НАДВОРЕШНИ СОРАБОТНИЦИ
" Е-образование"
иднина на
државите
пн:
Општеството кое ќе се базира на знаење ја
зголемува потребата од луѓе со добри комуникациски способности,
познавање на информатичко-комуникациската технологија, кои имаат многу
информации, постојано се подготвени за учење и се способни за справување
со новонастанатите ситуaции. Образованието претставува клуч за
одржлив развој, квалитет и конкурентност
Употребата на
информатичката и комуникациската
технологија
во Македонија е на незадоволителни ниско
ниво, особено споредено со земјите од Европската унија, се вели
во Националната стратегија за развој на
информатичкото општество. Само осум проценти од македонските граѓани
имаат интернет конекција, а десетина
проценти повеќе имаат и приватен персонален компјутер
во својот дом.
Токму поради ваквата состојба и за да се
создаде општество кое ќе се базира на знаење, образованието мора да се
менува и да се прилагодува, во најопшта смисла на зборот. Оваа
Стратегија „е-образованието“ го дефинира
како нова форма на образование, во која со иновативна употреба на
информатичко-компјутерската технологија, треба да се подобри
традиционалниот систем на учење и да се избришат границите меѓу
ученикот, учителот, домот и работното место. Сето ова ќе овозможи развивање
на вештини и квалитети за подобро функционирање во модерниот свет, со
глобална перспектива и со широки погледи. Значи, општеството кое ќе се
базира на знаење ја зголемува потребата од луѓе со добри комуникациски
способности, кои имаат многу информации, постојано се подготвени за
учење и се способни за справување со новонастанатите ситуaции.
Образованието претставува клуч за одржлив развој, квалитет и
конкурентност. Во оваа насока, секое училиште доби по 20 персонални
компјутери како донација од Кина. По ова, следуваше нивно
интернет-поврзување, финансиран од американската агенција за меѓународен
развој УСАИД. Ваквата инвестиција ќе го стимулира економскиот развој на
земјата и намалувањето на цената на интернет услугите. Индиректно, ќе се
стимулира и бројот на интернет-корисници. Нареден чекор е креирањето на
македонски образовен портал чија улога ќе биде да се промовира
е-образовната средина. Секој наставник, ученик, директор ќе се
регистрира и ќе добие бесплатен е-маил со што ќе се создаде и мрежа за
меѓусебна комуникација, размена на искуства, ставови, информации. На
порталот ќе постои и база на податоци за секое училиште и активностите
што ги спроведува. Освен ова, ќе се формира и дигитален форум каде
субјектите во образованието ќе дискутираат за одредени теми на интерес.
За сето ова
да функционира, се обучува и наставниот
кадар за базично користење на
компјутерите во наставата. Потоа, наученото тие треба да го пренесат на
идните генерации, за кои се подготвува и дигитален буквар на македонски
јазик. Ова ќе ги „принуди“ и родителите, кои за да им помогнат на
своите деца, ќе мора да научат да
работат на компјутерот.
Сето ова како
е одлично искреирана идеја и потреба, но
реалноста говори со многу сурови
факти. Значи, училиштата имаат добра
информатичка инфраструктура, но бројот на компјутери во едно школо не е
доволен за бројот на наставниот кадар и учениците. Ова го потврдува и
Елизабета Наумовска, директор на државно средно училиште „Таки Даскало“
од Битола. Нејзиното училиште има компјутерска лабораторија, интернет и
е мрежно поврзано. Главниот проблем
е што има еден опремен кабинет, четириесетина супер-сонични компјутери и
околу 1.800 ученици кои треба да учат на нив. Со ист проблем се соочува
и нејзинот колега, Бранко Чаршавски од основното училиште „Ванчо Прке“
од Виница, град во Источна Македонија.
„Компјутерите
имаат одлични перформанси, но се премалку
за бројка од 1.200 ученици и осумдесетина вработени. Не ги задоволуваат
основните потреби и желби ниту на наставниците, ниту на учениците.
Принуден сум да одам по фирми и да молам за донација на компјутери,
затоа што учениците во прва и втора година, во наставата, не користат
класични учебници“, вели Чаршавски.
