македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
 

ЛОКАЛНА МЕДИУМСКА КАМПАЊА ЗА БОРБА ПРОТИВ ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ

Во текот на Февруари 2005 Организацијата на жени на општина Свети Николе ја реализира Медиумската кампања за борба против трговија со луѓе која е дел од националната кампања која ја спроведува Оворена порта Ла страда од Скопје. Во текот на овој месец се реализираа следниве активности:
Беа подготвени и испечатени 1000 флаери со едукативна содржина кои се дистрибура на граѓаните во општина Свети Николе. Кампањата беше најавена со плакати и со дистрибуција на пропаганден материјал и шекерчиња посебно на местата каде што масовно се собираат младите- кафе баровите.
Во период од 4-11 Февруари беа анкетирани 150 млади на возраст од 14-24 години од средното училиште - Кочо Рацин и во селата Ерџелија и Горобинци. Некои од професорите на своите класни часови со своите ученици зборувале за проблемот трговија со луѓе.
Медиумскито дел од кампањата беше проследен со емитување на радиоџингл на локалното Радио Свети Николе, емитување на контактна радио емисија ТВ спот кој се емитуваше на локалната ТВ СВЕТ.
Беа одржани три едукативни работилници во с.Ерџелија, с.Горобинци и во Свети Николе на тема Превенција и борба против трговијата со луѓе. На работилницата присуствуваа по 20 млади од различен социо- економски статус и различна верска припадност.Во почетокот се спроведе анкета со цел да се одреди степенот на познавање на проблемот трговија со луѓе. Заеднички се дискутираше за тоа што е трговија со луѓе , причините , начините на вовлекување , последиците од тоа и како да се превенираат со цел да не постанат жртви на трговија со луѓе. На крајот беше поделен пропаганден материјал , капчиња , футроли за училишен прибор , футроли за документи , шекерчиња и за младите имаше освежување.
Работилницата траеше 90 минути.

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2004 Организација на жени - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster А.Б.