Зајакнати капацитети – подобро
општество
Организација на жените на општина Свети Николе од 10
март 2009 година започна со реализирање на активности од проектот
“Зајакнати капацитети – подобро општество” кој финансиски е поддржан од
Регионалниот центар за здрава животна средина за Централна и Југоисточна
Европа.
Целта на проектот е зголемување на знаењата на
членовите на Организација на жените на општина Свети Николе од областа
на Заштита на животна средина и здравство (сексуално и репродуктивно
здравје) преку дводневни обуки и пренесување на општата популација во
општина Свети Николе.
Во рамките на проектот се предвидени четири обуки:
Обука
за здрава животна средина
Обука
за урбано планирање и искористување на земјиштето
Обука
за сексуално здравје
Обука
за репродуктивно здравје
На 24 и 25 Април 2009 година во хотел “Овче Поле” –
Свети Николе се одржа првата дводневна обука за здрава животна средина.
На неа присуствуваа 23 членови на Организација на жените на општина
Свети Николе.
Членовите на обуката се стекнаа со знаења за
моменталната состојба со отпадот во општина Свети Николе,
Македонија и пошироко; селектирање, рециклирање и депонирање на
отпад; пристап во решавање на проблемите со
отпадот; влијание на отпадот врз животната средина и врз здравјето на
луѓето.
Обуката беше спроведена од страна на експерт , а
членовите добија печатен материјал и сертификат за учество на истата.
Фросина Мишева
Организација на жените на Општина Свети Николе