|
Студиско патување во Бугарија
Во периодот од 18 - 23.07 .2004
беше организиран петдневен студиски престој
во Бугарија за претставници на невладини организации од Македонија и
Босна и Херцеговина во рамките на
проектот "Размена на искуства за
граѓанското застапништво во Бугарија - успешни модели и практики”
дел од програмата на Институтот за
регионални и меѓународни истражувања ИРМИ од Софија, Бугарија .
На ова студиско патување учествуваше
Радмила Сандева - членка на Организацијата на жени на општина Свети
Николе како и Небојша Захариески од “Младинска алијанса” од Тетово, Гоце
Јаневски од “Пхурт” од Делчево , Петар Бошевски од Еко-мисија, Горан
Стојковски од Институт Евро-Балкан и Љиљана Шипаревиќ од Центарот за
граѓански иницијативи од Бања Лука.
Во текот на ова студиско патување низ Бугарија ние, беа посетени некои
поуспешни невладини органзиации од Софија, Пазарџик, Пловдив и Стара
Загора кои работат на лобирање и застапување и беа одржани средби со
водечки консултанти и стручни лица за граѓанско застапништво со цел да
се презентираат активностите и постигнатите резултати на овие
организации.
Во Софија се одржа средба со д-р Огњан Минчев,
директор на ИРМИ кој имаше излагање за
Демократските процеси и улогата на граѓанинот во демократијата, д-р
Мариета Цветкова од “Counterpart
International, д-р Антониј Г'лабов,
консултант на ИРМИ ,презентација од Љубомир Лазаров
од “Националниот демократски институт”;
претставничка на “Центар за независен живот",
организација на лица со посебни потреби.
Во Пазарџик се сретнавме со претставници на на
Регионален фонд Иницијативи и граѓанска активност" (ИГА),
во Пловдив- еколошката организација “Зелени Балкани"и
средба со Соња Таушанова од
фондацијата “Култура, уметност, деца".
Во Стара загордките
бањи иамвме средба со Анастасија Василева
од Граѓанското здружение “Алтернатива 55",
со Димо Димов
од хуманитарната фондација Самарјани и
Малина Славова од “Шанса и заштита".
Во Стара Загора го посетивме центарот
за деца без родителска грижа и жени жртви
на трговијата со луѓе и пчеларникот на Самарјани .
Оваа посета даде можност да се согладаат успешните практики за лобирање
и застпување на овие Невладини организации од Бугарија и примана на
нивното искуство во работата на Невладините органзиаци во Македонија.За
повеќе информации можете да ја посетите web страната на
- www.iris-bg.org
|
|
|