ПРОЕКТ ЕДУКАЦИЈА НА ЖЕНИТЕ ВО ПОЛИТИКАТА
Во текот на месец Февруари 2005 се
реализира проектот Едукација на жените во политиката финансиран
од Шведската фондација КВИННА ТИЛЛ КВИННА. Во рамките на проектот
се одржаа два дводневни семинари за жените кандидатки за советнички.
Целта на овие обуки е зголемување на учеството на жените во политиката и
јакнење на капацитетите на жените кандидатки за советнички од листите на
политичките партии на локалните избори.
Првата
обука се одржа на 19-20.02.2005 со тема Родовите односи и
развој. Овој дел од обуката имаше за цел подигање на свеста кај
учесничките и препознавање на општите концепти на Родовите односи и
Развој и женските човекови права. Во текот на оваа обука се разработија
следниве теми:
1.Социјално потекло на родовите односи - имаше
за цел запознавање со концептот на род/пол;
2.Родови односи , стереотипи, норми и вредности во општеството -
распознавање на стереотипите , непишаните норми и вредности на
однесување и потикнување на дискусија за последиците и ограничувањата
кои ги создават стереотипите и како тие влијаат врз животот на мажите и
жените;
3.Родова /полова поделба на трудот - развивање на свесност кај
учесничките за родовата поделба на трудот;
4.Пристап и контрола -развивање на свесност за тоа колку жените
имаат пристап до ресурсите и контрола врз истите, изнаоѓање на начини на
кој може да се зголеми пристапот и контролата над ресурсите;
5.Моќ - дефинирање на моќта, да се види каква моќ поседуваат
жените и начинот како може да се трансформира моќта;
6.Женските права како човекови права -запознавање со основните
инструменти за заштита на женските човекови права, идентификување на
можните видови на дискриминација врз жените, изнаоѓање на начини како да
се реши проблемот.
Втората обука се одржа на ден 26-27.02.2005 со
тема Жените и политиката и лобирањето и застапувањето. Овој дел
од обуката имаше за цел подигање на свеста кај учесничките за учествто
на жените во политиката, утврдување на капацитетите на жените како и на
мотивот да се биде во политиката , да научат како да ја пренесат
пораката во јавноста, учење на начинот на кој треба да лобираат и да ги
застапуваат интересите на жените. Во овој дел се разработија следниве
теми: 1.Политика на женски начин- препознавање на капацитетите на
жените, идентификување на позитивните карактеристики на политичарите;
идентификација на бариерите за малото вклучување на жените во
политиката; мотивација на жените за поголем влез во политиката;
2.Како да ја пренесете пораката- развивање на свесноста за говорот
на телот; давање на конструктивна критика;
3.Говор и дебата -ослободување на учесничките и изразување на
мислењето на говорница; водење на дебата ; развивање на техники за
дебатирање;
4.Лобирање и застапување - запознавање и разграничување на поимите
лобирање / застапување; одредување на целта и предметот за лобирање и
застапување;
5.Одредување на целна група и креирање на ефективна порака; правење
на разлика меѓу заинтересирани страни и целни групи; утврдување на
важноста од креирање на ефективни пораки за пооделни целни групи;
6.Методи и техниките за лобирање и заступавање- идентификување на
начини и техники за да може да се лобира; Изработка на план за лобирање
и план за набљудување на лобирањето и застапувањето;
Програмата
на секоја од обуките беше распоредена во два дена и при тоа беа
обработени по 4 теми/работилници во првиот, а две теми во вториот ден.
Секоја од работилниците траеше по 90 минути. На обуката учествуваа 20
кандидатки од советничките листи на ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-Народна, ДА и
од листата на независниот кандидат. Двата едукативни семинари за
кандидатките за советнички беа оценети позитивно. За најголем дел од
учесничките ова им беше прва обука. Тие истакнаа дека искуството кои го
стекнале во обуките ќе им помогне да го искористат во своето идно
политичко ангажирање. Учесничките се сретнаа со теми за кои немале
можност да се информираат во политичките партии. Тие изразија
заинтересираност да се организираат вакви обуки и за другите членки на
политичките партии со цел зајакнување на жените во политичките партии.
Едукаторка на обуката беше Радмила Сандева.
Организација на жените на општина Свети Николе