македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт

 

Во овој број на нашиот електронски весник "ВАВИЛОН" може да прочитате за:

 

Лични творби на наши Вавилонци:

 

 

Галерии:

- Модели;

- Карикатури;

- Стрипче;

 

 

Вавилон кујна;

 

 

Вицотека;

 

 

СМС избор;

 

 

Песнарка;

 

 

 

ПРЕТХОДНИ БРОЕВИ НА ЕЛЕКТРОНСКИОТ ВЕСНИК  "ВАВИЛОН" (кликни)

 

 

 

ЛИЧНИ ТВОРБИ НА НАШИ ВАВИЛОНЦИ

 

 

Слободната мисла на младиот човек

 

До кои граници би отишло слободното мислење на младиот човек. Се прашуваме дали тоа, познава граници и ограничувања. Како некој залутан чун во разбранувано езеро младиот човек плови со неговите лични визии, идеи и сфаќања на денешниов замрсен од прашања и скромни одговори свет. Влегувајки од ден на ден во реалниот свет и обидувајки се да ја сватиме поентата на животот, стекнувајки се со нови работи, иако животот и се на светот е толку комплексно и сложено што не може туку така да го определиме почетокот и крајот на нештата, и како што животот ни покажува постојано: нема ништо сосем ново на светот. Помалку искусен од животните збиднувања одејки нанапред влегувајки во колоната на животните патишта, стремејки се да ја оформи својата личност и во неа да се препознае себе си , неретко се случува размислувањето да го наведе во погрешна насока, односно, да излезе од движењето на правиот пат, и да стане заложник на денешните современи пороци на младината. Најчесто неискусвото, љубопитноста, желбата да се проба, лошото друштво, се причините за падот на младинците во канџите на нескротливото зло. Ретко кои се враќаат назад , и ако се вратат треба да почнат од почеток и да градат нешто што веќе е срушено. Но не е се залудно, размислувајки во животот за што вреди да се живее како и за што живееме, за убавините на животот, убавите искуства кои не инспирираат. Чекорејки сигурно нанапред гледајки ја светлината пред себе, и уживајки во животните задоволства кои ги носи животот со себе. Затоа драги читатели живејте го животот на начин на кој што вие посакувате да живеете. Бидете свои на свој начин бидете среќни вие и тие околу вас бидејки животот е премногу краток и оди во неповрат. Уживајте во животните радости и бидете сопствени режисери на сопствениот живот кој продолжува со неговиот тек, кој сакале или не некогаш бавно а некогаш пребрзо минува и оди во неповрат!

 

Дарко Јованчевски

jaslicno_dare@yahoo.com

 

За мојата нова љубов

 

Мислев дека нема да се случи тој ден кога ќе ја заборавам мојата прва но и голема љубов. Ете дојде тој ден кога се случи тоа. Случајностите на нашите заеднички погледи се зголемија. Ти и твојот лик, прекрасните плави очи, немирните перчиња од твојата коса ми помогнаа да си ги залечам длабоките рани од една љубов за која што мислев дека нема никогаш да згасне. Кога те погледнав мислев дека шансите да те засакам се многу мали бидејќи неговиот лик се беше врежал длабоко во мене и како некоја внатрешна сила да го туркаше тоа во минатото и го ставаше во списокот на неуспешна љубовна авантура. Стиснувајќи го тоа ти се вовлече внатре и го избриша неговиот лик засекогаш. Но до кога ќе трае оваа љубов кон тебе. Дури ни што имаш девојка не ме спречува да те сакам и се надевам дека има надеж за нас двајца.

 

Ивана Златева

 

  на почеток=

 

 

Да ги уништиме пороците на денешницата и храбро да зачекориме кон иднината

 

Најубавиот човечки период полн со разновидна животна сочност секако е младоста. Самото име потикнува на животна смисла, богатство на еден народ, убавина, љубов, сила, а тагата по неа е уште еден доказ за нејзината возвишеност.

Да се одгледа, воспита, и наобрази една личност е трнлив пат, но сепак благодарен зошто ако плодот созрее, а тоа се случува пред нашите очи тогаш создаваме човек, го поведуваме напред по патот на животот.

Динамичноста на животот, бурната современост е исполнета со убавина но и многу неизвесност. Дел од нив стануваат судбина на личноста, а со тоа и на семејството, средината и општеството. Во тој метеж на мисли во распагањето на размислувањето понекогаш сме немокни се затвараме во својот внатрешен свет немокни да излеземе или пак се случува да излегуваме пребрзо , пребзо од себе губејки се во лавиринтот на надворешниот свет. А токму тука помегу радоста и тагата, силата и немокта во отсуство на животен оптимизам, во отсуство на борбеност стануваме жртва на алкохолот, дрогата, цигарите.

