Извештај од средбата со Комисијата за родова
еднаквост
Како дел од проектната активност на Организацијата на
жените по проектот “Креирање на услови за поправедно општество-2”
кој финансиски подржан од Шведската фондација
Kvinna Till Kvinna , на 04 Март 2009 година
се одржа едночасовна средба со
Претседателката на комисијата за родова рамноправност.
Организацијата на жените на општина Свети Николе
(членки кои директно се вклучени во реализирање на проектот ,”Креирање
на услови за поправедно опшество”: кординаторката на проектот г-ѓа
Вера Златева , асистент кординаторка и правничка во канцеларијата за
бесплатна правна помош г-ѓа Даниела Панева и психологот во
канцеларијата г-ца Ивана Јорданова)
остварија средба со преседателката на комисијата за родова рамноправност
г-ѓа Фросина Паневска .
На средбата се зборуваше за работата на Комисијата
почнувајки од нејзиното формирање во 2005 година па до денес. Комисијата
работи во состав од 5 членови и од кои еден член е претседател на Комисијата , а области
на работа на комисијата се: Управување со човечки ресурси, Социјална
заштита, Економски развој, Човекови права и Здравство а делувањето се
одвива преку разни форми почнувајки од информирање на граѓаните преку
организирање на јавни расправи, трибини, дебати, формирање на работни
тела па до иницирање на измени и дополнување на законски акти.
Од преседателката на комисијата за родова
рамноправност г-ѓа Фросина Паневска добивме информации дека со
поставување на кординатор на Комисијата од страна на локалната
самоуправа работите го смениле својот тек кон позитивно и Комисијата
почнала да се вклучува поактивно во сите сфери на општествениот живот.
Кординаторот кординира со работата на Комисијата ,доставува статистички
податоци иредовно информира за родова застапеност во општината.
Преседателката на комисијата изјави кои се досегашни
реализирани активности и планирани активности за наредните години според
подготвениотдолгогодишен Акционен план. На средбата се зборуваше и за
потребата од организирање на едукативни семинари за запознавање со
работните обврски на членовите на идната комисија , но исто така беше
нагласена и потребата за едукација на сите Советници, како потенцијални
членови на Комисијата.
Даниела Панева
Организација на жените на Општина Свети Николе
|