македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
 

Извештај од одржаната средба во рамките на проектот “Чекор по чекор до подобро здравје на жените" финансиран од Шведската фондација KVINNA TILL KVINNA одржана на ден 15.05.2004

На 15.05. 2004 со почеток од 11: 30 часот во просторијата на Организацијата на жените на општина Свети Николе се одржа состанок со членките од мрежата на женски НВО-и кои работат на проектот Чекор по чекор за подобро здравје за жените финансиран од Шведската фондација KVINNA TILL KVINNA. На состанокот присуствуваа претставничјки од 15 НВО - и организации од Македонија.

Состанокот започна со презентирање на постигнатите резултати и информирање за усвојувањето на предложениот Амандман во Парламентот на 25.02.2004 година. Со Амандманот Владата се обврзува да изработи програма за преземење на мерки и активности за рано откривање на болести на репродуктивните органи кај женните. Овој Амандман беше поднесен од страна на потпретседателката на Парламентот Лилјана Поповска, пратеничката Соња Лепиткова и пратениците Слободан Најдовски и Петар Апостолов и сега е составен дел од Законот за здравствена заштита. Поради општите случувања во земјата, смртта на претседателот Борис Трајковски, предвремените претседателски избори планираната прес конференција беше одложена за 24 Март кога беа поканети претсавниците на медиумите да информираат за усвоениот Амандман. И покрај сите проблеми околу оргнизирањето на Прес конференцијата сепак покриеноста од медиумите беше добра и наредниот ден во најголемите тиражни весници беа отпечатени натписи за усвоениот Амандман и придобивките од него. Во наредниот период Владата треба да изготви програмата за реализирање на редовните гинеколошки прегледи. Засега немаме конкретни информации до каде е постапката за изработка на програмата за редовни гинеколошки прегледи.

Во врска со пртходно одржаната средба и расправата по Националниот акционен план за превенција на рак на дојка се испратени забелешките и препораките до Координативното тело при Министерството за Здравство кои произлегоа од дискусиите на женските НВО-и кои работат на женското здравје. И од таму немаме повратни информации до каде е постапката.

Од страна на претставничките кои беа присутни на состанокот беше дадено видување дека усвојувањето на Амандманот е поздравено од страна на жените со барање да се почне со поскора реализација на прегледите.

Со цел подобро формулирање на барањата кои треба да се составен дел од Програмата која треба да ја подготви Владата за имплементација на гинеколошките прегледи во рамките на проектот е предвидено спроведување на анкета меѓу жените со цел поконкретно идентификување на потребите и барањата на жените. Во рамките на проектот е предвидено секоја организација да спроведе анкета на по 100 жени по одредени прашања. Во овој дел од рабтата беше дискутирано по битните прашања кои треба да се содржани во анкетниот прашалник. Како битни прашања се наметнаа следниве: кој ќе ги поканува жените и кој ќе врши евиденција на спроведените гинеколошки прегледи, каде ќе се обавуваат прегледите, колк;у пати е потребно да се појде на гинеколог, кои жени ќе се опфатат со прегледите и начините на кои истите ќе се спроведуваат. Од изнесните дискусии се јавија и прашања поврзани со давањето на одредени бенефици на жените кои се заболени од малигни заболувања на репродукктивните органи во текот на лекувањето како и потребата за идентификување на други потреби на жените поврзани со нивното здравје. Во текот на неделата ќе се изработи прашалникот и ќе им се достави до сите ораганизации кои треба да назначат локален координатор кои ќе биде задолжен за спроведувење на анкетата.

По ова беа дедени договори за дело во кои се назначени правата и обврските на локалните координатори и на Организацијата на жени околу спроведувањето на анкетата. Секој локален координатор ги превзема обврските предвидени со договрот за дело и треба да ги заврши до 30 Јуни 2004. Организацијата на жени на општина Свети Николе на секој локален координатор ќе му го исплати назначениот износ по реализацијата на предвидените обврски на локалниот координатор. Сите присутни организации се согласија со предложениот договор.

Како идна активност која треба да се спроведе во текот на јуни е организирање на обуки за спроведување на работилници за рано откривање на малигни заболувања. Секоја организација треба да предложи две лица (лекар и психолог) кои треба да присуствуваат на еднодневна обука во текот на Јуни.

Организација на жените на општина Свети Николе

Координаторка
Радмила Сандева

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2004 Организација на жени - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster А.Б.