Во што е смислата на овие три пеколни збора?

Пијам, пушам, се дрогирам.....

Внесениот алкохол, испушениот никотин, или земената дрога ја започнуваат својата демонска церемонија и тогаш започнува да владее една нова состојба која не одвлекува од сивилото на тешкотиите и во тој момент чуствуваш олеснување на животниот Товар.

Ако сакаш само еден ден срека опијани се - рекол Тагоре.

Ако сакаш само еден ден надвор од реалноста дрогирај се-велат многу но болката нема да се смири, нема да се намали а радоста нема да се зголеми. Затоа ова другарување би било добро да заврши тука само за еден ден или никогаш и да не започне.

Во таков случај не би имале болни, осамени, зависни,,мртви......

Се обидувале и се усте се обидуваат но препреките се рушат и чекорот продолжува напред. Овие пороци не упатуваат само во погрешна насока која води само до самоуништување кон мрачна иднина. Се започнува со само една цигара се уништува чувството за мирис, кожата почнува да старее, се нарушува работата на белите дробови и следното е дека ти си зависник од цигарите. Со цигарата продолжуваш и со алкохол кој за некого е почеток на денот и крај на нокта. Ако не го консумираш стануваш избезумен, неспособен за работа. Алкохолот го уништува угледот на младите во нивниот круг и пошироко .Првин цигара па чашка алкохол и на ред е дрогата .За неа знаеме од телевизија , од весници, а од скоро за неа слушаме дека е присутна и мегу нас. Дрогата е билет во еден правец. Штом тргнеш по тој пат веке нема вракање назад. Првин ја земаш, а потоа таа тебе те зема. Младиот човек во потрага по идеалното сака да влезе во свет со чудни бои без никакви грижи свет кој прави да се чуствуваш пријатно а потоа полетуваш , се оддалекуваш од најблиските од саканите .

Ние како млади луге чија примарна цел е здрав, убав спокоен живот за да ја постигнеме нашата лична срека трба да сме цврст бедем и пред сето ова да застанеме со едно цврсто, решително НЕ зошто тоа е мој живот, а господар сум јас.

Чуден е човечкиот разум. Имаме голем напредок во науката, техниката, културата, а расте и оружјето за самоуништување. Ова е парадоксот на денешницата. Бараме убавина , добиваме самоубијци кои се лишуваат од својот младешки живот. Уште еден парадокс - се гнасиме од нив но сепак се дружиме со нив. Затоа целта на секој поединец , секој здрав човек е да ја пренесува вистината за злото што не демни и се што ке превземе да биде силно мотивирано од името на човекот и човештвото и на напредокот на човекот.

Совесен млад човек сака својот мозок да го употреби а не да го уништи. А тоа значи дека е човек, а човек од памтивек го одржува зборот - борба.

Борба да се одржи во природата;

Борба за повисока интелигенција;

Борба за профит;

Борба или триумф;

Борба за освојување на нови територии;

Борба за да се симнат прангите на зависноста од некој и нешто и да се тргне напред во борба за спокоен живот кој ке ги прими младите во свое успокојство и блаженство.

Затоа Во името на трезвеноста во името на непоматениот ум треба да се бориме за животна мотивација , за позитивно амбициозни луге кои ке умеат да креираат , творат, да се дружат, да го освојат светот со своите знаења, иновации со здрав интелект. Но злото не е само на оној што го прави туку и на оној што може, а не го спречува. Ние самите сме тие кои можеме да речеме НЕ и да бидеме погодна почва за мирен, срекен живот.

Возрасните нека ги подржат младите и нивните напори , и со силна подршка трба да се покаже како трба да се дојде до вистинската цел на животот.

