македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
  Почитувани пријатели - наши читатели,

Еве не повторно со Вас.Иако летните одмори се веќе започнати тоа не не спречува да ви поклониме уште еден електронски весник со многу интересни текстови. Им се заблагодарувам на сите оние што одвојуваа и ќе одвојуваат време за нашиот весник , на сите оние кои ни помагаат со фотографии и текстови.
Ја упатувам поканата до сите оние кои имаат текстови кои би биле интересни за нашите читатели да ни ги испратат на vavilons_nikole@yahoo.com и на  svetinikole@mladi.gov.mk  .


Ве поздравувам сите и Ви посакувам, каде и да сте, со кого и да сте имајте прекрасни моменти, добро време и добра забава во летото 2005.

22  Јули 2005 година,
Вавилон Центар - Свети Николе
Искрено Ваш,
Александар Богатинов

Во овој број на нашиот електронски весник "ВАВИЛОН" може да прочитате за:

Од Свети Николе и Светиниколско :

- Свети Николе конечно има со што да се гордее;

- Свети Николе добива нов лик;

- Македонска народна носија;

Претставници на Виенската класика ;

- Франц Шуберт;

Автомобили;

- Мачка на тркала;

- Припремање на смесата и процес на согорување;

-Летен камп - Чеплес 2005;

- Цели на логорување;

- Пливање;

Активности на Детски Парламент на Македонија за Свети Николе;

- Посета на Собранието на Република Македонија;

- Правилно користење на слободното време;

- Меѓународен летен камп - ДПМ 2005;

- Светите карпи Метеори и нивната историја прв дел;

- Боговите кај Старите Грци;

- Услови за одгледување на Гладиолите во реонот на Свети Николе;

- Дрогата-билет во еден правец;

- ХИВ / СИДА ;

Надворешни соработници :

- Оплодување, бременост и окотување кај домашните зајаци;

- Техника на сликање - пастел;

- Добредојдовте во светот на видео игрите - NBA live 2005;

-СМС ИЗБОР;

- Учење од камелеонот;

- Лични творби на наши Вавилонци;

- Вавилон кујна;

- Вицотека;

- Песнарка;

ПРЕТХОДНИ БРОЕВИ НА ЕЛЕКТРОНСКИОТ ВЕСНИК  "ВАВИЛОН" (кликни)

 

 

ОД СВЕТИ НИКОЛЕ И СВЕТИНИКОЛСКО

Свети Николе конечно има со што да се гордее

Градскиот мандолински оркестар освои второ место на фестивал на мандолински оркестри во Хрватска

Во месец Септември 2004 година неколку ентузијасти, вљубеници во мандолината и нејзиниот звук го формираа Градскиот мандолински оркестар-Свети Никола од Свети Николе.
Ниту најголемите оптимисти, па дури ни самите оркестранти, не можеа да поверуваат дека за така краток период, оркестарот ќе постигне одлични резултати. Како резултат на квалитетот со кој што оркестарот располага, но пред се како резултат на несебичното залагање на сите членови, оркестарот доби покана да учествува на силниот меѓународен фестивал на мандолински оркестри - Мандолина Имота
што оваа година од 26 - 29 Мај по десетти пат се одржа во градот Имотски- Република Хрватска.
Заминувањето на оркестарот беше неизвесно до последен момент пред се поради финансиските потешкотии, но поради добродушноста на неколку фирми, организации и здруженија од општината, оркестарот замина и беше дел од овој фестивал.
Фестивалот се состоеше од две натпреварувачки вечери, а во вечерта на нови композиции т.е композиции кои што за прв пат беа изведени на овој фестивал нашиот мандолински оркестар со композицијата - Доне Мамино од композитор и диригент Кирил Трајковски во конкуренција на уште осум други мандолински оркестри го освои одличното второ место.
Од страна на претседателот на стручното жири кој што инаку е професор на музичката академија во Загреб, беше истакнато дека мандолинскиот оркестар - Свети Никола е вистинско освежување за самиот фестивал, дека сите учесници на фестивалот биле сведоци на нов призвук, на нешто ново, на презентација на изворниот македонски фолклоре, преку композиции за мандолински оркестри.
Во првата вечер на фестивалот - оркестарот настапи и во ревијалниот дел со неколку композиции од својот репертоар. Покрај тоа што оркестарот во Хрватска ја презентираше македонската култура и фолклор, оркестарот овде на вистински начин беше претставник на својот град и својата држава.
Оркестарот на организаторот и останатите учесници на фестивалот им подари и промотивен материјал кој се состоеше од книга со десет композиции - суити за мандолински оркестри - Под Источно Небо од Кирил Трајковски, флаери со информации за оркестарот, за градот - за неговиот настанок, каде се наоѓа, книга за градот и можностите за инвестирање во него, разгледници од Свети Николе.
Како резултат на одличниот впечаток кој што оркестарот го остави во Хрватска беше добиена покана за учество на фестивалот и следната година, меѓу другото беа остварени кон такти со оркестрите од Загреб, Сплит, Љубљана, а воедно беа упатени покани на адреса на оркестарот да бидат одржани цело вечерни концерти во овие градови. Колку овие планови и жел би ке бидат реализирани останува да видиме. Се
зависи од фина нсиите како и од желбата и можноста на градот и локалната самоуправа морално и финансиски да му помага на оваа гордост на градот. Затоа што ретко кој друг град во Македонија ја има привилегијата да има нешто со што ке се гордее. Дефинитивно Свети Николе не треба да ја пропушти оваа шанса.
Оркестарот кој инаку го сочинуваат членови од различни генерации, секој со свои обврски, се надеваат дека градот секогаш ќе биде со нив и дека сите планови за настапи, учества на фестивали, гостувања, целовечерни концерти ќе бидат реали зирани.
Оркестарот во следниот период ќе работи на презентација на своето прво це-де кое наскоро треба да излезе.
Дека навистина постојат и такви на кои ни оддалеку не им е драг успехот на оркестарот покажува фактот што
како награда за одличниот настап во Хрватска, оркестарот и тоа во својот град од свои сограѓани кои што ке се препознаат во овој текст беше избркан од просторијата за работа во Домот на културата и тоа ни помалку ни повеќе туку на денот на културата.
Но наспроти таквите, постојат и луѓе кои секогаш ги подаваат своите раце за доброто на сите, во овој случај на културата.
Овој момент ке ја искористам да ја споменам огромната благодарност на сите членови на оркестарот до Ловниот дом за подршката во секој момент.

Мики ТРАЈКОВСКИ
Авторот е апсолвент
на студиите по новинарство
и новинар во Канал 77

  на почеток=
 

 

Свети Николе добива нов лик

Започна реконструкцијата на градскиот плочник

Со доаѓањето на новата локална власт се обистинија најавите дека Свети Николе ќе добие нов лик. Моментално градот е претворен во една градежна зона во која на секој чекор се работи по нешто се прават нови работи или се заменува нешто што веќе е дотраено и му поминал векот.
Она на што Светиниколчани секако дека се многу горди и со душа чекаат да заврши е реконструкцијата на градскиот плочник кој што повеќе од триесет години беше дел од секојдневното живеење на нашиот град.
Со донација преку програмата за Социјална инфраструктура СИП 3 на Владата на Сојузна Република Германија и Министерството за транспорт и врски на Владата на Република Македонија пред само една недела започна реконструкцијата на градскиот плочник.
Замислено е Свети Николе да добие современ и модерен плоштад по теркот на модерните европски градови, со многу додатни пропратни елементи како што се клупи, канделабри, фонтана итн.
Со реконструкцијата која што се планира да заврши до крајот на летниот период предвидено е да се изврши замена на веке застарената водоводна и канализациона мрежа.
Покрај другот предвидено е во периодот кој што следува да започне изградба на долго најавуваната спортска сала што секако дека претставува позитивен чекор во развојот на градот гледано од спортски аспект, со што младите ке имаат каде да го поминуваат своето слободно време, а секако дека ќе допринесе за уште поголема популаризација на познатата ракометна школа која што постои во нашиот град.
Веќе засилено се одвиваат и работите околу уредувањето на кејот на Светиниколска река, негово осовременување итн , изградба на спортски игралишта во повеќе делови на градот, изградба на локални мали пазари кој што секако дека се од полза на граѓаните.
Она што секако е пред се за поздравување е вработувањето на околу 120 пред се млади невработени луѓе пријавени во центарот за вработување во Свети Николе.
Покрај другот во нашиот град во организација на Локалната самоуправа се одржува традиционалниот турнир во мал фудбал Свети Николе 2005 на кој што свое учество зедоа дваеесет екипи од поштината. Наградите се мошне примамливи. За победниците е предвидена награда од 30000 денари за второ пласираните награда од 20000 денари а за трето пласираните 10000 денари.
Секако ова е знак дека и во мало место како што е Свети Николе имам некакви активности што секако дека е за пофалба.

Мики ТРАЈКОВСКИ
Авторот е апсолвент
на студиите по новинарство
и новинар во Канал 77

  на почеток=

   

Македонска народна носија

Почитувани читатели на електронскиот Вавилон весник ви подготвив една интересна статија која се однесува на изворната традиционална народна носија која ја отсликува културата на Македонија и на Македонците.