Овие два
примера се малку од многуте училишта каде бројот на инсталирани
компјутери е мал во однос на потребите. Но, имаме и спротивни ситуации
кога апаратите се доволни за бројот на учениците и наставниците, но тие
не се во употреба од проста причина што
никој не знае да работи на нив.
„Јас
сум единствената вработена во
училиштето која работи на компјутер.
Тоа е поразителен факт за школо со педесетина вработени“, вели Убавка
Бутлеска, педагог во Кривогаштани, општина
во близина на
градот Прилеп.
Основно
прашање кое произлегува од овие факти е како да се размислува за развој
на општеството кога сржта, факторот за едукација на идните поколенија,
многу малку знае информатика. „Тешко е со
оваа структура на размислување и наставен кадар, а посебно со третманот
на државата кон руралните средини да се размислува за развој. Таа
не гетоизира и не се труди да не издигне на повисоко ниво“, објаснува
овој педагог.
Каква и да е
реалноста, останува фактот дека преку е-образованието идните генерации
ќе имаат полесен и поудобен живот. Прво, нема да мора физички да „висат“
пред шалтерите да си ги платат сметките, да аплицираат за пасош, да
проверат некоја информација или да бараат виза
за странство.
Наместо тоа, од својот дом ќе може да ги
направат сите овие нешта едноставно,
брзо и со заштеда на сопственото
време и пари, вели Јани Макрадули, пратеник и претседател на Комисијата
за информатичко-комуникациска технологија.
Тодор
Стојчевски -
новинар и постдипломец на студиите за мир и
развој на Филозофскиот факултет во Скопје
на
почеток=
Хранење на зајаците
Храната е
основниот фактор за порастот и плодноста на зајаците. Во големите фарми
со интензивно производство се препорачува сите категории зајаци да се
хранат со гранулирана храна. Гранулираната храна е во предност, зошто
лесно се транспортира, складира и дозира, а растурот и загубата на храна
е минимален. Квалитетната гранулирана храна треба да е тврда, без прав,
а оптималниот размер на гранулата 2,5 - 5 мм во дијаметар и 10 - 21 мм
во должина. Се препорачува храната да е во сообразност на возраста на
категоријата на зајаците. Фирмите кои произведуваат ваква храна имаат
разработени специјални рецепти за различите категории зајаци - гоење, за
бремени и дојни мајки, за рано одбиени зајчиња и др.
Гранулираната
храна треба да ги содржи следните компоненти во одреден сооднос :
Луцеркино брашно, Јачмен, Пченка, Пченични трици сончогледово и сујно
ќуспе, овес, минерали, витамини, аминокиселини и по можност антибиотик.
Не се препорачува давањето на зелена храна во големите фирми зошто
подготовката бара многу време и труд, , а покрај тоа гранулираната храна
обезбедува побрз развој и поголема ефективност кај зајаците. Покрај тоа
свежо косеното сено или луцерка може да предизвикаат и стомачни
пореметувања, особено кај рано одбиените зајчиња кои што
не се спремни да консумираат големи
количини на кабаста храна.
Затоа
луцерката и сеното се сушат 3 - 4 дена и истата се дава на зајаците.
Колку храна
им е потребно на зајаците?
Тоа зависи од
која категорја се истите.
Женките треба
да се пазат од здебелување зошто во спротивно тешко забременуваат. Затоа
за време на парењето се намалува некоја храна која содржи големи
количини на енергија посебно: пченка, јачмен компир и сл. Дажбата треба
да е околу 35 гр. храна на еден килограма жива мера. Се препорачува
хранењето да биде еднаш во денот, секој пат во исто време.
Женките -
мајки конзумираат 250 - 600 гр. храна на ден во зависност од кондицијата
и бројот на зајчиња во леглата. Зајаците за гоење се хранат по воља така
што секогаш треба да има храна во хранилките. Се хранат обично двапати
на ден. Треба да се напомене дека не треба да се дава храна која се
расипала, мувлосала или храна која била достапна до глодари и други
животни за да не пренесе редица причинители на заразни болести кај
зајците.