Слободанка Ефремова

наставник

  на почеток=

 

 

Еколошка чиста средина и добро здравје

 

Екологија е наука за заштита на животната средина. Ние треба да ја чуваме нашата околина, а не да ја загадуваме и да ги уништуваме нејзините убавини, затоа што таа ни возвраќа на ист начин ако ја чуваме. Но сепак најголем загадувач и штетник на животната средина е човекот. Поради неговата несвесност и неодговорност страдаат голем број реки, езера, како и почвата и воздухот. Со појава на науката и техниката се изградуваат голем број на фабрики, кои се главни штетници на нашата средина. Отпадните води од фабриките одат дирекно во реките и околните места, и уништуваат голем број растителен и животински свет. Од фабричките оџаци излегува чад кој придонесува до ширење на озонските дупки, што претставува опасност по нашето здравје. Исто така големи загадувачи на животната средина се и автомобилите. Тие го загадуваат воздухот на тој начин што при согорување на обичниот бензин тој исфрла издувни штетни гасови. Затоа во поново време е во тренд е се по намалената употреба на обичен бензин, а во употреба е безоловниот бензин со кој ќе се подобри нашиот живот, како и животот на нашата средина. Освен реките и езерата, загадени се и морињата, од пловидбата на сообраќајните превозни средства и од многубројните притоки кои со себе носат голем број отпадоци, кои придонесуваат за нивно загадување. Ние сакаме да имаме чиста животна средина, но затоа треба да превземеме некои мерки, кои ќе ни помогнат да дојдеме до саканата средина и подобро здравје. Но прво треба да го решиме проблемот со најголемиот загадувач фабриките. На фабричките оџаци треба да се постават филтри, кои ќе го намалат загадувањето на средината. Највеќе треба да се советуваат децата уште од мали да ги фрлаат отпадоците во канта за отпадоци, затоа што ако не се советуваат сега во иднина ќе го прават спротивното кое не и одговара на мајката природа. Најголеми прочистувачи за нас, претставуваат шумите, па затоа треба да посадуваме и дрвја кои ќе не спасат и ќе не доведат до чиста средина и подобар живот.

Марија Петкова

 

 

Млади и неоткриени таленти

 

Ниеден човек не се родил со знаење во неговата глава, туку знаењата ѓи стекнал со тек на времето и со помош на причините кои го влечат за да постигне успех.

Ни Бетовен не се родил со претходни знаења за музиката но со својот талент, но музиката го привлекувала и... тој станал еден од најпознатите музичари во светот. Но ни Леонардо Да Винчи не се родил со слика пред него, тој бил познат уметник, но за да дојде до тоа тој за сите представувал НЕОТКРИЕН ТАЛЕНТ. И еве... од овде почнува целта која сакам да ја кажам. Сакам да кажам дека во светот постојат многу личности кои се млади неоткриени таленти за било која работа, можеби и јас сум неоткриен талент, можеби ти, но сепак со многу трпение и време ќе се откријат талентите, и светот ќе го потполни местото кое беше резервирано за идните уметници, музичари, спортисти... но сепак време е да почнам јас, и вие да ги откриете талентите кои се во вас, да не ги задржуваме за себе, и да му покажеме на секој, што живее во нас, и што ќе биде од нас помладите. Не дозволувајте да ви ја променат мислата за иднината, не дозволувајте да ве разбудат од сонот кој го сонувате долго време, но знајте дека каков и да е талентот, каква и да е духовноста во вас, сепак вреди да се покаже, затоа што можеби и вие ќе се споменувате во некои списаниа, текстови... зар не го сакате тоа, зар сакате да ве сметаат сеуште за неоткриен талент?

Марија Петкова

 

  на почеток=

 

Музиката го примила моето срце и ја облагородува душата

 

Шумолат брезите, се нишат гранките на жалната врба која ги мие своите коси во бистрите езерски води. Се бранува езерото и удира во карпите распрснувајки се во ситни пенливи капки, а мене ми ѕунат звуци од најголемиот оркестар кој ја свири својата најубава рапсодија.

Се вртам наоколу. Каде се музичарите?

Кои се тие инструменти што испуштаат толку милни звуци кои ја разгалуваат и облагодаруваат душата? Не ги нема. Тоа е моето срце заробено во прангите во музиката и нејзините акорди.

Со кое име да се означи музиката , чии извори се совпаѓаат со потеклото на човештвото, чија ѓеографска распространетост ги зафака сите делови на светот со различна цивилизација, а сепак исполнети со музика. Звукот на балалајката во далечниот Сибир, ударот на тапаните во пустинските ноќи на Африка, шпанскиот танц пропратен со заносните звуци на гитарата, бузуките покрај брегот на Егејот и писокот на зурлите во мојата Македонија е музика која не зависи ниту од пишани композиции, музички теории и системи. Таа преставува наследство од етнички генерации кои опстојуваат во свеста на различни народи. Таа не познава граници и мередијани. Зар за неа не треба визи и пасоши. За неа нема боја раса и вера. Со неа се најавува доагањето на нов живот, и заминувањето од него. Можеби сето тоа претставува ембрионален, примитивен музички свет, но преку неа се нуркаме во тајните на магиското дејство на звукот понесени од творечката имагинација. Посакуваме да го оживееме епот на исконската историја влегувајки во опасност таа маѓиска мок да завладее со нашиот дух. Силата на музиката нечујно навлезе во секоја пора на моето и на туѓите битија, а моето срце со раширени раце ја прими за да другарувам со неа во радосни мигови , да ме разголува во моите младешки ноќни лудувања или да ме теши во моите љубовни таги.

