македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
 

За демократско општество -рамноправен избор - втор дел

Од 01 01 2005 година до 10 03 2005 година Организацијата на жени на општина Свети Николе го спроведе проектот За демократско општество -рамноправен избор(втор дел) во рамките на мрежата Антико која беше финансиски подржана од Kvinna Till Kvinna .

Цел на проектот
1. Мотивираност на жените да излезат на претстојните избори и да го дадат својот глас за оние кандидати кои ке ги застапуваат нивните интерси ,а ако има од двата пола со иста програма тогаш предност да има жената кандидат со што би се зголемил бројот на жените кандидатки за градоначалнички и жени советнички во локалната заедница;
2. Потребите и проблемите на жените гласачки, истакнување на програмите за женските прашања , а воедно и успешна комуникација меѓу женското гласачко тело и кандидатките за советнички.

ЦЕЛНА ГРУПА
1. Женската популација со право на глас
2 .Жени кандидатки (од изборните листи) потенцијални советнички од нашата заедница.

Активности
1. Контактиравме со лидерите на политичките партии на 5.02.2005г.во седиштето на политичките партии.
2. Инициравме дебата со женските форуми на политичките партии на 10.02.2005г. во просториите на ОЖ
3. Посета на локалните медиуми на 15.02.2005г.
4. Контактиравме со кандидатките за советнички на 19.02.2005г.
5. Го информиравме гласачкото тело преку медиумите од 20-23 02 2005 год.
6. Одржавме три работилници со жени гласачки на 23 .02. 2005, 25. 02. 2005 и 03. 03. 2005, во просториите на ОЖО и во салата на пензионерскиот дом.со (25+27+28) со вкупно 82 жени гласачки.
7. Одржавме панел дискусија на 03 03 2005 год. во салата на пензионерскиот дом.

- На панелот присуствуваа по две преставнички од коалицијата За Македонија од здружената опозиција и од ВМРО-Народна и по една преставничка од ДА и Независната листа и 57 жени гласачки и водителките на панелот Билјана Димова и Весна Анчевска.
-
На жените гласачки присутни на работилниците им беше овозможено да ги изнесат проблемите кои се однесуваат директно на женската популација.
На жените канидатки за советнички на престојните локални избори им беше овозможено да го изложат делот од програмите на политичките партии кои се однесуваат на женските прашања, со што остварија нивно јавно промовирање, бидејќи освен на присутните истото беше пренесено и на локалното радио Радио Свети Николе во наредните три дена, два пати дневно наутро и навечер.
Беше воспоставена конструктивна комуникација и атмосфера со која жените кандидатки за советнички беа запознаени со потребите и проблемите на жените гласачки и беа повикани на повисок степен на одговорност кон женското гласачко тело.
8. На 08 03 2005 год. по повод денот на жените Осми Март беше спроведена
кампања "За Демократско општество рамноправен избор" беше поделен промотивен материјал на јавните места во градот (центарот на градот, градскиот парк, градскиот Пазар).

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2004 Организација на жени - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster А.Б.