Иле
Нанев
на
почеток=
ГЛАДИОЛИ - 2 дел
Главна улога
при одгледувањето на гладиолите има правилно одбраното место по
географската положба и релјеф, осветленоста, почвено- механичкиот
состав, положба на подземните води, заштитеност од честите ветрови.
Апсолутно
непогодни се местата во длабнатини и лишени од проветрување, места со
плитки подземни води, затоа што после обилни дождови водата останува на
површината и по неколку дена, тешките глинести почви и при постоење во
нив на големи количини органски материи подолго време остануваат студени
поради задржување на влагата, која бавно се профилтрира.
Ретко можат
да се сретнат места и почви природно готови за садење на гладиоли.
На лесните
песокливи почви се додава глина , а на тешките глинести почви се внесува
заедно со органското ѓубриво крупно зрнест песок.
Почвата треба
да биде лесно пропустлива и за водата и за воздухот.
Гладиолите се
одгледуваат како едногодишна култура, со обавезно вадење на луковиците
наесен, потсушување, чистење, сортирање и чување до настапувањето на
благо пријатни временски услови и садење на следната пролет.
Неопходното
вадење е условено од непостоењето на студеноотпорни сорти. При подлабоко
замрзнување на почвата луковиците угинуваат.
На добро
одбрана парцела при благо пријатна микроклима и физичко-механички состав
на почвата, садењето може да започне 1,5 - 2 недели порано од
вообичаеното, за определен реон. Рокот на садењето ќе го забрза за 2 - 3
недели и употребата на фолии за покривање.
Вредноста на
садниот материјал се определува пред се со неговата возраст, а размерот
на луковиците има важно, но попатно
значање.
Младиот саден
материјал се добива од луковичните папки во тек на една, две години и
најценети се крупните луковици, кои се уште не формирале цветови.
Таквите луковици се викаат јувенилни и нивниот оптимален размер
треба да биде со дијаметар 3,5 - 4.5 см.
Бројот на
покривните лушпи може да биде од 9-11 и тие по правило се помалку збиени
од возрасните сорти луковици и по нив се определува староста на садниот
материјал.
За добри, но
помалку квалитетни, може да се сметаат крупните луковици, кои што се
стари 2-3 години, но кои еднаш цветале.
Старите 4-5
годишни луковици, претставуваат неквалтетен саден материјал.Растенијата
добиени од нив често заболуваат и угинуваат.
Таквите
луковици тешко се чуваат во складовите и нивниот отпад често достига
60-80 % и затоа старите луковици треба да се уништуваат.
На луковицата
најчесто се разбудуваат една терминална или најдобро развиената
латерална папка.
Најдоцните
рокови за садење во Свети Николе и неговата околина на одгледување за
продолжување на роковите на цветање и
добивање на берба, без примена на покривање со фолија, е 15 Март- 15
Мај.
Со примена на
фолија со кратковремено загревање при паѓање на температурите во ноќните
часови и студените доцни есенски денови, може да се добијат квалитетни
цветови на гладиолите во Ноември. Во тој случај садењето се врши од
15-20 Јуни.
Покасното
садење не овозможува формирање на квалитетни цветови, поради
значителното скратување на осветлувањето и должината на светлосниот ден.
Со користење
на оранжерии и пластеници, цветање на гладиолите може да се постигне од
мај до крајот на ноември.
На отворено
при садење во различни рокови ( од 15 Март до 15 Јули ), цветови може да
се има од првите денови на Јули до крајот на Октомври, т.е. во текот на
четири месеци.
Максимална
височина на растенијата и должината на соцветијата, кај секоја сорта во
услови на топлиот југ, гладиолите развиваат при садење во првата
половина на Април. Овие рокови се сметаат за оптимални.
Садењето на
луковиците на отворено во реонот на Свети Николе почнува во втората
половина на Март.
Најпрво се
садат крупните луковици на раните сорти наменети за рана резидба. После
нив се садат малите луковици наменети за добивање на саден материал.
Средните луковици се садат последни.
Садењето на
гладиолите во оптималните рокови им овозможува на растенијата да се
развиваат во подобар воден режим, кој овозможува интензивен пристап на
соли од почвата , максимално го обезбедува растението со хранливи
елементи, го активизира процесот на фотосинтеза во растението.