Музиката ми го опи умот и загосподари со моите чувства. Таа го спои моето нереално имагинарно, моите детски чувства со моето денешно битие. Таа ме поведе во еден нов свет на моќта нејзина и проникнав во неа, во нејзината рустичност.

Таа ме понесе на своите крилја, ме внесе во нејзините двори, во нејзиниот свет. Таа беше космичка казна: да ме сака и да ја сакам-музиката. Таа е пеперутка која постојано ја гониш и никако не можеш да ја фатиш. Секоја нок се раѓаат илјада ноти, а секое утро згаснува по една нота и кога ја барам душата на таа нота музиката ја барам како школка на морското дно, а јас сум нуркач на кој не му е потребна опрема. Музиката е во моето срце, таа ми ја облагодарува душата и ме води напред кон површината а таму ме чека иднината-животот. Па и таму и тогаш се нека биде музика.

Слободанка Ефремова

наставник

 

ПРОЛЕТНА СЛИКА

 

Северецот почна да ја губи својата сила. Во воздухот затрепери свежото и нежно ветре развигорче. Од неговото голење кокичето ги отвори своите бели, снежни цветчиња. Неколллку дена по нивното доаѓање пристигна принцезата Пролет со својата раскошна кочија. Природата полека и незабележливо се менуваше. Пролетта ја распосла својата зелена коса насекаде . Од својата кошница ги извадисите цветови и ги расфрла по дрвјата. Опојниот мирис од цвекињата ги натера првите гости ,пчелките да почнат да собираат полен. Славејот со својата милослива песна ги повикуваше децата за весела игра. Сонцето со своите златни зраци ја посребрени водата во потокот. Тој започна да жубори и да ја излева својата животворна песна. Мечките се разбудија од зимскиот сон и започнаа да крадат мед од вредните пчелки. Пролетта ги облече дрвјата во разновидна , богата руба. Зелениот килим го красеа шарените цвекиња и веселиот танц кој го виеја шарените пеперутки. Овчарот ги истера своите стада да пасат млада , сочна трева. Бели како снег јагненцата рипкаа покрај своите мајки и грицкаа зелена, мека трева. Пролетните облачиња ги испуштија своите први сребрени капки. Просторот се исполни со веселиот птичји пој и мирисот од цвекињата. Зуењето на пчелките и опојниот мирис од цвекињата се вистинска слика на пролетта. Пролетта насекаде распосла радост. Радосни се цветчињата оголени од топлото сонце, радосни се и птиците што се вратија во своите гнезда. Но најрадосни сме ние што влеговме во светот на кралицата Пролет.

 

Цветанка Илиевска

 

  на почеток=

 

Разликата меѓу лидерите и следбениците

 

Си бил еден дедо кој со своето внуче, кое имало шест седум години, и со своето магаре тргнале на пат. Дедото се качил на магарето, а детето одело пешки. По пат сретнале некои луѓе кои почнале да коментираат колку е лош дедото што го оставил кутрото дете да оди пешки, а тој се качил на магаре. Дедото кога слушнал тоа се засрамил, се симнал од магарето, го качил детето, а тој продолжил пешки. Попат сретнале некои луѓе кои изустиле дека дедото е многу глупав - детето младо здраво, го качил на магаре, а тој старец едвај оди пешки. Дедото кога слушнал се качил и тој на магарето и го продолжиле патот, двајцата на магаре. Понатаму сретнале друга група луѓе кои рекле - за гревови, магарето ќе го умрат и двајцата се качиле на него, будала старец. Дедото кога го чул тоа се симнал од магарето, го симнал и детето и продолжиле и двајцата да патуваат пешки со магарето. Но, по патот сретнале луѓе кои почнале да викаат и да се смеат: колку се глупави имаат магаре, а одат пешки. Значи, ако во животот секогаш се следи она што го зборуваат другите нема да стигнеш никаде и затоа треба единствено да го следиш својот пат - да размислиш добро, да имаш јасна визија и да го правиш најдоброто. Тоа е разликата меѓу лидерите и следбениците.

