македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
 

Проект “Развивање на доброволна работа меѓу деца и млади на териториите на Западен Балкан и начин на подготовка на граѓанството во демократско општество”

По покана од Амбасадата на САД на 20 јануари 2009 година двајца ментори од Организација на жените на општина Свети Николе и 6 волонтери ја посетија Американската Амбасада во Р.Македонија. Целта на посетата беше инаугурацијата на американскиот претседател Барак Обама и тие имаа можност да поразговараат со Американскиот амбасадор во Македонија Г-н Филип Риќер за одвивањето на доброволната работа во општина Свети Николе и за работата и проектните активности што ги реализира организацијата.

 

По завршувањето на полугодишниот одмор за учениците од 20 Јануари 150 - те волонтери од основните и средното училиште од општина Свети Николе продолжија со пружање помош двапати неделно на корисниците на волонтерски услуги со цел полесно совладување на наставните содржини кои тие ги изучуваат, а менторите континуирано ја следат нивната работа.

Менторите имаа редовни средба со волонтерите со цел да се согледаат потешкотиите и препреките со кои се соочуваат при давањето на волонтерските услуги.

Преставници на Организацијата на жените на општина Свети Николе, Локалната самоуправа и наставен кадар од основните и средното училиште од Свети Николе, од 19-22 Февруари 2009 година во Ново Место – Словенија учествуваа на втората обука за ментори по проектот “Развивање на доброволна работа меѓу деца и млади на териториите на Западен Балкан и начин на подготовка на граѓанството во демократско општество” во организација на Словенска филантропија од Љубљана.

 

На обуката покрај претставници од Македонија , учествуваа и претставници од грагански организации од Србија, Словенија , Косово и Албанија.

Учесниците на обуката споделија искуства за проектните активности реализирани помеѓу двата семинари во своите држави. Исто така се запознаа со словенскиот модел на доброволна работа кој се реализира во болница во Ново Место и средното училиште во Радовљица.Волонтерите кои работат во овие институции ги споделија своите искуства и задоволството да помагаат на лица на кои им е потребна помош.

Учеснците на обуката имаа свечен прием во резиденцијата на Претседателот на Р.Словенија Г-н Данило Тирк и Г-ѓа Барбара Миклиќ Тирк на Брдо кај Крањ.Секоја група во разговор со Претседателот го запознаа со тоа како се развива доброволната работа помегу децата и младите во своите држави.

Фросина Мишева

Организација на жените на Општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2009 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster Александар Богатинов