Се користи
садење во еден ред или дворедна лента на садење.
Може да се
користи збиено едноредно садење, со растојание меѓу редовите од 40 см.
Ако растојанието меѓу редовите се зголемува до 70 см, тогаш растојанието
меѓу растенијата во редот се намалува за 5-7 см.
Во првиот
случај на 1 ха се садат 270-300.000 луковици прва и втора класа, а во
вториот на 1 ха се насадуваат до 230.000 крупни луковици.
За да се
искористи попродуктивно површината со растојание меѓу лентите од 70 см,
се применува дворедно садење во лентата.
Растојанието
меѓу редовите во лентата е 15 см. На 1 ха се садат 270-300.000 крупни
луковици од прва и втора класа. За подрастување на мали луковички на 1
ха може да се сместат до 450. 000.
Понекогаш
гладиолите може да се одгледуваат и во триредна лента со растојание меѓу
лентите од 70 см.
На 1 ха по оваа шема се засадуваат
190-220.000 луковици, а се берат до 200.000 цветови.
Во зависност
од сортата растојанието меѓу редовите може да варира. Оптимално
растојание е 15 см, а растојанието меѓу растенијата во редот 10-15 см.
Длабочината
на која ќе се посадат луковиците, зависи од типот на почвата, нејзиниот
механички состав и од големината на луковиците.
Крупните
луковици обично се садат на длабочина од 7-8 см, а ситните на 3-4 см.
Во
помали производни плантажи и при
производство во заштитен простор ( пластеничко производство), садењето
на гладиолите се врши во т.н. фитарии, широки 1 метар и
долги произволно, каде на 1 м2
се садат од 60-70 луковици од прва класа на растојание 10 Х 10 см.
Обезбедувањето на почвата со елементите на исхрана зависи нејзината
плодност. Недостатокот од макро и микро елементи, се внесува во вид на
минерални и органски ѓубрива.
За
попродуктивно искористување на минералните ѓубрива и оптимален
фотосинтетски процесс, треба да се стремиме кон идеално снабдување на
растението со вода.
При првото
прихранување на гладиолите , што се развиваат од јувенилните луковици на
1 ха се внесуваат 0,6-1,5 т минерални ѓубрива.
По правило на
тешките почви дозите на внесување се помали за 2 пати отколку кај
лесните почви.
При нормални
услови, кога гладиолите нормално се развиваат лисно прихранување со
N:P:K, не се
изведува, бидејќи тоа нанесува повеќе
штета , отколку корист.
После
прихранувањето се врши длабоко прашење на меѓуредовите на 10-12 см.
Почвата покрај растението се праши на помала длабочина за да не се
повредат луковиците и кореновиот систем.
Второто
прихранување се прави на крајот од првиот период од развитокот, во
фенофазата на вториот-третиот вистински лист, кога растенијата се високи
од 20-25 см.
Растенијата
од јувенилните луковици се прихрануваат со минерално ѓубриво
NPK со истите дози како првото прихранување.
За органско
прихранување, подобро е да се користи коњско и птичјо ѓубре и само при
нивен недостаток се применува говетско ѓубре.
Ако е времето
жешко тогаш за лисно прихранување во улога на микроелемент се вклучува и
цинковиот сулфурен-оксид.
Лисно
прихранување со некој макроелемент се изведува во следниве случаеви:
-кога
лошо се развива надземниот дел или лисјата имаат светло зелена боја
(насадот се прихранува со 0,5%уреа),
-при
недоволно интензивна фотосинтеза (прихрана со калиум и магнезиум
сулфуроксид),
-во
периодот на цветање, созревање на семето, созревање на ќерќините
луковици (прихрана со брзо растворливи форми на фосфорни и калиеви
ѓубрива).
Кај
гладиолите прецветаните соцветија неопходно е да се отстрануваат, но без
повреди на лисјата.
Растенијата
во летните месеци се наводнуваат секој 10 дена по 400-600 м3
вода, на 1 ха во зависност од способноста на задржување на влагата во
почвата. Во време на вегетациониот период во сушните реони, се
изведуваат до 15 наводнувања.
