македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
 

Организацијата на жени на општина Свети Николе -
добитник на Награда за граѓанско општество и демократија
за постигнување во претходната година

Организацијата на жени на општина Свети Николе е овогодишен добитник на наградата за граѓанско општество и демократија за постигнување во претходната година. Наградата традиционално по петти пат беше доделена од страна на Македонскиот центар за меѓународна соработка на 9 јуни во Александар Палас.
Наградата на организацијата беше доделена за нејзините активности во јакнење на учеството и влијанието на луѓето врз креирањето на јавната политика. Организацијата на жени на општина Свети Николе лобираше за измена на Законот за здравствена заштита и унапредување на женското здравје преку воведување на редовни гинеколошки прегледи со цел рано откривање на рак на матката кај жените.
Активностите на организацијата беа насочени кон промовирање на соработка на невладиниот сектор и носителите на власта и поврзување со владините тела и институции. Организацијата, заедно со уште 16 женски НВО од Македонија : ОЖ Пробиштип, ОЖ Крива Паланка, ОЖ Македонска Каменица, ОЖ Кочани , ОЖ Штип, Искра - Битола, ОЖ Гевгелија, ОЖ Струмица, ОЖ Кумановка, НОРМА- Ф Скопје, Женски центар - Дебар, АНТИКО -Гостивар, Нов живот Штип, Китка - Прилеп, ОЖ Радовиш, АУРЕОЛА - Струга ја предводеше иницијативата за воведување на редовни гинеколошки прегледи.
Спроведените активности на лобирање и застапување резултираа со поднесување на амандман во Парламентот за воведување на посебна програма во законот за здравствена заштита со која ќе се обезбедат задолжителени гинеколошки прегледи за жените во Македонија. Амандманиот беше поднесен во декември 2003 од страна на пратениците/чките Лилјана Поповска , Слободан Најдовски, Соња Лепиткова и Петар Апоостолов. Амандманот беше усвоен во февруари 2004 од страна на Парламентот и Владата ја превзеде обврската да изготви програма за редовни гинеколошки прегледи. Во текот на 2004 година организацијата лобираше за побрзо изготвување и донесување на програмата за гинеколошки прегледи и така што Програмата беше донесена во Март 2005 и со програмата се предвидува 20 % од женската популација од 19-65 години да добие бесплатен гинеколошки преглед и да направи ПАП тест со цел рано дијагностицирање на ракот на грлото на матката

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2004 Организација на жени - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster А.Б.