Народната носија на Македонците се одликува со голема разновидност. Таа појава е впечатлива не само мегу облеката на населението од различни етнички области, туку и мегу лугето од две соседни села.
Во најстарата носија се сочувани многу архаични елементи, но многу денес се изменети.
Женската народна носија е по разновидна и по раскошна. Главен нејзин дел е туниковидната и долга кошула (риза). Таа е украсена со разнобоен вез, што има поедноставни или по сложени декоративни елементи. Но, во везот преовладуваат црвените и црните тонови. Над кошулата облекувале шајачна гуна, клашеник или саја (со или без ракави). Елекот бил составен дел на сите варијанти, каков што е случајот и со појасот и скутината. Главата ја покривале со шамии, но и со посебен вид на капи од кои најинтересно носеле жените од солунското село Ќулафово. Но за жал народната носија денес ја носат само повозрасните жени и тоа ретко, а главно се употребува по повод на некој свечености или од членовите на разни фолклорни ансамбли.
Машката народна носија која во подалечното минато исклучиво ја шиеле од бел шајак, а потоа само од црн, ја сочинуваат две покарактеристични варијанти. Едната од нив во комплетот ги вклучувала следните делови: платнена кошула (долга до колената и набрана од половината надолу), бели платнени гаки (во функција на панталони), црн или црвен волнен појас, шајачен елек и др.
Во втората варијанта биле застапени поголем број делови. Тие биле сошиени од домашно платно и шајак. Панталоните од овој комплет најчесто биле опточени со гајтани. Главата ја покривале со различни капи честопати шубари. На нозете обувале, исто како и жените, опинци (со или без објала) од нештавена кожа, чевли и др.
Како една од поинтересните македонски носии ќе ја одвоиме овчеполската носија. Скоро целата таа облека била изработувана дома рачно од волна и памук. Само некои суровини се купувале на пазарот како преѓата за ткаење платно, ширити, спринки, монистра, јумаци и свила.
Женската народна носија во главно ја сочинуваат : кошула, елек, пешкир, џукета, манта, шамиче, шамија (црна
или бела) зависи кое време се носела.
Кошулата се изработува од платно кое жените сами го ткаеле дома на домашен разбој. Тоа платно зависело од тоа дали кошулата ќе биде за секојдневна употреба, а за празниците се ткаела од посебна преѓа. На кошулата ставале и украсни работи, а тоа се : везовите на јаките на долниот дел од ракавите како и на предниот и долниот дел на кошулата. Низ везовите често има спринки и сорки. За изработка на сорките се користени свила, монистра, спринки и сосема мали игли. Како основа служеле влакна од опашот на коњот измиени и на специјален начин исплетени со свила. Покрај кошулата во носија спаѓа и елекот. Елекот се изработувал од алаџа-платно кое се изработувало од волна и тоа рачно. Елеците ги изработувале специјални мајстори-терзии. За изработка на еден елек покрај алаџа требало и специјално тканиво од волна. После шиењето на елекот, тој се опточувал со гајтани изработени од предиво на вурка црно бојадисана и доста уцврстено. Кога елекот е готов, се дипли и врз него се става некој потежок предмет за да се измазне. Женскиот елек се шара со свилен ситен ширит. Готовиот елек додека е нов се носи за свечени работи, а поветиот елек се носи секој ден.
Женските пешкири се изработуваат од волнено предиво на памучна основа, со таа разлика
што предивото за пешкири се бојадисува обично алаво, гувезија или црна. При изработка на женскит пешкир се ткајат две дипли не многу долги најмногу еден метар и не многу широки. На него може да има шара по целата ширина или само по краевите. Горе на пешкирот секоја жена носи ѕуница со која добро се притегнува. Ѕуницата е изработена од волнена преѓа како за алаџа само цврсто увртена. Должината на ѕуницата е обично да се обмота два до три пати и добро пристегне. Кога времето било студено есен или зима се носеле кошули со потесни ракави и џукета. Жените од Овчеполието не оделе гологлави, ами забрадени со шамиче-каврак или со шамија зависно од времето и возраста на жената. Ги изработувале рачно, а ги украсувале со сорки, спринки, монистра и разни други додатни везви. Во пролет, лето и рана есен доминирале шамиите со бела боја, а во жалост носеле црни шамии. На шамичињата-кавраците и на шамиите исто така имало украси од сорки. Кавракот се носел само на свеченост-свадба или манастир. Во тие прилики тој се забрадувал на посебен начин. Зимно време, сите носеле доброзабрадени шамии.

Во наредниот број почитувани ќе ви ја претставам овчеполската машка носија.

Валентина Спасова

  на почеток=

 

 
   

ПРЕТСТАВНИЦИ НА ВИЕНСКАТА КЛАСИКА

ФРАНЦ ШУБЕРТ

Роден е 1797 год. во Виенско предградие во скромна учителска фамилија. Силниот талент што избива многу рано го потикнал татко му да му овозможи да учи клавир, виолина, и пеење. Извесно време учел музика и пеел во хорот на Дворскиот Комвинкт (училиште за сиромашни деца). По завршувањето на училиштето се вработил како учител, а бидејки оваа работа не го привлекувала наскоро ја напуштил и продолжил како слободен уметник. Остатокот од животот му поминал во кругот на своите пријатели скромно без слава и голема популарност. Последните денови од животот ги поминал болен и физички исцрпен. Умрел 1828 год. од цревен тифус. Кога умрел за него и за неговите дела освен неговите најблиски пријатели скоро никој да не знаел.
Како дете живеејќи меѓу обичните луге ја слушал нивната музика одушевен од едноставноста и свежата мелодија на народните песни и игри целото свое творештво ке го изгради на овие темели. Неговото прво значење е во врска со создавањето на Германската соло песна. Во своето творештво многу
малку пишувал строфични соло песни а повеке пишувал прокомпонирани соло песни. Во овој вид на песни тој цврсто го поврзува текстот со музиката, и на песната и дава слободна форма условена од содржината на текстот. Клавирската придружба во неа е цврсто поврзана со текстот и често има описен карактер. Мелодијата е широко распеана а понекогаш има и трагичен акцент или рецитативни елементи за по вистински да го прикаже текстот.
Своите соло песни ги пишувал на текстови од стиховите на познатите писатели: Гете,
Шилер, Хајде... Во огромниот опус кој содржи околу 600 соло песни посебно се издвојуваат 3 циклуса кој се компонирани на текст од Милер. Циклусот "Убавата Воденичарка" е составен од 20 соло песни, и во нив е опишана љубовта на млинарот кој се вљубува во убавата воденичарка. Но кога таа го остава тој е тажен и се исповедува на потокот. Најубави песни од овој циклус се "Каде","патување", "Благодарноста на потокот ", "Утрински поздрав", и др.
Вториот циклус е под наслов
"Зимско Патување". Овој циклус е исполнет со тажни и мрачни мисли. Сега во овој циклус природата е еубава и зелена , дрвјата се оголени , потокот замрзнат, се е тажно и поетот е несрекен и бесцелно лута. Поубави песни од овој циклус се "Липа", "Почитување", и "Верглаш".
Третиот циклус носи наслов
"Лебедови Песни" тој е објавен после неговата смрт и е компониран во последната година од животот. Тажни и мрачни расположенија преовладуваат во него. Помеѓу најубавите песни се "Двојник" и "Атлас". Од песните кој не припаѓаат на циклусите со својата убавина се истакнуваат: "Пастрамка", "Аве Марија", "Дивиот Трендафил", "Серенада", и "Паук" (Кралот на вилите). Своите соло песни Шуберт ги пишувал брзо дури по неколку дневно. Песните биле изведувани на вечерните седенки кај неговите пријатели и биле т.н. Шубертијади. Од останатите вокални композиции значајни се хорски дела, миси и др. Од останатите дела на прво место се симфониите кој биле по број 9, а најпозната е 8 со наслов "Недовршена" во х-мол. Оваа симфонија ја посветил на музичкото друштво во Грац. Името го добила поради тоа што била непотполна. После големите полемиски дилеми дали е довршена или не, стручњаците дошле до заклучок дека таа е завршено дело и дека самиот уметник се одредил да има само два става.
Од клавирските дела најзначајни се сонатите и клавирските минијатури. Сонатите се со мирно и ведро расположение, по градба многу наликувале на Моцартовите сонати. Клавирските минијатури по форма се најповолни да ги искажат моменталните расположенија на самиот уметник. А Шуберт е нивен најголем
мајстор. Нив ги компонирал за домашни и концертни изведби. Меѓу позначајните клавирски минијатури се: "Емпронти" и "Музички моменти". Потоа пишувал Гудачки квартети, Клавирски триа, Виолински сонати и една опера со наслов "Розамунда".

Ивица ПОСТОЛОВСКИ

  на почеток=

 
 

АВТОМОБИЛИ

Мачка на тркала

Веќе пристигна и новата генерација на БМВ 3 која е најпродавана семејна лимузина во Европа. Да се надеваме дека и сега ќе ги постигне истите резултати како и претходната генерација. Дизајнот како типичен БМВ е лесно препознатлив со маската која е поделена на два дела и двете полутопки во светлосната група. Нешто ново во надворешниот дизајн е задната светлосна група која е изменета за разлика од претходните генерации. Дизајнот е сличен како на сериите 5 и 7 што ги прави поблиски. Во оваа мускулеста школка е сместен дволитарски дизел агрегат кој за разлика од претходниот е помоќен и поекономичен. Овој агрегат ни дава можност да ги почуствуваме сите спортски карактеристики што може да ни ги понуди дизел машина. Горивото во моторот се вбризгува со притисок од 1600 бари, а моторот да произведе 163 коњски сили или 120 киловати при 4000 вртежи во минута. Менувачката кутија е шестостепена но за жал мануелна, а доколку си го скратите буџетот т.е. доплатете во вашата тројка ќе имате автоматски менувач.
На триесет проценти полесниот автомобил од стоечка позиција до 100 километри на час му трбаат само 8,3 секунди. Овој автомобил може да се пофали со добриот и еластичен мотор кој има 340
Nm при 2000 вртежи во минута. Внатрешноста во автомобилот е совршена со еден минус. Тој минус е проблемот кој ќе го почуствуваат патниците на задната клупа. Проблемот е тоа што кровот е многу низок и патниците ги удараат главите во него. Централната конзола е совршено изработена од квалитетна пластика. Локацијата на ГПС-от е во истата дупка како и кај серијата 5 и 7. Има три вида на ентериерни решенија.
Тие се Elegant кој предложува комбинација од бела кожа и ентериерни лајсни од ореово дрво. Решението Modern дава спортска естетика со комбинација на платно-кожа со украсни лајсни “титан”. Нај елементарното решение создава хармонија од сиво платно и украсни лајсни кои се направени од полиран алуминиум.
Во сериската опрема спаѓаат 6 воздушни перничиња, радио
CD со шест звучници, ABS; DSC; ESP; засилувач на серво управувачот, автоматска двосезонска клима и др. Овој луксуз е сместен во каросерија со димензии 4520 х 1817 х 1421мм.

