работилници за детски и човекови права- запознавање на децата и младите со нивните права , како да ги добијат и кој може да им помогне да се изборат за своите загарнтирани права.

Креативност- развивање на креативноста кај младите и децата, потикнување на нови идеи , изработка на предмети од разни работи и сл.

Новинарство- запознавање на младите за тоа што е новинарство , како се известува и пишуваат натписи , изработка на весник и сл.

Дебата - запознавање со основните правила за дебатирање , како да се насочува дебатата , дебата по разни актуелни прашања и сл

Работилници од здравствена едукација- разговори за дрогата, пушењето, алкохолот, половите болест и сидата , затоа како да се зачува здравјето , правилна исхрана и др.
       на почеток=

Електронски весник „ВАВИЛОН“

Децата и младинците кои го посетуваат Вавилон центарот во Свети Николе ги приготвија текстовите за првиот број на Е-Весникот „Вавилон“ . Текстовите од весникот може да ги прочитате на ако кликнете на следниот линк:

Е-Весник „Вавилон“

      на почеток=

 

 

електронски весник:
 



наши донатори:


 


наши донатори:








 



 

локални линкови:


 

 
 

медиумски покровители на камапањата



 


 


 


 


 

 
 




 

профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003 Организација на жени - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster