македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
 

Јас сум волонтер – биди и ти

Во месец Март и Април 2009 година 150 – те волонтери од основните и средното училиште од општина Свети Николе продолжија со пружање помош двапати неделно на корисниците на волонтерски услуги со цел полесно совладување на наставните содржини кои тие ги изучуваат, а менторите континуирано ја следат нивната работа.

Менторите имаа редовни средби со волонтерите со цел да се согледаат потешкотиите и препреките со кои се соочуваат при давањето на волонтерските услуги.

Во период од 08 до 10 Мај 2009 година Организација на жените на општина Свети Николе заедно со Словенска филантропија од Словенија организираа меѓународна конференција во хотел Дрим – Струга на тема: ”Јас сум волонтер – биди и ти”.

 

На конференцијата присуствуваа претставници од НВО од Македонија, Србија, Словенија, Косово, Албанија , претставници од Секретаријатот за европски прашања при Владата на Р.Македонија , Министерството за труд и социјална политика од Македонија, претставници од основните ушилишта од Свети Николе вклучени во проектот , заменик амбасадорот на Словенија, претставници од Министерството за образование од Косово.

 

Целта на оваа меѓународна конференција беше размена на искуства и практики во областа на реализирањето на доброволната работа помеѓу децата и младите во овие држави и што треба да се превземе за уште поголемо промовирање и јакнење на доброволната работа.

 

Исто така претставниците од државите учеснички на оваа конференција имаа можност да слушнат и за процесот на донесување и функционирање на Законот за волонтерство во Р.Македонија , бидејќи се уште во овие држави немаат донесено ваков закон.

 
     

Фросина Мишева
Организација на жените на Општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2009 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster Александар Богатинов