Саше СПАСОВ
Ѓорѓи МИТРОВ

  на почеток=

 

ПРИПРЕМАЊЕ НА СМЕСАТА И ПРОЦЕС НА СОГОРУВАЊЕ

Припремање на смесата и процес на согорување претставува основен најсложен процес и единствено работен процес во циклусот на моторот. За време на овој процес се врши трансформација на потенцијална енергија од горивото од топлотна енергија а таа во механичка енергија. Од успешнста на овој процес завси моќта на моторот, неговиот работен век, степенот на амортизираност како и економичноста на моторот. Тој е сложен физичко-хемиски и термоднамички процес и е осетлив на разни влијаниа и фактори :

Начин на припремање на смесата:
Создавањето на смесата е многу битен пред услов за успешно согорување на горивото. Кај "ОТО" моторот тоа се одвива во неколку фази:
-Во првата фаза се врши предспремање на смесата во посебен уред кој се нарекува карбуратор;
-Во втората фаза се одвива во самиот цилиндер во процес на полнење со турбулентно движење на смесата;
-Во третата фаза до спремање на смесата се изведува во процесот на комппресија .

"
Дизелот" има многу малку време за припремање на смесата 15° -30° во однос на свртување на коленестото вратило . Припремањето го прави многу сложен уред кој се нарекува "Бризгалка" или дизна. Времето на припремање на смесата кај дизел моторот во однос на ото моторот е 1/12 до 1/24 и во едниот и во другоит случај смесата мора да ги исполнува следниве услови:
1.Смесата да има правилен однос на горивото и воздухот ;
2.Горивото да е близу гасна состојба или во состојба на пред испарување;
3.Смесата да е хомогена или да не е хетерогена;
4.Смесата да има пред темперетура;

1) Смесата да има правилен однос на горивото и воздухот;
Односот на горивото и воздухот треба да биде правилен спрема потребите на моторот. Разните анализи ги познаваат следните односи:
-Теориска смеса е однос од 15гр. воздух на 1гр. гориво која смеса има приближно целосно согорување
-Богата смеса е однос на 12,5гр. воздух на 1гр. гориво која смеса дава најголема снага
-Сиромашна смеса е однос на 18гр. воздух спрема 1гр. гориво и е смеса со најголемо искористување на горвото односно таа е најекономична

Моторот не може да стартува и не работи во следните екстремни случаи на однос воздух и гориво :
-Пресиромашна смеса е однос на 28гр.воздух 1гр.гориво
-Пребогата смеса е однос на 8гр. воздух спрема 1гр. гориво

Горивото да е близу гасна состојба или во состојба на пред испарување.
Лесно да се помеша горивото и воздухот треба да бидат приближно со иста агрегатна состојба , затоа честичките на горивото мора да дојдат во така наречена пред гасна состојба пред да навлезат во цилиндарот. На тој начин лесно ќе дифундираат во масата на воздухот и брзо ќе се сврзат со кислородот од воздухот. Најдобра големина или пречник на честичките на воздухот е од 10-30 микрони (м). Помал пречник од 10м на честичките на горивото не е добар затоа што горивото нема сила да се пробие низ масата на воздухот. Дел од воздухот е презаситен со гориво а дел сиромашен со гориво. Во вакви случаи има нерамномерна работа на моторот. Ако се честичките поголеми од 30м ќе имаат поголема сила на пробивање низ воздухот и ќе се лепат на ѕидовите на околината (глава и чело на клипот) и ќе се слева меѓу клипот и цилиндерит и ќе го кине масленит филм и ќе имаме голема амортизација а смесата ќе биде сиромашна .

2) Смесата да е хомогена или да не е хетерогена
Распоредот на честичките на горивото во масата на воздухот треба да биде распореден подеднакво - рамномерно низ целата зафатнина на воздухот. Таков распоред на горивото низ воздухот се нарекува хомогена смеса и е добро припремана смеса. Наспроти неа имаме нееднаков , нерамномерен , лош распоред на честичките на горивот низ воздухот. Тогаш зборуваме за нехомогена , хетерогена смеса. Кај оваа смеса имаме нерамномерна работа на моторот , голема потрошувачка и мала корист на моторот и во голем процент ја загдува околината .

3) Смесата да има пред темперетура
Пред температура на воздухот е потребна за горивото да дојде близу гасна состојба да добие ситна структура со пречник на честичките од 10-30м и брзо и лесно да се изврши хомоѓено помешување на кмпонентите на смесата. При посебни услови на експлотацијата на моторот (кога е многу ладно) се применува така наречено принудно загревање на воздухот кое е потребно во вакви услови само за старување на моторот (на почетокот на неговата работа).

Марјан НАУМОВ

  на почеток=

 

ЛЕТЕН КАМП - ЧЕПЛЕС 2005

Во периодот од 15 до 20 Јули 2005 година беше првата смена на летниот камп "ЧЕПЛЕС". Вавилон Центарот од Свети Николе го претставуваа деца на возраст од 10 до 14 години, а вкупниот број вклучувајки ги и едукаторите изнесуваше 19. Покрај Вавилонците од Вавилон Свети Николе имаше и Вавилонци од Штип, Чашка и Богомила. Вавилонците имаа можност да посетат повеќе места. Кај селото Теово беше посетен манастирот "Свети Архангел Михаил", рибникот кај селото Нежилово, Бабина Дупка (на прекрасната ливада децата собраа чај, кој подоцна со помош на домарот научија како правилно да го подготват за пиење). Беше освоена и Солунска Глава (посебна благодарност им упатуваме на дежурните на караулата за топлиот и сладок пречек, посебно до чичко Рахмо). Ги посетивме и изворите на реката Бабуна (каде беа видени прекрасните водопади и пештерата). Од активностите кои се одржаа можеме да ги споменеме ликовната колонија, од која творбите беа изложени во планинарскиот дом. Се одржаа спортски активности, едукативни работилници, им беше овозможено на децата да гледаат филмови на компјутерот. Вечерните забави беа посебно доживување за децата, тие се одржуваа во дискотеката "Луда Мара2" во која имаше пижама забава, караоке забава (второ место освои Благој Јаначков), избор на Мис и Мистер (Вавилонците од Свети Николе ги освоија симпатиите на жири комисијата и забележаа особен успех и високи оценки). За Мис беше избрана Матилда Петрова, за прва придружничка беше избрана Анета Колева , за мал Мистер беше избран Андреј Ефремов, а за прв придружник Кристијан Радевски. Голема благодарност упатуваме и до куварот чичко Коле за одлично приготвената храна.
Им се заблагодаруваме на сите оние кои се погрижија децата да можат да ги посетат сите тие природни убавини и да понесат прекрасни спомени за кои уште долго време ќе прикажуваат.

Олгица НАЦЕВА
Александар БОГАТИНОВ

Планинарскиот дом Чеплес
 

 

Првата смена кампери од 15 до 20 Јули 2005
 

Берење на лековити билки во местото Бабина Дупка
 

 

На изворите на реката Бабуна
 

Во шумата
 

 

И повторно во шумата
 

На врвот Солунска Глава 2540 метри
 

 

Сладок сон по освоениот врв
 

Дел од активностите во кампот
 

 

Најдобриот кувар - чичко Коле
 

Мисиците и мистерите од првата смена
 

 

Лизгање на снег во месец Јули
 

  на почеток=

 

Цели на логорување


Прекрасен начин за поминување
на летниот распуст за една млада личност секако дека е логорувањето па затоа во продолжение ќе ви посочиме некои придобивки зошто да го поминете летниот распуст на логорување.

Логор е начин на подолго останување во природа под шатори, во колиби, во овчарски куќички (бачила) или по куќи во селата или училишта.
Изборот на местото на логорувањето зависи од времето на престојувањето, од задачите и начинот на логорувањето. Исто така при логорувањето потребно е да се внимава и на местото каде што ќе се логорува, така да после дожд, брзо да се суши. Во близина на логорот треба да има вода, и во близина на пат. Погрешно е ако се придржуваме до правилото
"Што подалеку од светот и населбите". Не треба да се избегнува човекот, тежнеејќи кон слободната природа и свежиот и чист воздух. Треба да се настојува да се запознае селото, неговата убавина и работата во селото.
Распоредот на шаторите во логорот треба да бидат поставени рамномерно и поврзано и да оддаваат убава слика. Обично шаторите се поставуваат во круг или полукруг околу јарболот на знамето. Во подигањето на логорот учествуваат сите членови, кои се поделени на работни групи со посебни задолженија. Секоја група има свој одговорен. Ако на логорување одат од 40
-50 ученика, тогаш одат еден ден порано група од постари ученици кои што вршат подготовки за подигањето на логорот. Набавуваат дрва, колци, даски, слама и друго и ги започнуваат работите околу подигањето на кујната, јамите за отпадоците и нужник.
Животот во логорот е организиран со многу задачи, активности, кои се различни , при што животот во логорот би бил занимлив.

Цели на логорувањето
Секое логорување има свои цели и тоа:
1. Здравствено- хигиенска цел;
2. Запознавање на нови краеви и природни убавини;
3. Ориентација во природа;
4. Запознавање со животот, работата и обичаите на луѓето;
5. Запознавање со растителниот и животинскиот свет;
6. Собирање на разни минерали;
7. Маркирање, правење мостови на некој премин на патот во планината, поправање на патеки;
8. Собирање на лековити растенија, садење на дрвја, пошумување;
9. Посета на училишта во планински села;
10. Организирање на приредби, забави;
11. Натпревари во разни спортски дисциплини;
12. Проучување со историските случки на самото место;
13. Прилагодување и снаоѓање во природни услови.

1. Здравствено-хигиенска цел

Оваа цел претставува една од основните цели на логорувањето. Важно е движењето во природа на чист воздух, зајакнување на организмот, навикнување на разните временски промени. Тие се ослободени од секојдневното неколку часовно седење во училишните клупи. Делува врз усогласениот развој на организмот и зголемување на работната способност.

2. Запознавање со нови краеви и природни убавини

Со поставување на оваа цел логорувачите ги прошируваат своите знаења за пошироката околина. Ги збогатуваат своите знаења како од природните така и од општествените, културните и др. збиднувања во тој крај. Се развива и поттикнува желбата за целосно истражување на таа средина каде што престојуваат.

3. Орентација во природа

Со оваа цел учениците стекнатите знаења на наставните часови и практично ги применуваат, со што се оспособуваат за безбедно движење надвор од логорот и вракање назад при што освен компасот ги користат и природните средства за орентација.

