македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
 

Организирање на работилници за рано откривање на малигни заболувања на репродуктивните органи кај жените

Организацијата на жените на општина Свети Николе во рамките на проектот Чекор по чекор до подобро здравје на жените финансиран од Шведската фондација KVINNA TILL KVINNA на 19 и 26.06.2004 одржа две обуки на тема Организирање на работилници за рано откривање на малигни заболувања на репродуктивните органи кај жените . На обуката присуствуваа претставнички од следниве градови : Пехчево, Дебар, Пробиштип, Гевгелија, Куманово, Скопје , Крива Паланка, Кочани , Македонска Каменица, Битола, Прилеп и Виница.

Организацијата во изминативе години има спроведено бројни обуки и предавања за жените во општината за рано откривање на малигни заболување на репродуктивните органи. Со оглед на тоа што голем дел од женските организации во Македонија немаат искуство околу организирањето на ваков вид работилници Организацијата на жени на општина Свети Николе организираше вакви обуки за членките на организациите од Македонија со кои соработува, а работат на проблемот на женското здравје. Целта на оваа обука е стручните лица лекари и психолози да се запознаат со начинот на организирање на работилници за жените околу раното откривање на ракот на дојката и ракот на матката и стекнатите знаења да ги пренесат во средините од каде доаѓаат.

На обуките учесничките поконкретно се запознаа со начинот на организирање на работилници за рано откривање за малигни заболувања и работа со жените за ова доста осетливо прашање. Во текот на обуката поголемо внимание му беше посветено на техничките аспекти на организирање на овие работилници и процесот на учење кај возрасните. Обуката опфаќаше делови од искуството на работилниците кои ги има спроведено Организацијата и начинот на кој можат жените да се мотивираат и да разговараат за овој сериозен проблем . Едукацијата опфаќаше делови како од здравствениот аспект за ракот на дојката и ракот на матката и посебно внимание беше посветено и на психолошкиот ефект и соочување на жените со боласта . Едукацијата беше спроведена од страна на Д-р Гордана Митева и психологот Емина Петкова кои подолго време работат на испорачувањето на ваков вид на обуки за жените во општината.

Во тек на месец јуни е спроведена анкета на 2000 жени од Македонија од која анкета ќе се добијат информации за потребите и проблемите на жените поврзани со нивниото здравје. Резултатите од анкетата ќе бидат презентирани во јавноста текот на Август.

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2004 Организација на жени - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster А.Б.