 

 

БЕЗ НАСЛОВ

 

Во воздух...

Како на лист хартија

со солзи наместо зборови

го испишав твоето име

како фрагмент од една илузја

го фрлив во заборав

ветерот да го носи.

 

Но времето камен го стори

обвиени во мрежа од носталгија...

Кога би сакал мој да се викаш

ти имааш најубави очи на светот

подари ми насмевка лесна и ведра.

Ти имаш најтопла прегратка на светот,

О, кога би сакал во неа да ме чуваш...

Ти можеш толку нежен да бидеш

О, кога би сакал мој да се викаш.

 

 

 

 

МОЈАТА ПОЕЗИЈА

 

Препушти им се на чувствата

ослободи ги сетилата

и полека,тивко,нечујно

допри (допри) до душата...

Еј, ти сатанијо нека бог те сопре

како силата негова

ја надвладее последната

грешка од твојата моќ.

 

И кога ке отпочне битката

ти, љубов повикај ме...

да посведочам на победата

на добрите над злото

Нека сатанската убавина

биде победена од светлината

нека се роди животот,

нека отпочне поново, нека тече повторно

 

 

 

 

ТИ И СПОМЕНОТ ЗА ТЕБЕ

 

Си дојдов дома да бидам со тебе

да го почувствува споменот

да те погледам најмило

да те најдам близок.

 

Да ја погалам најмеката коса на светот

да ме помилува најубавата насмевка

да потонам во најубавата прегратка

од спомените за тебе.

 

Господ ми го дари најубавиот ден

ми те донесе тебе пред праг мој

тој ми ја дари најубавата по,

тебе-главна ролја во сонот мој.

 

Спиј ми злато убаво ти дадов благ сон

сонувај недостижен мој низ висини твој!

Небото е граница,Љубовта-перница

Сонот-животна реалност, а јас те сакам.

Во споменот за тебе...

Еден бакнеж за добра ноќ.

 

Маја

 

 

 

 

Зимски Горештини

 

Зима е, горештини жешки

жив мртовец на коњ јава пешки.

Стар младич по пустина оди

Кај што патот не го води.

Ние сме ученици,

На школото мачениици.

Борба ќе водеме

само на школо да не одеме.

 

Мики Панев

 

 

 

За мојата љубов!

 

Вечерва се е тивко

Мислам и пишувам за тебе...

Кога прв пат ги видов

Твоите очи почна љубов

Силно во срцето да се точи!

Ах твојот насмеан лик

 

Дали знаеш дека

Ме мачи во секој миг!

Срцето мое се побрзо чука

Кога си до мене близу тука!

Солзи бисерни од очи ронам

Од голема љубов за тебе горам.

Тие твои усни благи на моите

Секогаш оставија траги!

 

Кога те љубам...

И посакувам никогаш да

Не те загубам.

Многу сум среќна со тебе

А мислам дека и ти со мене!

Ох ќе пукнам од мака

Кажи ми те молам:

Дали и ти мене ме сакаш?

Љубен помогни ми те молам

За твојот бакнеж очајнички

Горам!

 

Има мигови кога душава

Немир ја коси има мигови кога

Ветрот твојот глас ми го носи!

Понекогаш...ми недостигаш

Многу

И сакам барем за миг да ти

Го слушнам гласот затоа

во телефонот го барам спасот.

А и сега мојата диша

Посакува да те слуша!

Вистинското време сега не е не!

 

Ти слатко мој ангелу спиеш

И се надевам дека мојот

Лик во сонот го криеш!Лажеш ако кажеш не е така

Јас чуствувам дека

И твоето срце ме сака!

И можеби "помалку" ме сака

Од она колку што јас

Те сакам тебе!

Но и да е така тоа не ми

Претставува

Баш некоја голема мака...

 

Не можам да те заборавам знај

ќе те љубам до крај!

Кога сонцето ќе изгрее од

Запад

И кога глувиот ќе го чуе

чуќањето на мртвото срце

Ќе ти кажам дека "не те сакам"

А длабоко во себе сум убедена

Дека

Сум создадена само за тебе

А дали и ти за мене?

 

Ивана Алексова

 

 

 

ДА СЕ НАСМЕЕМЕ

 

ЗАЈАКОТ И ЖЕЛКАТА

 

Една шега ке ви кажам јас ,

Која ја смислив само за вас.

Желката сака,со зајко да се трка

А зајко само сака, моркови да крка.

Желката беше многу вредна,

Како неа не беше ниту една.

Зајко беше многу брз,

Тој можеше да стигне и со еден прст.