4. Запознавање со животот, работата и обичаите на луѓето

Ако логоруваат во шатори или во куќи во селото тие со посета на семејства се запознаваат со нивниот живот, обичаите и работата при што се вклучуваат и тие учествувајки во она што го можат, знаат а и да научат.

5. Запознавање со растителниот и животинскиот свет

При прошетките тие се запознаваат со растителниот и животинскиот свет во таа околина,со собирање на примероци од листови, растенија за збирка, цртежи, сликање, снимање на тие природни убавини, кое што развива чувство на љубов кон природата и нејзина заштита.

6. Собирање на минерали

Со оваа цел се развива истражувачката желба кај учениците, систематизирање на примероците, а и физичката моќ и истрајноста кај учениците.

7. Маркирање, правење мостови и патеки

При движењето низ шумата патеката треба да биде маркирана за да имаат безбедно движење. Напред е водичот кој го познава теренот и со стрелки со метална боја кои ги маркираат на дрва или на големи камења. Исто така се вклучени во правење на патеки и мостови на некои премини со што се јакне физичката способност на учениците.

8. Собирање на лековити растенија, шумски овошја

Со оваа цел обезбедуваат храна за деновите на логорувањето, која што е корисна за нивното здравје. Исто така се воведуваат во економичноста на животот и стекнување на работни навики.

9. Садење на дрвја, пошумување

Проблемот на заштитата на средината е еден од најактуелните. Се настојува да се развие еколошката култура и свест и активниот однос кон природата. Преку активноста пошумување се спречува деградирањето на природата. Со тоа личноста ќе стане двигател во делувањето во природата.

10. Посета на училишта во планинските села и организирање на приредби и забави

Оваа цел овозможува запознавање и зближување на учениците, дружење, промовирање на својот талент, ослободување за јавни настапи.

11. Натпревари во разни спортски дисциплини

Преку овие активности се карактеризираат разновидни психички доживувања. Се развива желбата за победа, борбениот дух, истрајноста, упорноста, коректноста, толеранцијата, физичкиот напор и др. кои што позитивно влијаат врз развојот на личноста.

12. Проучување на историските збиднувања на самото место

Со оваа цел се утврдуваат и прошируваат стекнатите знаења од нашето историско минато и проширување на истите соочувајки се со местото на настаните. Исто така се развива и патриотското чувство кај личноста.

13. Прилагодување и снаоѓање во природни услови

Со оваа цел учениците надвор од современото живеење да можат да се адаптираат и снајдат за да можат да опстанат.

Заклучок

Која и да е поставена цел при логорувањето, сепак секоја влијае позитивно врз сестраниот развој на личноста која што ќе ги поседува сите морални квалитети.
Мислам дека со денешното современо живеење логорувањето ден по ден ја губи својата природна вредност и убавина.
Во поразвиените земји поголема е желбата за логорување - но логорување во природни услови да се опстои, со што се гради и цврстиот карактер на личноста кој што може да преживее.

Панева ХРИСТИНА

  на почеток=

 

ПЛИВАЊЕ

Бидејки сега повеќето од вас се преокупирани со годишните одмори а секако и каде дали на езеро , море или планина за летниот број на Вавилон електронскиот весник ви подготвивме неколку информации за пливањето и неговиот историјат како спортска дисциплина.

Пливањето е познато од одамна меѓутоа дури од мозаиците од раните источни цивилизации наоѓаме на неговата прва претстава. Вештините на пливањето ги познавале старите Асирци и Еѓипќани. Грците му оддавале важност на пливањето како составен дел на воспитувањето , додека Римјаните го сметале пливањето за војничка вештина. Првото пишано дело за пливањето датира од 1538 година на латински јазик. Од тогаш па до крајот на 18 век следуваат многу дела за пливањето и неговото значење во телесното воспитување.
Првото пливачко друштво настанало во Упсали-(Шведска) 1796 година, а во половината на 19 век започнуваат и првите натпреварувања и доаѓа до развивање на пливачките стилови.
Пливањето се појавило веќе на првите Олимписки игри на модерното време одржани 1896 година во Атина и тоа во дисциплините на 100 метри и 1500 метри слободен стил за машките.
Европските првенства се одржуваат од 1926 година, а светските од 1973 година.
FINA-
Меѓународна аматерска пливачка федерација (Federation Internationale de Natation Amateur), основана е во 1908 година во Лондон.
На ове простори пливањето се јавува кон крајот на 19 век и почетокот на 20 век 1921 година, одржано е и првото првенство во поранешна Југославија во пливање на Бледското езеро. Југословенскиот пливачки сојуз е основан во 1923 година, а престанува да делува во 1941 година. Во 1924 година (за тоа време) наша екипа за првпат учествува на Олимписките игри во Париз.
Пливачкиот сојуз на поранешна Југославија е обновен во Белград 1948 година.
Најголем успех во тогашна Југославија остварила Djurda Bjedov на Олимпијадата во Мексико 1968 година освојувајќи златен медал на 100 метри и сребрен на 200 метри градно (стил во пливање) .
Една од легендите на пливачкиот спорт е секако
Dzoni Vajsmiler кој на Олимписките игри 1924 и 1928 година освои вкупно пет златни медала а потоа ја продолжи кариерата како глумец во серијата холивудски филмови за Тарзан. Секако треба да го споменеме Mark Spica носител на десет златни медала освоени во 1968 и 1972 година, и Met Bjondija кој освои осум златни медала на Олимписките натпреварувања.
Пливачките дисциплини се поделени според стилот на пливање и според должината на стазата. Според тоа постојат следниве дисциплини: слободен стил , градно пливање , грбно пливање и батерфлај на 100 и 200 метри (машки и женски). Слободен стил се плива и на стази од 50 до 400 метри (машки и женски) , 800 метри (женски) и 1500 метри (машки).
Мешан стил
на 200 и 400 метри (машки и женски)
Штафета
се плива со слободен стил на 4x100 метри и 4x200 метри , а мешано на 4x100 метри (машки и женски).
Некогаш опремата ја сочинувале пливачки костими и капи за пливање, а потоа се појавиле и пливачки наочари. Меѓутоа современата технологија и новите материјали довеле до совршенство на својствата на пливачките костими. Пред Олимпијадата во Сиднеј 2000 година ваквите одела биле забранети , од олимпијадата во Сиднеј беа на сите пливачи достапни.
Таканаречените fast skin пливачки одела се изработени по принципот на структурата на ајкулината кожа, така да е до крајности намален отпорот на водата. Оделото е изградено така да од вратот на пливачот па до зглобовите на рацете и нозете го покрива целото тело. Ова допринесува и тоа да мускулите на пливачите да останат загреани пред и за време на трката. Некои пливачки аналитичари предвидуваат дека користењето на ваквите одела ќе го подобри времето за пет десетинки од секундата на 100 метри.

Во продолжение ќе ви презентираме дел од пливачките имиња кои ја претставуваат Македонија во светот на пливањето.
Весна Стојановска - родена 1985 во Скопје, втора олимпијада, во Сиднеј постигна забележителни резултати, рекордерка на повеќе дисциплини во Р.Македониа , моментално на студии во САД каде и тренира.
Александар Миладиновски - роден 1979 во Скопје, македонски рекордер во повеќе дисциплини, второ учество на олимпијада.
Александар Маленко - роден 1979 во Охрид ,учесник на олимпијадата во Атланта, по четиригодишна пауза повторно исполни норма за учество на Олимписките игри во Атина 2004.
Зоран Лазаревски - роден во Скопје , рекордер на Македонија во повеќе дисциплини, второ учество на олимпијада.
Димитрија Поповски - роден во Скопје 1940, селектор, четврто учество на олимпијада , творец на современото македонско пливање.
Александар Коцевски
- роден 1956 во Карловац-Хрватска , тренер, второ учество на олимпијада , во Сиднеј беше тренер.

ВАВИЛОНЦИ

  на почеток=

 

АКТИВНОСТИ НА ДЕТСКИ ПАРЛАМЕНТ НА МАКЕДОНИЈА ЗА СВЕТИ НИКОЛЕ

Посета на Собранието на Република Македонија

Драги читатели на електронскиот весник Вавилон, јас како член во Вавилон центарот а воедно и како и член на Детскиот Парламент на Македонија за Свети Николе (ДПМ) решив за овој број да ви ја претставам посетата на Собранието на Република Македонија од страна на членовите на ДПМ од цела Македонија. На ден 12 Мај 2005 се одржа симулативна седница на ДПМ по повод "Деновите на Собранието" на Република Македонија на која активно учество зедоа членовите на ДПМ од цела Македонија.
Влегувајќи во собраниската сала чувствував некое необично чуство, се чувствував како важна личност која донесува важни одлуки. Собраниската сала беше преполна од наши членови. Дискутиравме за многу теми кои се од суштинско значење за една подобра и посветла иднина за младите луге во нашата земја. Секој град застапуваше една од многубројните теми кои беа:
-Кршење на детските права или злоупотреба на децата;
-Сексуална злоупотреба на малолетните деца со се почеста појава на педофилија и зголемена малолетничка проституција;
-Корупција во образовиот систем од основно до факултет;
-Оценување во основното и средното образование, односно нивното искривување;
-Лош однос или комуникација помеѓу ученици, наставници и родители;
-Насилништвото по училиштата и создавање конфликтни ситуации;
-Заштита на малолетниците од полициска агресија или физичка пресаметка со нив во семејството и школото;
-Незаштититеноста на децата во училиштето кои се цел на крадци и натрапници;
-Уписна политика во средното образование;
-Преоптовареноста на наставите планови и програми, особено во осноното образование;
-Непочитувањето на законската одредба за пушење на јавни места точење на алкохол на малолетници, работа на кафеаните после 24 часот;
-Засилување на контролата, со цел заштита на малолетниците кои се користат за дилери на дрога;
-Заштита на малолетниците во случај на притвор или изречена казна.

 

Нашите членови на ДПМ од нашиот град ја застапуваа темата Правилно користење на слободното време (која може да ја прочитате во овој број на нашиот е-весник) и токму од нашите членови за прв пат во историјата на Собранието беше упатен апел до сите млади да ги посетуваат Вавилон Центрите. Воедно во текот на седницата беа врачени спомен плакети на ДПМ на Претседателот на Републиката г-дин Бранко Црвенковски и на Претседателот на Парламентот г-дин Љупчо Јордановски со тоа симболично одбележувајки ја 60 годишнината од прославата. На седницата присуствуваа и многу други политичари, пеачи, глумци, како и други познати лица кои се и воедно и почесни членови на ДПМ. Свое излагање од говорницата имаше и Претседателот на Парламентот г-дин Љупчо Јордановски во кое покрај другото, упати јасна порака за подобро утре до нас младите гледајќи ја во нас иднината на Македонија. По затворањето и завршувањето на седницата се одржа протестен митинг на членовите на ДПМ присутни на седницата и други членови на ДПМ пред зградата на Парламентот на Р.М. со транспаренти и пароли со содржина на главната тема на седницата Злоупотреба на децата.

Дарко ЈОВАНЧЕВСКИ
jaslicno_dare@yahoo.com

  на почеток=

 

Правилно користење на слободното време

Ова е апелот кој беше прочитан од говорницата на Собранието на Република Македонија на Седницата на Детски Парламент на Македонија која се одржа во деновите на Собранието на 12 Мај 2005 година.

Слободното време станува се поважен фактор во изградбата на младата личност.
Затоа факторите на опшествената средина слободното време треба да го претворат во активна сила на воспитното делување, така да децата и младите не би потпаднале под лоши влијанија.
За да детето правилно го користи слободното време треба да се вклучат и родителите. Контролирајки и помагајки го изборот на активностите на нивното дете директно влијаат врз изградбата на неговата личност која е спремна да се соочи со предизвиците на животот.
И во училиштата
треба да се обезбедат услови за организирање на најразлични воншколски активности и поголема ангажираност од наставниот кадар во воншколските активности.
Слободното време на децата и младите треба да се користи за подигање на квалитетот на живеење преку корисни и социо- едукативни активности.
Локалната самоуправа во интерес на правилен развој на децата и младите треба да овозможи повеќе спортски терени каде што преку спортски активности ќе го искористат своето слободно време.
Социјалните и други служби можат да помагаат на социјално загрозените деца за бесплатно посетување на разни активности според нивниот избор и организирање на работилници со родителите со што би се подигнала педагошката култура.
Државата преку соодветните институции и програми треба да ја помогнат работата на невладините организации кои ги третираат проблемите на децата и младите и воедно се грижат за правилно искористување на нивното слободното време.
Соочувајки се со голем број на предизвици и негативни влијанија кои што со себе ги носи свремениот начин на живеење: како што се поголемата присутност на дрогата, алкохолот и многу други негативни појави мегу младите , државните институции треба да помогнат на сите нас, да се соочиме со овие проблеми и да не продолжиме по патот кој води кон современите негативни предизвици.
Но и ние младите треба самите себеси да си помогнеме и да помогнеме на државните институции и тие да ни помогнат во желбата да изградиме една средина која ке биде квалитетно и здраво место за живеење за сите нас.
На нас
младите од Свети Николе ни треба огромна помош од државата, од градските татковци, затоа што нашиот град нема ниту спортска сала, базен и други пропратни елементи кои се предуслов за здрав живот.

ЗАТОА АПЕЛИРАМЕ ДО ВАС, ПОМОГНЕТЕ И МИСЛЕТЕ ПОВЕЌЕ НА НАС МЛАДИТЕ .

Апелираме до сите млади да го искористат своето слободно време во еден од 24 детско-младински центри Вавилон кои функционираат во Република Македонија.

Детски Парламент на Македонија за Свети Николе

  на почеток=

 

МЕЃУНАРОДЕН ЛЕТЕН КАМП ДПМ 2005

Годинава од 29 јуни до 10 јули Детскиот Парламент на Македонија по петти пат како своевиден јубилеј го организираше Меѓународниот летен камп "МИР И ЉУБОВ ЗА ДЕЦАТА" во Универзитетското одморалиште Охрид.
На овој Мегународен летен детски камп дојдоа деца основци и средношколци од Македонија, но и од повеќе друѓи држави, како: Србија и Црна Гора (Белград
), Бугарија (Софија), Албанија (Тирана и Драч) и Босна и Херцеговина (Сараево).
За таа цел, Детскиот Парламент на Македонија го отвори Кампот со СВЕЧЕНА ПРИРЕДБА, во која земаа учество сите дојдени учесници на Кампот, на 2 јули 2005 година, во Универзитетското одморалиште во Охрид.
На ова свечено отворање присуствуваа повеќе гости: новинари, покровителот и почесен претседател Трифун Костовски, амбасадори и др.
За сите денови од престојот беше направена
специјална програма за работа и посебна летна школа за демократијата и трибина " Во име на генерацијата "- искажувања за детските прашања и проблеми. Исто така имаше и трибини на темите: "ДРОГА, ПУШЕЊЕ И АЛКОХОЛ КАЈ МЛАДИТЕ" и "ТОЛЕРАНЦИЈА МЕЃУ ДЕЦАТА ".
На кампот присуствуваа предавачи од Бугарија, САД, Русија и други држави за најразнични теми поврзани со децата и младите.
Сите денови минуваа преку забава, спортување, научни излети, посети на културни и историски споменици во Охрид и Струга. Сите тие 12 дена бевме деца од различни држави, а како да бевме сите од едно мало село.
Се стекнаа нови пријателства кои никогаш не се забораваат.
Затоа и моментот на разделба беше тажен, но со надеж дека ќе се видиме пак.

Христина Панева
ДПМ за Свети Николе 2005г
.

  на почеток=

 

СВЕТИТЕ КАРПИ МЕТЕОРИ И НИВНАТА ИСТОРИЈА I ДЕЛ

На планинскиот ланец Пидонс на необични огромни и стрмни карпи кои нагло се издигаат на северозападната страна на Тесалониската рамнина сместена е манастирска населба Метеори. Необичен пејсаж каде не можете да сретнете никаде на друго место во светот кај патниците , предизвикува мешавина на задоволство, вчудоневиденост, затоа што вакво нешто еднаш можете да го доживеете. Јас ќе се повикам на кинеската поворка "Не илјада пати да слушнеш и прочиташ туку еднаш да видиш со свои очи". Па затоа на сите оние кои слушнале или прочитале и на оние кои прв пат ќе прочитат им порачам: појдете да ги видите Метеорите . Сликата на ова возвишено свето место во секое годишно време од годината е поразлично на врвовите на стените кои лебдат на пола пат меѓу небото и земјата веќе векови наназад живеат луѓе кои својот духовен спокој и мир го нашле на овие огромни стени. Овие луѓе живееле во пештерите и пукнатините од карпите каде направиле молитвеници и ги проучувале раните православни текстови. Овие свети карпи одалечени се 285 км од Солун патувајќи по живописната клисура Темби, а 326 км од Атина. Се претпоставува дека овој комплекс на карпи излегол на површина од делтата на огромна река која течела со илјадници години. Првите луѓе кои ги населиле Метеорите пред 10 век живееле во пештерите и пукнатините на карпите а некаде во 11 век се формирала првата калуѓерска заедница на Метеорите. Во 13 и 14 век биле зачестени нападите од Франките, Србите, Ктаолоците, Албанците, Турците сите со амбиции да ја освојат територијата на Тесалија. За време на владеењето на Византискиот цар Андроник помладиот (1328-1344) кралот Стефан Душан ја окупирал Тесалија и го наименувал Глигориј Прељуба за локален владетел а неговиот полубрат Атанасие Метеоритски за деспот на Атолија. Овие заедно со 14 калугери се качиле на огромна крапа Платис Литос (широка карпа) која се издига на 613 метри над нивото на морето и 413 метри над градот Каламбака и ја подигнале првата зграда која подоцна стана познат манастир Големиот Метереон. По смрта на Стефан Душан Симеон се прогласил за крал и цар и ги обединил Тесалија и Епирос. Симеон бил побожен човек кој ги помагал манастирите со парични дарови и други привилегии. На овие високи стени во манастирскиот комплекс калугерите биле сигурност од напади од пљачки и така со години се создавале заедници од повеќе манастири помогнати од побожни владетели и аристократи. Од вкупно изградени 29 манастири денес функционираат само шест Преображање, Варлам, Свети Никола Анапавсис, Русану, Света Тројца, Свети Стефан. Многу од манастирите се срушени додека на многу им се губи траг.

За да можете да ги посетите оние кои се отворени за јавноста внимавајте на следново:
Варлам- отворен од 9-13 и од 15.30-18 часот секој ден освен во Петок
Преображање
-отворен од 9-13 и од 15.-18 часот секој ден освен во Вторник
Свети Стефан
-отворен од 8-12 и од 15.-18 часот секој ден освен во Понеделник
Свти Никола Анапавсис-
отворен од 9-13 и од 15.-18 часот секој ден
Русану
-отворен од 9-13 и од 15.-18 часот секој ден
Света Тројца
-отворен од 9-18 часот секој ден
Пресвета Дева
-затворен за јавноста

Пред да почнете да се искачувате кон светите карпи застанете и одморете се во подножјето на Метеорите во прекрасното гратче Каламбака кој лежи на западната страна на Тесалониската рамнина во подножјето на огромните карпи Метеори. Се претпоставува дека Каламбака е дел од древниот град Аинион кој бил уништен од Римски освојувачи 167 год. пред нашата ера но повторно бил изграден и како таков опстанал се до 11 век под името Стаги. Подоцна за времето на отоманското владеење го добил името Каламбака. Шведскиот патник Ј.Ј Бјорнстал кој ја посетил Каламбака во 1779 год. запишал: "Стигнавме во Грчкото село Стаги кое Турците го викаат Каламбака. Овде има десет христијански цркви а ниту една џамија.. Да дојдеш до Митрополитот може само со големи напори бидејки христијаните на овие места градат станови во непристапни места за да бидат сигурни. Каламбака е село кое лежи под многу стрмни карпи каде можеш да се качиш само со голем напор и си изложен на опасност. Карпите се вертикални и изненадувачки висок".
Каламбака од светите карпи е одалечена само 5 км. Таа има еден многу заначаен споменик Катедрала на епископот Стага изградена во 10 или 11 век на рушевините на една стара христијанска црква. Таа е базилика со три бочни грба без купола посветена на Марија Девица. Овде се издвојува мермерната проповедница единствена во цела век , а дел од 1573 год.кои се доста сочувани како и резбарениот дрвен иконостас.

Во наредниот број ќе Ве запознаеме поопширно со секој од гореспоменатите манастири.

Р.Ѓоргиева

  на почеток=

 

БОГОВИ КАЈ СТАРИТЕ ГРЦИ

Во грчката митологија старите Грци верувале во многу богови. Најпознати богови биле Олимписките богови. Тие живееле на врвот на планината Олимп. Јаделе амброзија и пиеле нектар и биле замислени како луѓе со човечки особини. Врховен бог бил Зевс и сите богови биле поврзани како него (некои од нив му биле браќа, сестри, деца).

Зевс
Зевс бил врховен бог на Олимписките богови и владеел на небото и на земјата
. Бил бог на громот и молњата. Тој бил најмалиот син на Кронус и Реа. Се родил во една пештера на планината Дикта, на островот Крит. Пораснал на планината Ида. Мајка му го хранела со млеко од козите на планинската нимфа Амалтеја. Тој бил негуван и заштитуван од нимфите. Подоцна кога тој пораснал неговиот татко му ги доделил земјата и небото и го прогласил како владетел на луѓето и боговите. Тој бил омажен со божицата Хера. Исто така тој ја изневерувал Хера со многу смртни жени и божици со кои имал многу деца. Бил татко на големите херои Персеј и Херкулес. Кога нимфата Калипсо го привлекла Одисеј на нејзиниот остров и не го пуштала да си оди, Зевс и се заканил дека ако не го пушти да си оди ќе го потопи нејзиониот остров. Таа го послушала Зевс и му покажала на Одисеј каде може да најде дрва на островот за да направи сплав и да отплови. Во чест на Зевс се одржувале и Олимписките игри.

Хера
Хера била божица на бракот
. Таа била сопруга на Зевс и кралица на Олимписките богови. Хера го мразела големиот херој Херкулес бидејки тој бил син на нејзиниот сопруг Зевс и смртна жена. Кога Херкулес бил бебе таа пратила змии да го убијат. Во грчката митологија таа се преобразувала во многу форми на животни, но најмногу се преобразувала во птица. Од друга страна пак таа го подржувала големиот херој Џејсон, кој без нејзина помош не можел да го поврати Златното Руно. Голем дел од храмовите во Грција се изградени во нејзина чест. Нејзината љубомора кон љубовниците на Зевс ја натерале да направи многу страшни и ужасни работи.

Посејдон
Посејдон бил бог на морето, океаните, земјотересите и коњите
. Тој бил брат на Зевс и Хедес (Ад). На овие тројца браќа им биле дадени земјата, небото, морињата и подземниот свет. Посејдон ги добил морињата и океаните, Зевс земјата и небото, а Хедес подземниот свет. Посејдон бил мажен со ќерката на Нерес, морската нимфа Амфитрит. Посејдон не бил многу толерантен кон познатиот херој Одисеј. Кога Одисеј го ослепел Киклопот Полифемус, кој му бил син на Посејдон, Посејдон го проколнал Одисеј со што Одисеј не можел да го пронајде патот кон неговиот роден дом, Итака. Како бог на коњите Посејдон му бил татко на крилестиот коњ Пегаз.

Хермес
Хермес бил бог на трговијата и патиштата
. Исто така тој бил гласник на боговите и водач на мртвите души во подземниот свет. Тој бил син на Зевс и на планинска нимфа. Во грчката митологија Хермес ги подржувал Одисеј и Персеј во нивните патувања и авантури. Кога Персеј ја исекол главата на Медуза, Хермес му ги дал своите магични сандали кои му овозможуваат да лета за да може да му се спротистави на морското чудовиште Горгон. Некои митови велат дека Хермес го поседува и шлемот на невидливоста. Тој бил преставен на многу скулптури. Негова најпозната скулптура е Белини, каде што тој стои на една нога, другата му е исправена наназад, а рацете му се во висина.

Хефес
Хефес бил бог на ковачкиот занает и на огнот
. Хефес бил син на Зевс и Хера, но во некои текстови само на Хера. Бидејќи бил бог на огнот тој во некои текстови е преставен како црвен човек. Тој бил многу вешт мајстор за многу работи, како на пример тој ги изградил палатите Марвелоус на врвот на планината Олимп и го направил и оклопот на Ахил за време на тројанската војна. Хефес бил женет со божицата на убавината и љубовта, Афродита, но таа го изневерувала со богот на војната Арес. Во Хомеровата Одисеја Хефес му се одмаздува на Арес

Дионис
Дионис бил бог на плодноста, раѓањето и виното
. Тој бил син на Зевс и смртна хероина Семелина. Дионис ја спасил својата мајка од подземниот свет, но подоцна Зевс и ја покажал вистинската природа како бог на громот со што ја претворил во светлина. Тој му ја подарил способноста на Мидас со неговиот допир да создава злато, а бил доволно добар да ја повлече способноста кога Мидас повеќе не ја сакал. Во негова чест старите Грци изведувале театарски престави во есен и во пролет. Во пролет се изведувале трагедии, а во есен комедии.

Сашко Мицевски
Весна Митрова

  на почеток=

 

Услови за одгледување на Гладиолите во реонот на Свети Николе

 

Гладиолите припаѓаат на широката класа на монокотиледони (monocotile-doneae), во кои спаѓаат и поголемиот број цветни растенија во фамилијата Iridaceae.
Познати се околу
132 вида. Видовите од кои се создадени културните вариетети, водат потекло од Јужна и Источна Африка.
Цветовите на гладиолите не се ароматични, и веројатно тоа е причината што тие касно им го привлекле вниманието на селекционерите. Нивното култивирање започнува во
XVII век.
Своето име гладиолата го добила од латинскиот збор
gladius, што во превод значи меч. Тоа е повеќегодишно тревно растение со линиски или мечовидни седечки листови. Во листот има голема количина на склеренхимско ткиво кое допринесува за неговата цврстина.
Подземниот орган е луковица
, која се јавува како метаморфозирано скратено стебло заштитено однадвор со суви лушпести обвивки. Луковицата има топчеста, малку сплесната или цилиндрично издожена форма.
Старата луковица - мајка, секоја година се заменува со млада ќеркина луковица, која што се развива од папката на луковицата - мајка.
Кај гладиолата сите папки независно од потеклото, кои се во состојба на мирување, се растечки. Од секоја таква папка при настанување на благопријатни услови за нејзино развивање може да се формира растението кое завршува со давање на цвет.
Гладиолата има тригодишен циклус на развиток. Редоследот на циклусите се слева во непреќинат ланец и секоја нова заменувачка луковица се образува од претходната.
При расадувањето на луковиците, во почвата почнуваат да се развиваат смукачки корења. При температура од 15-18
0C на третиот ден по садењето на луковиците корењата достигнуваат 3-4 cm. Една од особеностите на кореновиот систем претставува формирањето на корења од втор ред, непосредно поврзани со младата луковица, што му овозмножува на растението да добива максимална количина на вода и хранливи материи.
На растението се развиваат три типа на лисја: зачетни, луковични и стеблени.
Стеблото е право, тенко или со средна дебелина и на горниот дел завршува со соцветие- клас,
со висина од 0,3 - 2 m.
Соцветието претставува растресит едностран или двостран клас.
Цветовите се седечки, составени од 6 сраснати во долниот дел цветни ливчиња.
Плодот е шишарка
, која распукува, полна со крилати семки , со широка или слабо округла форма. Во семеното кутиче се формираат околу 250 семки. Развитокот на гладиолите се одвива во 5 периода.
Родителските форми на културните гладиоли потекнуваат од подрачја со приморска клима. Тоа е причината што гладиолите не успеваат во реони со недоволна влажност, со многу топло лето и силни ветрови.
Високите температури на воздухот, а особено на почвата предизвикуваат нарушен развиток на растението, намалување на бројот на цветовите и скратување на стеблото.
Од ова произлегува дека гладиолите треба да бидат реонирани во подрачја со прохладно лето. Во потоплите реони може да се одгледуваат раните сорти за производство на сечен цвет.
Најзначаен надворешен фактор кој обезбедува правилен и поволен развој се климатските фактори и тоа:

- температура на воздухот,
- температура на почвата,
- количество на врнежи,
- релативна влажност на воздухот,
- почвени услови,
- инсолација и др.