Секојдневни
наводнувања во најжешките денови со мали дози 10-15 л/м2
се недоволно ефективни и често штетни.
Подобро е да се наводнува поретко, но пообилно.
Во посебно
топлите денови, неопходно е наводнувањето да се врши во раните утрински
и доцните вечерни часови, со распрскувачи се прска 10-15 мин. што
допринесува да се створи влажна микроклима околу растението.
Прекинувањето
на наводнувањето доведува до нерамномерно растење на заменувачката
луковица.
Најраспространета болест претставува фузариозата или сувото гниење.
Гладиолата ја
напаѓаат исто така и сивото гниење (ботритис), бактеријалната краста,
‘рѓата.
Од вирусните
заболувања познат е мозаикот на гладиолата.
При првите
симптоми на болеста растенијата обавезно се уништуваат заедно со дел од
околната почва.
Еден од
најголемите штетници е гладиоловиот трипс кој го повредува растението,
како во текот на вегетацијата, така и во текот на чувањето на садниот
материал.
Други поважни
штетници се: рутавата буба, која го напаѓа цветот, и зелените црви, кои
ја напаѓаат луковицата.
При висока
агротехника цветовите достигнуваат и над 1 метар со 15-18 цвета, а не е
редок случај да цветови од поедини сорти носат и по 20-22 цвета.
Сортиментот
кој е воглавно распространет во Свети Николе е релативно разнообразен и
колоритен:
-бели
сорти: "Frendschip Vajt " ,
"Vajt prosperiti",
-розови
сорти: "Roze superm", "Frendship",
-црвени
сорти: "Oskar", "Eurovision", "Hanting song",
-сини сорти:
"Fidelio", "Blye eisel",
-жолти
сорти: "Nova Luks", "Decizo",
-портокалови:
"Piter paers"
и др.
Во развитокот
на цвеќарството се посветува внимание не само на количината, туку и на
квалитетот на производството, се проширува асортиманот, се зголемува
потребата од нови сорти на гладиолите.
Во
индустриското производство на цветни култури во светот, гладиолите
завземаат трето место, после ружите и каранфилите.
Проблеми во
производството на гладиолите за сечен цвет и луковици се појавуваат
поради недостаток на препарати за заштита, стручна литература за
технологијата на производството, а секако најважен проблем претставува
отежнатиот пласман на сечен цвет кој што во сегашни услови е ограничен
само на територијата на нашата Република Македонија.
-
крај - Дејан
Гичев
на
почеток=
Загатка на
Балканско „Илло
Темпоре”
“Ме
шокираше колку далеку од приказната беше Балканот, како во времето, така
и во просторот”
Роберт Д. Каплан (1993)
Би тргнал од
анализата на насловот преку прашања, кои имаат важна улога во
продолжувањето на аргументацијата. Зошто зборуваме за балкански
илло темпоре?
Како би можеле да најдеме една реалност
блиска до балканската? Дали Балканот се наоѓа во една друга временска и
територијална оска, далечна од западната, или е само литературна
илузија? „Каде би требало да се
наоѓаат границите на Балканот, и дали овие оспорувани граници би можеле
да го дефинираат идентитетот на Балканот?”-
се прашуваше
во едно литературно дело г-ниот Душан И.
Бјелич.
Овие прашања
ни го даваат впечатокот дека навистина постои овој феномен. Повторно,
инсистирајки се прашувам со цел и читателот да се запрашара каде на
временската оска се наога Балканот : дали навистина постои еден статичен
балкански идентитет или менталитет? Се разбира дека одговрот има
различна слика, зависно од месположбата на раскажувачот или од неговото
потекло. Сепак, во случајот на ако еден набљудувач однавор/странец ја
погледне еволуцијата на оваа територија со етничка загатка, и посебно
ако неговиот контакт е мотивиран од егоцентрични/етноцентрични
аргументи, неговиот заклучок ќе биде формулиран на еден начин, со
критички забелешки, без да открие една територијално-просторна реалност.
