македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
 

Младински камп за волонтеризам и активизам

Од 09 до 14 Август оваа, 2004 година, во хотел "Климетица", Охрид, беше одржан младински камп во организација на Младински Иницијативи. Овој камп беше органзиран со цел да го афирмира волонтеризмот и активизмот меѓу младите преку неколку работилници и волонтерски акции. Учество зедоа младинци на возраст од 17 до 20 години од различни градови од Македонија, односно од НВО-ии од тие градови со кои соработува Младински Иницијативи: Струмица, Кочани, Крива Паланка, Куманово, Свети Николе, Велес, Кавадарци, Скопје, Прилеп, Дебар и Тетово.Од Свети Николе беше претставничката на Организација на жените на општина Свети Николе-Ромевска Јована.  Работилниците започнаа со успешни игри за запознавање на учесниците, продолжија со разработка на терминот заедница за да на крај се дојде до заклучок дека за да функционира речиси се како што треба во една заедница неопходен е волонтеризмот. Повеќепати беше утврдено дека волонтерската работа не е губење време, туку е стекнување на незаменливо искуство, запознавање нови луѓе и стекнување на пријателства, покажување на хуманоста на една личност, помагање на оние на кои им е потребна помош и слично. Последните два дена се работеше на волонтерската акција, која самите ја избраа и спроведоа и со која на дел од луѓето пред кои се изведуваше успеа да им ја потикне свеста за волонтеризам и како што бараше самата акција, да ја подигне еко-свеста. Заедно отидоа до плажата и се обидоа да исчистат еден дел од неа. Прашањето дали успеаја да го исчистат тој дел од плажата од сите одпушоци кои со години се собираат таму и колку се очигледни резултатите не е вистинското прашање за оваа акција. Она што е важно е дека самиот потег предзвика позитивна реакција кај луѓето, некои од нив се вклучија, а нормално имаше и коментари како на пример: "Луѓе во каков филм сте влезени?". Но, нормално, тие не обрнуваа внимание на овие ниски коментари и продолжија со работа, а за возврат од пољубезните добија неколку сокови како благоданост што некој се обидува да придонесе туристите поубаво и почисто да се чувствуваат. Како втора акција беше организирање забава во хотелот, каде се плаќаше влезница, а со тие пари ќе бидат пренесени на ЦД сите активности кои се случуваа во текот на кампот и пратени до учесниците. Фасцилатори на работилниците беа Билјана Пејовска, Лидија Ѓокиќ и Снежана Јаневска.

 

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2004 Организација на жени - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster А.Б.