Влијанието на температурата на воздухот и на почвата е подеднакво важно, како при чување на луковиците, при садењето и во текот на целата вегетација.
Пример:
При чување на луковиците во складовите, при подолготрајно изладување до - 0,8
0C , доведува до нивно потполно уништување . Краткотрајното, пак изладување на воздухот во складот до - 40C, не доведува до масовно угинување на луковиците.
Температурата на почвата при процесот на садење е од многу големо значење, бидејќи доколку луковиците се садат во незагреана и ладна почва, можат лесно да угинат. Почвата треба да биде добро обработена и загреана (не помалку од +10
0C на длабочина од 10 см).
При температура до + 15
0C најенергично се развива кореновиот систем.
При повисоки температури прво се развиваат папките, затоа се препорачува рано садење на луковиците. Понекогаш после садење настапуваат нагли заладувања, па дури и паѓање на снег
.
Ова не е проблем, бидејќи луковиците во тоа време во почвата продолжуваат да се развиваат.
Ниските пролетни температури дури до - 5
0C во воздухот, не ѓи повредуваат засадените луковици, ако нивните стебла не се излежени над почвата. Поопасна е продолжителна студена пролет, која што го забавува растот и развитокот.
Така на пример:
При продолжително заладување до - 3
0C при силен ветер се успорува развитокот.
Интересно е да се забележи дека лисјата кои претрпеле дејство на температура до -3
0C до крајот на вегетацијата остануваат зелени, но кај нив нема активни фотосинтетизирачки процеси.
Високите температури на воздухот и почвата во текот на вегетацијата доведуваат до прегорување на лисјата, намалување на бројот на цветовите и сушење на растението.
Во однос на количината на врнежи и релативната влажност на воздухот, гладиолите можат добро да успеваат со создавање на определени услови, како во реони крајно ограничени со врнежи и со сув воздух, така и во реони со обилни врнежи и голема влажност на воздухот.
При садењето почвата треба да е максимално снабдена со влага.
Гладиолите имаат најголема потреба на влага во фенофазата на петтиот-шестиот луковичен лист, кога се одвива интензивен раст развиток на соцветието.
Прекратувањето на достап на влага, особено во топло време, доведува до намалување на снабдувањето на растението со фосфор и калиум од почвата.
Наводнувањето во топлите летни пладневни часови, може да предизвика прегорување на цветчињата и лисјата.
Релативната влажност на воздухот во складовите со луковици е еден од основните фактори за нивно успешно чување во текот на зимскиот период. Ако луковиците се чуваат во простории каде се одржува ниска температура ( 2-5
0С ) и релативно стабилна влажност (80-85 %), тогаш тие не ја губат способноста за поникнување.
Гладиолата е светлољубиво растение. Нив им одговараат површини добро осончени.
Ако се одгледуваат на засенчени места, губат од декоративниот изглед
, бојата на цветовите е бледа, стеблото ја губи цврстината, лисјата се бледи.
Самиот процес на цветање е директно зависен од сончевата светлина. При засенченост во утринските часови од 9-10 часот, гладиолите доцнат со цветањето за 2,5-3 недели. Тие обилно и подобро цветаат ако во пладневните часови се во полусенка или во сенка.
Лесните алувијални почви и почвите со голема содржина на арско ѓубриво, ги намалуваат трошоците и го упростуваат одгледувањето.
Гладиолите можат да се одгледуваат со успех во повеќе реони во нашата Република Македонија.
Во топлиот, сушен и ветровит реон на општина Свети Николе, за успешно
одгледување на гладиоли, во голема мера влијае не само примената на добра агротехника и изборот на асортиманот, туку и создавањето на сопствена производна база за производство на саден материјал, произведен во месните еколошки услови.
За да се избегнат високите температури и нивното негативно влијание, индивидуалните производители во реонот на Свети Николе, така го темпираат производството, да не произведуваат цвет во периодот на највисоки температури.
Користењето на четири или петгодишен саден материјал,
не овозможува добивање на квалитетен режен цвет (цвет за буќети) и доведува до голем пад на производството.
За садење на гладиоли за цветање, се користат млади луковици од прва година на цветање.
Во реонот на Свети Николе посебно внимание треба да се посвети на заштитата од ветровите што се прави со подигање на ветеро-заштитни појаси.

- продолжува -

Дејан ГИЧЕВ
дип.земјод. инжинер
градинаро-цвеќа
р

  на почеток=

 

ДРОГАТА-БИЛЕТ ВО ЕДЕН ПРАВЕЦ!!!

Дрогата не само што го разорува здравјето туку го менува целиот живот без остатоци. Просечниот животен век на еден наркоман е 30 години, а многу малку од зависниците ја доживуваат четириесеттата.
"
Мамо, ти повторно плачеш. Знам дека тато повторно те тепаше, јас сум крива затоа што тоа не го знаеше. Јас сум наркоман веќе подолго време, одам на вечен пат, одам во пеколот на дрогата. Мамо, те молам, за мене кажувај им на сите само најдобро. На бато дај му ја гитарата бидејки сакаше да свири на неа, на Марија дај и го мојот џемпер бидејки многу и се допаѓаше, а на Мики дај му го мојот дневник за да прочита и да види колку го сакав.Доаѓај повремено на мојот гроб за да испушиш една цигара, можеби имам нешто да ти кажам.
Мамо, оди сега!
Имам само 16 години, а се чувствувам како изнемоштен старец.
Сега, збогум мамо, пушти ме да се вратам и да потонам во вечен сон.
Мамо, збогум!!!
"

Ова е дел од прошталното писмо напишано само неколку часа пред самоубиството на 16 годишна девојка, ученичка- наркоман.
Од ова можеме да извлечеме една порака:
"ДРОГАТА ПРВИОТ ПАТ ТИ ЈА ЗЕМАШ, А ПОТОА ТАА ТЕ ЗЕМА ТЕБЕ."
Ова е само една животна приказна за дрогата која не само што влегува во еден млад живот туку буквално го уништува. Бездруго, сте слушнале уште многу случки, особено во последните неколку години, од младите пред кои тукушто започнал животот, а го имаат пред себе злото наречено-ДРОГА.
Соочена со опасностите од масовното ширење и злоупотреба на дрогата, Светската здравствена организација поведе енергична акција во цел свет, со цел да се спроведе строга контрола врз илегалното производство и криумчарењето дрога.
Современото општество се карактеризира со многу динамичен развиток, натпреварувачки дух, брзо менување на формата на однесувањето, доведувајки ја личноста пред нови, често тешко решавачки проблеми, пред фрустрациските состојби, кои несвесно провоцираат од напнатост до агресивност, апатија, депресија, фобија (нереален страв), при што недоволно силните луѓе бараат олеснување, лесно прифаќајќи ги дрогите.
Во 1991 година е воспоставена организација, односно КАНЦЕЛАРИЈА ЗА КОНТРОЛА НА ДРОГИ И ПРЕВЕНЦИЈА НА КРИМИНАЛ (ОДЦЦП) во Виена, која раководи со меѓународните напори насочени кон борба против злоупотребата на дрога и трговија со дрога. Таа ги поддржува и помага земјите при:

· Уништување на насадите од кои се добива дрога и нивна замена со други законски насади, и помош за фармерите да изнајдат алтернативни птиходи за живот;
·
Изготвување и примена на законска регулатива против дрогата;
·
Координација на прекугранични проекти;
·
Откривање на тековите на дрога, предупредување на земјите според најновите трендови;
· Имплементација на превентивни програми за злоупотреба на дрога;
·
Воведување на лекување и рехабилитација за зависниците на дрога;
·
Борба против трговијата со дроги преку програми за спроведување на законите;

Пр: Полициското куче Пач
Пач, шестгодишен германски овчар, се специјализира за потрага по скриени дроги на аеродромите во Лондон
.
"
Пред неколку недели, Пач лаеше по еден куфер, јасно укажувајки дека намирисал дрога. Ние постојано пребарувавме, но не можевме да најдеме никаква скриена дрога. Х- зраците покажаа дека нема ниту скриени прегради. Бевме збунети. Конечно, по погледот на самиот куфер откривме дека куферот не беше направен од вообичаената тврда пластика, туку од тврд хероин обликуван во форма на куфер, а потоа зацврстен со брава."
ОДЦЦП ја поддржува обуката на кучиња- трагачи и нивните водичи во многу земји. Воедно ги обезбедува земјите со лесно употреблива опрема за идентификација на дроги за службениците од пограничната контрола.

Но дали знаевте дека ....

· Незаконската индустрија со дрога вреди околу 8% од целокупната меѓународна трговија или 10 пати колку сумата на целокупната официјална помош за развој.
·
Злоупотребата на дроги ја чини Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) повеке од 120 милијадри долари годишно во поглед на спроведување на законите, прогонства, затвори, превентивни програми, лекување и трошоци за здравствена заштита, како и финансиски загуби нанесени од криминалот поврзан со дрогата.
·
Проценетите глобални стапки на прекинување на каналите на шверц со дрога изнесуваат околу 10% за хероинот и 30% за кокаинот.
·
Во последно време, незаконското конзумирање дрога се зголеми насекаде низ светот. Различните показатели укажуваат јасно дека потрошувачката расте и станува вистински глобален феномен.
·
Во ситуациите на вооружен конфликт, незаконските приходи од дрога- или самите дроги- често се разменуваат за оружје.
·
Од средината на 1980-тите светот се соочува со бран на злоупотреба на синтетички стимуланси, во приближно 10 пати поголема количина од онаа во 1994, како и во 1978 година.

Христина Панева

  на почеток=

 

ХИВ/СИДА

Трагична е веста дека за Сидата нема лек, но уште потрагична е бројноста на луѓето што починале од оваа ужасна болест.
Сидата е неизлечива болест настаната од ХИВ вирусот
кој го напаѓа одбранбениот систем и со текот на времето го уништува.
Вкупниот број на лица инфицирани со ХИВ вирусот во 2004 изнесува 40 милиони од кои 4,9 милиони се новоинфицирани.
Од тие 4,9 милиони 50% се лица под 24 години, а 50% се жени и девојки. Во 2004 год. 510 000 деца под 15 год. умреле од СИДА, а повеќе од 14 милиони деца се останати без родители до крајот на 2004-та год.
Во Република Македонија првиот случај на лице инфицирано со ХИВ вирусот е забележан во 1987год., а две години подоцна е регистриран првиот случај на СИДА (1989г.).
До денес вкупниот број случаи со ХИВ
/СИДА е 69 лица: 51 лице со болеста СИДА од кои 49 се починати и 18 лица се ХИВ позитивни.
На прашањето од каде потекнува ХИВ/СИДА во 80-те години се поставени различни хипотези.
Прво се претпоставувало дека потекнува од зелените мајмуни кои живеат во Јужна Африка. Подоцна се тврдело дека бил измислен по лабараториски пат од страна на белите луѓе за да ги уништат црните луѓе. И бидејќи за првпат бил забележан во Суб-Сахарска Африка во касните 70-ти, бил пренесен на Афричките племиња, па оттаму се раширил вирусот. Но научните истражувања со разни испитувања и истражувања докажале дека сите тие хипотези и претпоставки се неточни - вирусот постоел со децении наназад.
Во Источна Европа и Централна Азија за првпат е забележан во раните 90-ти, а се проценува дека до 2010-та година 45 милиони нови луѓе во 126 земји во светот ќе бидат инфицирани со ХИВ вирусот.
Симптомите на ХИВ вирусот се намалениот имунитет, честите инфекции (ги уништува леукоцитите) и појавата на разни болести како и потешко излекување од нив.
Но ХИВ позитивното лице изгледа здраво и живее нормален живот. Може да го пренесе вирусот доколку ризично се однесува и во период од 1 до 20 години ќе заболи од СИДА.
ХИВ вирусот се наоѓа во сите телесни клетки на инфицираното лице,крвта,спермата,мајчиното млеко,вагиналните секрети. А се пренесува преку сексуални односи без заштита каде што во 8 од 10 случаи се пренесува преку слузницата на половите органи при:вагинален,анален и орален секс. Исто така може да се пренесе со користење на нестерилни инструменти: употреба на заеднички игли и шприцеви, четкички за заби, жилети при дупчење уши, акупунктура , циркумцизација (сунет), тетовирање, инјектирање, стоматолошки потреби , како и при трансфузија со инфицирана крв и крвни деривати,при трансплатација на органи, при вештачко оплодување.
Може да се пренесе и од мајка на дете во тек на бременоста, при раѓањето и при доењето.
Сигурно не се пренесува преку комарците и домашните животни потоа кашлање , ракување, кивање , храна , прибор за јадење , крпи , базен , јавни тоалети ниту пак со давање на крв.
Само со тестирање на крвта може да се докаже дали лицето е ХИВ позитивно. ХИВ/СИДА тестот се прави 3 месеца по сексуалниот однос, бидејќи претходно може да живее без да предизвикува некакви знаци или симптоми во период од
6 до 12 недели т.е. околу 3 месеци за телото да создаде доволно антитела бидејќи во овој период вирусот го има , но не се гледа-овој период се нарекува период на "прозорец". Постојат два вида теста и тоа : Елиса и Вестерн Блод. Доколку Елисата е позитивна се прави Вестерн Блод тестот.
Добро е тоа што постои и ХИВ/СИДА вакцина. Од 1987 год. се тестирани 22 вакцини од кои 2 се во третата завршна фаза на истражување. Но лошо е тоа што 1 ХИВ вакцина ќе се однесува само на еден тип (подтип) на вирус , а има три
типа на вирус ХИВ 1 , ХИВ 2 и ХИВ 0 , а сите три типа имаат по 200 подтипа.
За ХИВ заштита имај свој прибор за лична хигиена , иглите и шприцевите се за една употреба , заштити се при допир со туѓа крв , не допирај фрлени игли и шприцеви , секогаш барај од твојот лекар и стоматолог да користат заштитна опрема.