Но мрзлив многу беше, тој зајко,

тој малечок кукурајко.

Желката тоа го знаеше сега,

Знаеше таа дека победата не и бега.

Дали ви се допадна оваа шега,

која јас на вас ви ја кажав сега

и ајде сега сите,за да има срекен крај,

правете шеги зашто наскоро ке дојде мај.

 

Милка Стојковска  VI4odd.

 

 

  на почеток=

ГАЛЕРИИ

 

МОДЕЛИ

 

   
         
   
         
   

 

     
     

Емилија ЈАКИМОВА

 

 

КАРИКАТУРИ

 

   
         
   

 

     
     

Кирил ДАВИТКОВ

 

 

 

  на почеток=

 

ВАВИЛОН КУЈНА

 

ОВОШНА ТОРТА

 

Потребно:

400гр. лишкоти

250гр.шекер во прав

800гр.кисела павлака

2 ќесички шлаг пења (или слатка павлака околу 500мл.)

1кг. овошје

 

Подготовка:

Киселата павлака и шекерот лесно пемешајте ѓи со лажица. Изматете ја слатката павлака или шлаг пења. Подгответе го овошјето.Најдобри се малините, може и замрзнати.Но може да комбинирате овошје по ваша желба.Во длабока чинија за служење редете ред пишкоти, па кисела павлака со шекер,па овошје, пишкоти, повторно павлака, овошје,пишкоти и на крај шлаг пењата.Оставете ја тортата преку ноќ во фрижидер.

Ова е прекрасна торта за освежување.Пријатна е за јадење напролет и преку лето.

 

Варијанта за лето: наместо кисела павлака можете да користите сладолед направен од кесичка.Тогаш ова ке биде извонредна летна торта

 

 

 

Никола Наунов 6-1одд.

 

 

МАРЌИЗА ТОРТА

 

Потребно;

Тесто:

250гр. шекер

250гр. путер или маргарин

250гр. чоколадо

4 јајца

1 ќесичка ванилин шекер

90гр. нишесте

Англиски крем:

500мл.млеко

5 жолчќи

125гр. шеќер

Екстрат од ванила

Подготовка:

На пареа истопете и изматете ги чоколадото, маргаринот, шекерот, ванилиниот шекер и жолчките. Тргнете од пареата, додајте го нишестето и снегот од белќите. Смесата печета ја во калап за шарлота предходно намачкан со маргарин и наросен со брашно. По печењето печењето оставете го тестото да се изкади. Извадете од калапот и наоколу украсете со англиски крем.

Англиски крем: ставете ѓи млекото и ванилата да зовријат.Матете ѓи жолчките и шекерот додека не побелат. Потоа додајте една третина од млекото,а подоцна и целото млеко. Смесата вратете ја на ринглата и на ниска температа матете ја со дрвена лажица. Кремот не смее да зоврие. Готов е кога ќе останува на лажицата.

 

 

 
 

  на почеток=

 

ВИЦОТЕКА

 

  ☺☺☺

Дајте ми ја таа помада од 200 денари.
- Мислите на оваа од 300?
- Да токму таа од 400. Колку чини?
- 500 денари.
- Повелете, еве ви 600 денари. Уште 100 денари ви останувам должен.
- Нема проблем утре ќе ги донесете тие 200 денари.
- Секако, зарем ќе се срамам за долг од 300 денари.

☺☺☺

Си биле три црнчиња и се препирале кој од нивните татковци е најцрн.
Првото рекло: Мојот татко кога ке се исече му тече црна крв.
Второто рекло: мојот татко кога ке се исече му се гледа црна коска.
Третото рекло: А мојот татко кога ќе прдне два дена сме во темница!!!

☺☺☺

Ментални играле фудбал во авион. На пилотот еден ментален му барал да сврти едно крукче, а овој му рекол прво да ги смири другарите. И после некое време ги смирил и пилотот го прашал како му успеало, а тој рекол дека им ја фрлил топката низ прозорот.

☺☺☺

Влегува докторот во лудница и ги прегледува пациентите:
- Кој си ти?
- Мене господ ми рече дека сум Наполеон Бонапарта.
Од другата соба се слуша:
- Ништо не сум му рекол.

 

☺☺☺

НЕКОЕ ДЕТЕ ВО ЛУДНИЦА И ПИШУВА НА МАЈКА СИ:
-МАМО ОВДЕ Е МНОГУ УБАВО,ИМАМЕ СЕ ШТО САКАМЕ,СЕКОЈ ДЕН СЕ КАПИМЕ ВО БАЗЕН А КОГА СМЕ УМНИ НИ ПУШТААТ И ВОДА.

