|
Студиска посета на волонтерски центар - Јагодина
Од 24 до 26 Ноември 2004 година , претставници
на неколку Вавилон центри од Македонија, беа гости на младинскиот
волонтерски центар во
Јагодина, Србија и Црна Гора
кој е проектна активност на
Друштвото за развој на доброволна работа од
Јагодина, кои беа организатори на дводневниот
научен семинар на тема "Науката
и волонтерите".
Групата пристигна во вечерните часови на 24
Ноември 2004 година и беше топло пречекана од домаќините. Наредниот ден,
започнувајќи од 7 часот наутро, беше организирана посета на неколку
знаменитости - Манастирот "Св.
Ѓорѓи Великомаченик" -
Врачевшница,
истражувачка станица
"Петница",
а потоа го посети градот Ваљево,
кој се наоѓа во близина на Петница.
Манастирот е во планинско - пејзажен дел, а таму игуменијата ни одржа
интересно предавање за историјата на манастирот. Исто така направивме
обиколка на целиот манастирски комплекс во кој ја посетивме и спомен
собата со лични предмети на кралското семејство Обреновиќ. Таму се наоѓа
и гробницата на познатиот српски учител и преродбеник Сретен Аџиќ каде
што пофесорот по историја Нинослав Станојловиќ имаше излагање на тема
"Сретен
Аџиќ за ликот на учителот".
Потоа
заминавме за "Петница".
"Петница"
(www.psc.ac.yu) е независна и
непрофитна организација, наменета за додатно воншколско научно
образование на ученици, студенти и наставници, заинтересирани за
проширување на знаења во области од природните и општествени науки. Се
наоѓа во с. Петница, 7km
југоисточно од Ваљево, 99
km југозападно од
Белград. Таму од вработените имавме излагање на
тема "Ангажирање
на средношколците и студентите како волонтери во работата со тинејџери".
Во непосредна близина на истражувачкиот
центер е Петничката Пештера, археолошки локалитет, стар околу 6500 год.,
вештачко езеро со површина од 3 ha
и спортско рекреативен центар со пливачки
базен и терени за спорт и рекреација.
Потоа заминавме за Ваљево каде што го
посетивме музејот за Второто српско Востание и се вративме во Јагодина
вечерта околу 22 часот.
Групата беше сместена кај членовите на волонтерскиот
центар, кои претежно беа студенти на Учителската Школа при Универзитетот
во Крагујевац, во Јагодина. Инаку членовите на овој центар се ангажираат
околу ученици од основно образование за подобро совладување на
наставниот материјал.
Групата што учествуваше во оваа студиска посета, беше
од Вавилон центрите од: Свети Николе (
Ѓорѓиева Рахела - координатор, Богатинов
Александар - едукатор по компјутерска техника и Ромевска Јована -
волонтерка), Радишани-Скопје (
Ивана и Орхан - волонтери), Ростуше
(Алмедина-координатор), Чашка
(Горан Андоновси и Биле - едикатори за
креативна работа), Струмица (
Бобан Пијанманов - координатор), Куманово (Дафина
и Владо - волонтери) и Пролет -Скопје (Стефан
Миќич), а беше предводена од Валдета Исмаили од Проектната
единица за развој на деца и млади.
Ромевска Јована
|
|
|