|
Студиска посета на Женски центар -
Ужице
Во рамките на
активностите во проектот Чекор по чекор до подобро здравје на жените
финансиран од Шведската фондација Квинна Тилл Квинна на 15
Октомври
беше реализирана студиска посета на
Женскиот центар во Ужице - Србија и
Црна Гора. Повод и цел на оваа посета беше да се запознаеме со работата
на овој центар, посебно со групата ЈЕФИМИЈА
која работи како советувалиште за жени
заболени и лекувани од рак на дојка. Инаку 15
октомври се прославува како меѓународен ден
за борба против ракот на дојката.
Претставничките од Организацијата на жени присуствува на работата со
група на жените кои се лекувани од рак на дојка. Женскиот центар од
Ужице работи подолго време и една од основните активности му е
постоењето и работата на советовалиштето Јефимија за жени лекувани од
рак на дојка. Центарот го посетуваат околу 50 жени кои се поделени во
неколку групи и работат на психо социјална помош со цел полесно
соочување со болеста и последиците од неа.
Од
добиените информации од координаторката на центарот Славица Симиќ
дознавме дека постои голем интерес за ваков вид на помош не само во
Ужице туку и во другите градови во Србија . Во изминатата година вакви
советувалишта постоеле и во други градови во Србија, но со оглед на
недостигот на финансиски средства тие сега не работат. Инаку центарот
нуди здравствена помош за заболените жени , психолошка помош како и
индивидуална психотерапија. Во овој центар започнато е да функционираат
и групи за самопопомош. Во овие групи жените кои се заболени и лекувани
од Рак на дојка самите меѓусебе си ги разменуваат своите искуства и им
помагаат на ново заболените и лекувани жени. Во центарот работат стручни
лица психолози, психотерапефт, лекари - хирурзи и онколози кои им
помагаат на жените.
Оваа
посета ни дава добра можност за размена на меѓусебните искуства и
примена на ваквата практика во Општината .
Инаку од почетокот на Октомври започнаа да се организираат работилници
за жените кои се заболени и лекувани од малигни заболувања на
репродуктивните органи и рак на
дојка во Свети Николе. Досега се одржани две средби на кои присуствуваат
од 10-12 жени. Целта на овие средби е да им се даде можност на овие жени
да си ги споделат сопствените проблеми и да си дадат меѓусебна подршка
во насока на побрзо надминување на проблемите и последиците од овие
болести.
Организација на
жените на Општина Свети Николе |
|