☺☺☺

Писмо од таткото битолчанец до синот кој е на студии во Скопје: Еве синко, ти ги пракам оние 500 денари за кои ми напиша дека многу ти требаат.и запамти веке еднаш, 500 се пишува со две нули, а не со три...

☺☺☺

Еден човек одел по улица и зад себе влечел јаже. Еден минувач подолго време го гледал и неможел да издржи,а да не го праша:
-Зошто го влечеш јажето?
Човекот малку подзастанал и му одговорил:
-Па се обидов да го туркам,но не успеав.

☺☺☺

П: Зашто плавуша носи компјутер во болница?

О: Да го вакцинира против вируси !

П: Што прави плавуша на хартија?

О: Вози Ауди А4 !

П: Како полицаец лови риби ?

О: Фаќа една риба и ја тепа додека не признае каде се другите.

 

 

Иван МАСТЕВ

 

  на почеток=

2СМС ИЗБОР

2Ако ме сакаш читај ја поракава.ОК, Сега сум сигурен дека ме сакаш. Уште читаш? Па ти многу си ме сакала. Тогаш и јас те сакам, ама повеќе.

2Ова што ќе ти го кажам, ќе те разочара знам, ама вистината мора да ја дознаеш. Знам дека ќе ти биде тешко да прифатиш, ама Дедо Мраз не постои.

2Има нешто во срцето твое што прави да го сакам како да е мое. Вечноста со тебе е како капка во море, а секој миг без тебе е пустина каде секое зрно е копнеж.

2Не дозволувај сеќавањето на мене да остане само спомен, зошто спомените се само минато. Сеќавај се на мене со љубов, зосто само љубовта е вечна.

2Можеби судбината не раздели, можеби животот зема дел од нас, но сеќавај се на оној час кога се запознавме ти и јас.

2Еј слушај во болница сум...
Не плаши се не е ништо страшно, пронајдено ми беше песок во жолтчката, камен во бубрегот и "ТЕБЕ ВО СРЦЕТО"

2Престанувам да те сакам, престанувам да те посакувам, престанувам со тебе љубов да делам, престанувам пораки да ти пишувам.....но само кога ке престанам да дишам.

 
 

2Од небото се симнаа Сонцето и Месечината заедно со FBI и ја бараат најубавата ѕвезда што им избегала. Не грижи се, нема да им кажам каде си.

2Чекањето ми го крши срцето, чекањето е вечнист. Ке те чекам и кога други ми кажуваат "НЕ ВРЕДИ", но јас знам она што е во срцето мора да победи.

2Колку малку е потребно да љубовта срца состави, но уште помалку душо е потребно да тагата срца раздели.

2Сакам ги your eyes, заота што се very nice, малку look at me, и после тоа don't forget me, срце мое тик так for you, because I LOVE YOU.

2ТВОЈОТ ПОГЛЕД - магија, ТВОЈОТ ГЛАС - мелодија, ТВОЕТО ТЕЛО - фантазија, МОИТЕ МИСЛИ - грев, ТВОЈАТА ПОКАНА - исчекување, НАШИОТ СОСТАНОК - остварен сон...

2Како да те повикам во мојот живот , кога е живот краток, како да ти кажам сонце, кога денот поминува, да те наречам цвет, цветот вене. Ќе ти кажам ДУШО МОЈА, бидејки душата е дел од мене!!!

2Дишем за тебе, живеам за тебе, постојам за тебе, мое срце чуца за тебе, па заблогадари се на мојата мајка што ме родила само за тебе.

Марјан Наумов

 

 
  ПЕСНАРКА

-ТОШЕ ПРОЕСКИ-

МАКЕДОНИЈА НАВИВА ЗА ВАС

Ова е земја на шампиони
во срце што ја носиме,
и во радост и во солзи
ние ќе те бодриме.
Нека грми на трибини
кога за тебе пееме
ќе ни даде Господ сила
заедно да славиме.

Македонија навива за вас
Пеат милиони како еден глас
Македонија сака победа
Милион срца-една молитва

Јави се јужна, север и запад
нека не чујат колку сме,
црвено-жолта, тоа е боја
за која живот даваме.

Нека знае сега светот
за нас Македонците,
едно сонце на Александар
нас ни свети в градите.

Македонија навива за вас
Пеат милиони како еден глас
Македонија сака победа
Милион срца-една молитва

Македонија, Македонија

Македонија навива за вас
Пеат милиони како еден глас
Македонија сака победа
Милион срца-една молитва.