Ова се
случува од едноставна причина бидејки историска еволуција на Балканот
беше „предмет на расправа на најмалку
три центри на моќ, почнувајќи од
пост-византискиот или предмодерниот период, и го манифестираше
центрифугализмот само како начин на отпор/преживување а помалку како
тенденција да ги замени споменатите центри, како во Централна Европа,
каде што Прага и конкурираше, барем виртуелно, на Виена; каде Братислава
ја манифестираше својата дистантност од Будимпешта, Будимпешта од Виена
итн.”- го потенцираше ова во
една негова статија проф. Мирчеа Муту.
Во оваа
смисла, балканските градови си конкурираа меѓусебно, сите заедно против
двата света, Западот (центарот на мудроста
и цивилизиранот) и Истокот (светот на сето што може да се разбери во
констраст на цивилизацијата). Бидејќи полуостровот се најде на крстопат,
се појавија контактите помеѓу двете спротивставени бои; така,
влијанијата од двете страни навлегоа во овој простор, а чудната
комбинација помеѓу црно и бело ја создадоа злокобната боја на сивило.
Можеме уште
да додадеме дека, поради постоењето на критички предрасуди на
набљудувачите на Балканот, тие се губат во деталите,
без желба да го прифатат тоа што го
гледаат, или пак нивното набљудување е само предрасуда според нивниот
културен шаблон, бидејќи „Европа
нема унитарна перспектива за оваа нејаснотија“.
На овој начин резултира една
интер-релатација на една заменета слика во комплицираната балканска
„загатка”.
Неколку
додатни бои го збогатуваат веселиот пејсаж на ова статично време. Во
својата почетна форма, загатката
претставува една слика составена од повеќе дела, и ако се изгуби еден
дел, колку и да е неважен тој дел, не се добива финалност на
илустрацијата. Во случајот со Балканот, гледан како загатка,
можат да се претпостават следните ситуации:
постојат повеќе парчињата одколку што се потребни за една слика, и
секојпат остануваат однадвор и можат да бидат заменети со било кое од
нив, во секое време а едно од тие парчиња е балканизмот (сам по себе,
балканизмот привлекува многу атрибути, се додека сликата не се појави
како обременета или преувеличена); втората ситуација, по некоја логика,
би била дека, од првичната загатка
недостасуваат одредени делови кои опишуваат
една непотполна слика.
Споредбено со
тоа што претставува Западот, во балканската загатка недостасуваат
делчињата на времето и просторот. Во
двата случаи говориме за една слика на крајностите; или сликата е
пренагласена и објаснува повеќе одколку што е потребно, или е една
нецелосна слика, во која недостасуваат основните делови. Потребно е уште
да истакнеме дека, откако ќе се подредат делчињата, на крај недостасува
контрастот на боите, и стабилноста на загатката.
Во оваа
смисла, горе наведената идеја на Р. Д. Каплан е доста сугестивна, а
Балканот, гледан во овој контекст, преку една загатка, ни говори за онаа
блокада на времето и просторот.
Димов Влатко
Студент на
Пост-Дипломски Студини на
Универзитетот
Овидиус –
Факултетот по
Историја и Политички Науки – Специализација „Мегународни
Односи во 19-21 век” во
Констанца -Романија
на
почеток=
Неколку слики на
еден Македонски имигрант во САД
Незнам како
живеат децата денес, многу работи се изменија, јас не сум веќе дете (за
жал) а и веќе 5 години не сум дома , во Македонија. Кога ги гледаш
работите од друг агол, од неутрална страна доаѓаш до пообјективни и
реални заклучоци.
Многуте
промени во последните години не треба да влијаат врз децата, би требало
да се заштитат од секојдневните бомбардирања со политика и сличните
гадости што ги носи таа.
Воспитувањето
денес на децата не треба да се разликува на она од мое време , би
требало да се подобри .
Можеби сум
југо носталгичар и горд пионер кој веруваше во своите идоли
(Тито,
Загор, Блек Стена, Капетан Мики .... како и многу други) и би сакал
нашите деца да имаат детство како нашето. Секако се промени начинот на
живот но нивното изградување како личност не треба да се загадува со
непотребни работи.
Ќе пробам да
ви доловам некоја слика за овдешниот живот како живеат младите во
Америка (САД) и затоа ќе земам една необична перспектива на споредба на
слични култури.
