македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
 

Проект Партиципативен пристап

Во текот на месец јуни Организацијата на жени на општина Свети Николе го спроведе проектот Партиципативен пристап - работа со учество на заедницата која беше финансиски подржана од Младински иницијативи од Скопје. Во рамките на проектот беа реализирани 4 работилници.
Целна група на оваа активност беа
16 младинци на возраст од 14-18 години од Свети Николе.
Целта на оваа активност беше самата заедница ( што во нашиот случај се младите) самите директно да учествуваат во идентификување на проблемите со кои се соочуваат, да изберат приоритетен проблем, да ги откријат причините и последиците за тој проблем и да понудат можни решенија за надминување на истиот. Се смета дека одредена активност за надминување на еден проблем ќе биде поуспешна доколку членовите на самата заедница се активно вклучени во сите фази започнувајќи од идентификувањето на проблемот и изнаоѓање на можни решенија , но и активно вклучени во спроведувањето на истиот и следењето на успешност на реализираните активности.

Во работата со групата на млади како главен проблем им произлезе Каде после завршувањето на средното образование. Младите се соочени од немањето на достапни информации кои би им овозможиле навремено и точно информирање за тоа каде да се запишат по завршување на средното образование. Со заедничка работа младите предложија и можни начни за надминување на проблемот во кои би биле активно вклучени.
Активностите беа фасцилитирани од Стојка Богатинова
и Радмила Сандева.

Една учесничка на работилницата ќе учествува на летен волонтерски камп во Охрид каде што ќе се разменат искуства и ќе се добијат нови сознанија за развојот на Волонтеризмот во Македонија.

Во рамките на истиот проект во текот на месец Септември ќе се реализира заедничка средба со претставници на НВО- и од Босна кој работат на ваков проект со цел да се разменат искуства околу реализираните активности и да се формира мрежа за постојана соработка со НВО -и од Босна.


Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2004 Организација на жени - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster А.Б.