 

 

 

 

- Владо Јаневски-

Од овој ден

 

Јас кого би сакал ако не си ти,

И со кој би делел бол и радости,

Моето срце ти е дом и одаја,

Од надеж светната и со нежност послана

Кој, кој би ме чекал ако не си ти,

Пак да ти се вратам од далечини,

Од очите твои грижата да истече,

И бликне љубовта штом ти речам еве ме,

 

Од овој ден Ти си ми единствена

И погледни на дланка си ми впишана

Ко златна до срце линија засекогаш крај мене најмила

Од овој ден Ти си се што ми е свето

И погледни само за нас времето

Од рози пат распостила

И одам до крај со тебе најмила

 

Свет што од лицето ти изгрева

Дожд и црни облаци ќе растера

Во овој живот и во сите претходни

Најубавото што ми се случи тоа си ти

 

Од овој ден Ти си ми единствена

И погледни на дланка си ми пишана

Ко златна до срце линија засекогаш крај мене најмила

Од овој ден Ти си се што ми е свето

И погледни само за нас времето

Од рози пат распостила

И одам до крај со тебе најмила

 

 

 

     

-The Killers-
Human

I did my best to notice
when the call came down the line
up to the platform of surrender
I was brought but I was kind
and sometimes I get nervous
when I see an open door

close your eyes, clear your heart

cut the cord
are we human or are we dancer
my sign is vital, my hands are cold
and I'm on my knees
looking for the answer
are we human or are we dancer

pay my respects to grace and virtue
send my condolences to good
give my regards to soul and romance
they always did the best they could
and so long to devotion,
you taught me everything I know
wave good bye, wish me well

you gotta let me go
are we human or are we dancer
my sign is vital, my hands are cold
and I'm on my knees
looking for the answer
are we human or are we dancer

will your system be all right
when you dream of home tonight
there is no message we're receiving
let me know is your heart still beating

are we human or are we dancer
my sign is vital, my hands are cold
and I'm on my knees
looking for the answer

you've gotta let me know
are we human or are we dancer
my sign is vital, my hands are cold
and I'm on my knees
looking for the answer
are we human
or are we dancer

are we human or are we dancer

are we human or are we dancer

 
 

-milow -
Ayo Technology

She work it girl, she work the pole
She break it down, she take it low
She fine as hell, she about the dough
She doing her thing out on the floor
Her money money, she makin' makin'
Look at the way she shakin'
Make you want to touch it, make you want to taste it
Have you lustin' for her, go crazy face it
She's so much more than you're used to
She know's just how to move to seduce you
She gone do the right thing and touch the right spot
Dance in you're lap till you're ready to pop

She always ready, when you want it she want it
Like a nympho, the info
I show you where to meet her
On the late night, till daylight the club jumpin'
If you want a good time, she gone give you what you want

Baby this a new age,
You like my new craze
Let's get together
Maybe we can start a new phase
The smokes got the club all hazy,
Spotlights don't do you justice baby
Why don't you come over here, you got me saying

Aayooh
I'm tired of using technology,
Why don't you sit down on top of me

Aayooh
I'm tired of using technology
I need you right in front of me

In her fantasy, there's plain to see
Just how it be, on me, backstrokin',
Sweat soaking
All into my set sheets
When she ready to ride, I'm ready to roll
I'll be in this bitch till the club close
What should I do, one thing on all fours
Now that that shit should be against the law
Different style, different move,
Damn I like the way you move
Girl you got me thinking about,
All the things I do to you
Let's get it poppin' shorty
We can switch positions
From the couch to the counters in my kitchen

Baby this a new age,
You like my new craze
Let's get together
Maybe we can start a new phase
The smokes got the club all hazy,
Spotlights don't do you justice baby
Why don't you come over here, you got me saying

Aayooh
I'm tired of using technology,
Why don't you sit down on top of me

Aayooh
I'm tired of using technology
I need you right in front of me
She wants it, she wants it
She wants it, I got to give it to her
She wants it, she wants it
She wants it, I got to give it to her

Baby this a new age,
You like my new craze
Let's get together
Maybe we can start a new phase
The smokes got the club all hazy,
Spotlights don't do you justice baby
Why don't you come over here, you got me saying

Aayooh
I'm tired of using technology
I need you right in front of me


 

 

 
 

  на почеток=

 

 
 

прва страна | профил| активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2008 Организација на жени - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster Ал.Бог.