Има една
позната hebrew
изрека “времето е најголем непријател”. Длабока мисла која многу нуди за
размислување и може да се толкува во "икс"
примери.
Можам да
кажам дека hebrew
културата е многу интересна за проучување бидејки многуте луѓе
што сум ги запознал од таа култура имаат
слични особини како нас Македонците, можеби поради нивниот егзодус и
големата миграција низ светот.
Културните
вредности кои ги носиме со себе од родната ни грутка , т.е генот,
верата, духот доаѓаат на големо искушение во новата средина. Евреите
како многу стар и мудар народ почнале да работат на тој случај многу
одамна.
Секако каде и
да си во светот треба да се адаптираш но тоа не значи и да се
претопиш, затоа тие културни вредности потребно е повеќе да ги нагласиш,
изгледа затоа нашиве луѓе во дијаспора се прават големи патриоти :))
Да се разбере
животот на “нашите” во туѓина како и животот на младите , потребно е да
се споменат некои историски факти.
Историски или
временски гледано, како народ од Балканот сме почнале да имигрираме од
многу поодамна. Јас лично сум од најновиот имигрантски бран, секако пред
мене се по-воените имигранти од 45та и имигранти од турското време и
балканските војни.
Секако дека
потекнуваме од исто место но тоа незначи дека овие различни
генерации или “бранови” на имигранти ќе
можат да живеат заедно . Би било убаво да можеме, би биле
пореспектирана нација во САД и светот . Исто како и дома и во САД сме
поделени на различни партии или организации.
Првата
организација на Македонците е МПО која во поновата историја или во
нашите учебници по историја има етикета за “лоша” пробугарска партија.
Можеби е потребно да се следи изворот на таа информација , а изворот е
"прокомуњарски",
секако победниците секогаш ја пишуваат
историјата, како и да е да не навлегувам во и така збунувачката историја
, МПО евулуирала со време , се смениле многу луѓе, дошле прогресивни
наследници и лидери и со време ги смениле нивните идеии и цели, но
никако да се откачи од таа етикета пробугарска. Македонија евулуира и
тој единствен дел што остана од неа ги смени непријателите но не се
сменија лидерите а кога ке се сменеа , новите не беа поразлични од
постарите. Корупција, беда и пак нов бран на емигранти. А прстот пак го
насочуваат кон некој друг а не кон себе. Кај нас не важи она
"Панта реи"
кај нас се се врти у круг.
Арно ама тие
ни се корењата и факт е дека МПО е една од најбогатите огранизации,
членовите на таа партија се доктори, магистри и бизнисмени кои тежат
многу милиони долари.
А со многу
пари може да се купат многу работи и да се решат многу проблеми.
До пред
неколку години единствена организација на поновите емигранти која ги
застапуваше правата на Македонците беше црквата. А црквата се “искрши”
од работа за да ни го олесни животот овде во туѓина а посебно на новите
млади емигранти.
А црква како
црква немора да се каже повеќе. Луѓето кои ја раководат црквата (не
попот) членовите на црковни одбори се луѓе полуобразовани, кои скоро цел
нивен живот се изработиле по фабриките кои уште мислат дека во
Македонија нема телевизори.
Тие ти се
конзервативци,тврдоглави и полуобразовани луге кои ја користат црквата и за
свои лични интереси, прават еден затворен круг , нешто како клан а не
лоби група. И ако си од Свети Николе можеш само да се залажуваш дека
можат да ти помогнат или не дај боже да те заштитат.
Арно ама ако
си од Битола или некое си Битолско село и имаш роднина во црковниот
одбор , можеби и стипендија ќе ти дадат за фалкутет а за да не бидеш
осамен дури и на девојката твоја ќе и ја наредат работата.
Такви
импресии не воодушевуваа кога прв пат дојдов во Охајо . Секој со својата
среќа или несреќа се снаоѓаше како знае но секако има добрина кај многу
луѓе кои знаат како е да си новодојден имигрант .
Дури и
Сомалијците кои до вчера водеа племенски војни , на еден од најголемите
Универзитети во Северна Америка “Ohio
State University” имаат стипендиска
програма. Досега немам слушнато да нашиве имаат таква програма или пак
иницијатива.
Д.Г.
|