ЗАШТИТЕТЕ СЕ СЕБЕСИ!
КАЖИ НЕ!

-кога не сакаш да имаш сексуални односи
-сексулен однос без кондом

ИЗБЕГНУВАЈ!

-сексуални односи под дејство на алкохол и дрога
-сексуални врски за една вечер

Не се срами од кондомот-тој засега е единствената заштита одХИВ/СИДА/СПБ.

Срцето е кршлива работа-заштити го!

Биди позитивен и ХИВ негативен!

Мали промени денес големи придобивки за вашето здравје утре.

Ако кондомот е -твоето здравје не е глупост!

Весна Митрова

  на почеток=

 

НАДВОРЕШНИ СОРАБОТНИЦИ

Оплодување, бременост и окотување кај домашните зајаци

Зајаците од расата Калифорниски бел, Новозеландски бел и нивните хибриди спаѓаат во среднотешки раси на зајаци кои најмногу се употребуваат во индустриско производство на месо од домашни зајаци.
Овие
зајаци се најраностасни во споредба со останатите раси на зајаци. Тие се оплодуваат за прв пат уште пред 4 месечна возраст кога достигнуваат 115 до 120 дена. После оваа возраст оплодувањето е тешко зошто женките се склони на здебелување.
По колку пати во годината може да се оплоди и окоти една женка зависи од целите на сопственикот - брз обрт и брза амортизација на женките или употребување на женките за подолго време. Постојат неколку варијанти на оплодување на женките :
1. Интензивен циклус на оплодување до 11 окотувања за 1 година. Оплодувањето на женката се врши од 24 до 36 часа после окотувањето. Процентот на оплоденост и бројот на одгледани и одбиени зајачиња од едно окотување е понизок во споредба од полуинтензивниот циклус на оплодување но како краен резултат бројот на одбиените зајачиња е поголем заради поголемиот број окотувања. Интензивниот циклус се препорачува само при професионално одгледување на зајаци,при задолжително обезбедено квалитетна храна за да се помогне за брзото опоравување на женките.

2. Полуинтензивен циклус на оплодување : обезбедува 8 до 9 окотувања во годината. Женките се оплодуваат 10 до 14 дена после окотувањето. Тоа е најшироко употребуваниот циклус на оплодување. Кај овој систем најдобро се запазува економичноста и ефикасноста на фармата но и хуманиот однос кон животните.

3. Екстензивен циклус : се добиваат 5 - 6 окотувања во годината. Новото оплодување се извршува после одбивањето на младите зајачиња. Овој начин се употребува првенствено во малите лични фарми кај што не се очекуваат некои по сериозни економски резултати.
Се препорачува
во големите стокови фарми да се употребува полуинтензивен циклус на оплодување.

Иле Нанев
Здружение на одгледувачи на зајаци-Калифорнија

  на почеток=

 

Техника на сликање - Пастел

Пастелот е бела креда помешана со фин ситен обоен пигмент што остава мека и нежна обоена трага. Се произведува во вид на тенки тркалезни или четвртести стапчиња
Линиите што се добиваат со пастелот се бледи или интезивни,но секогаш со одредена мекост во себе. Потезите се динамични, бојата лесно се нанесува на површината на хартијата за пастел ја прави сликарската површина единствена. Бојата се нанесува во повеќе слоеви и со тоа површинате со пастел добиваат густина и специфична фактура.
Линиите можат да бидат прецизни и меки,а површините строго одредени со унифицирани или динамични потези,но и благи транспарентни што навлегуваат и се покриваат меѓу себе.

Петар ЛАЗАРОВ

  на почеток=

 

Добредојдовте во светот на видео игрите!

Јас ќе ви ја презентирам NBA Live 2005. Во NBA live 2005 се направени големи чекори воведување на All Star викендот, како посебен начин на игра. Во all star викендот се игра во сите дисциплини забивање , фрлање тројки и др. Во NBA Live во текот на натпреварот додека трае има асистент кој ќе ве известува за секоја повреда на своите играчи. Во NBA live е овозможено играње преку интернет така што ке треба да играте во десет натрепревари додека не се освои пехарот. Во NBA Live истотака може да се игра во мрежа преку multiplayer така што ке треба да имате еден креатор за да можете да играте во мрежа. За да може да ја играте NBA Live 2005 треба да имате intel P4 1.7 Gb 256 Mb RAM 32MB video RAM и 1.6 GB слободен простор на хард диск . Ако NBA Live ја играте на 600х480 или 800х600 нема да го забележите моделирањето на играчите а уште помалку на салите.

Александар Кралев
Ace_Kralev@mail.net.mk

  на почеток=

 

СМС ИЗБОР

2Да сум птица би летала по тебе.
Да сум куче би трчала по тебе.
Да сум риба би се преселила на копно .
Затоа што сум човек единствено што можам е да те сакам.

2Ако си бог биди ми утеха,
ако си отров усмрти ме,
ако си љубов заведи ме,
а ако си човек задржи ме.

2Постојано те гледам по сателит.Не ми веруваш?
Ке ти кажам што правиш сега: го држиш телефонот
ја читаш мојата порака мислиш на мене и се смееш.

2Сега ја молам месечината да ѕирне
во твојата соба и да те разбуди и гушне
наместо мене.
нека те чува и нека ти зборува кога не можам јас.

2Азбуката почнува со А,Б,В
Песната со ДО,РЕ,МИ
Љубовта со ЈАС и ТИ

2Ако ја задржиш оваа порака - МЕ САКАШ
Ако ја игнорираш - МЕ ОБОЖАВАШ
Ако не одговориш - МЕ ПОСАКУВАШ
Ако одговориш - НЕ МОЖЕШ БЕЗ МЕНЕ.

2Ќе ми го покажеш патот до твоето срце
или да викнам такси?

  2Што е животот?
Животот е љубов!
Што е љубовта?
Љубовта е бакнеж!
А што е бакнеж?
Дојди да ти покажам!

2Некој го сака Охрид ,а некој Струга
Јас те сакам тебе ,а ти сакаш друга.

2Верноста е единствениот инструмент на кој не знаеш да свириш.

2Љубовта е како кактус еднаш цвета, а цел живот боде.

2Љубовта е како хемија или реагираш или согоруваш.

2Посакувам овој ден да се отвори небото,
да ти ја подари целата среќа, љубов
и да ти ги оствари сите желби.
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН.
P.S.Donot dream your life-live in your dreams.

2Кажи збор за да те слушнам,
здивни за да те осетам,
бакни ме за да те вкусам,
гали ме за да те почуствувам
пиши ми за да знам дека ти значам.

Мартина БОГДАНОВА

  на почеток=

 

Учење од камелеонот

Камелеонот е навистина добар учител.
Посматрајте го внимателно.
Било која насока да ја земе, цврсто се држи за неа.
Сторете го истото. Имајте цел во вашиот живот и не дозволувајте ништо да ви го одвлече вниманието од неа.
Главата на камелеонот никогаш не се движи, но неговите очи се движат цело време. Тие не пропуштаат ништо. Тоа значи: дознај се што можеш. Никогаш немој да мислиш дека ти си единствената личност на светот.
Без оглед каква е средината, камелеонот ја прифаќа нејзината боја. Тоа не е хипокризија. Тоа значи да се биде толерантен и истовремено значи поседување на општествени вештини. Конфронтацијата нема да ве одведе никаде. Ништо конструктивно не произлегло од конфликт. Секогаш мора да се трудиме да ги разбереме останатите. Ние постоиме и мора, исто така, да ги прифатиме останатите.
Кога камелеонот се движи, тој ги подигнува нозете и се двоуми.
Тоа значи дека чекори внимателно.
Кога се движи се придржува со опашката, во случај да изгуби тло под нозете, сеуште може да се задржи на неа. Си ја заштитува заднината. Направете го истото - не дејствувајте избрзано.
Кога камелеонот го забележува својот плен, не скока на него, туку го употребува својот јазик. Ако успее да го дофати со јазикот, го прави тоа. Ако не успее, може секогаш да го вовлече јазикот, без направена штета. Што и да правите, правете го тоа внимателно.
Ако сакате да направите нешто трајно, бидете трпеливи, бидете добри, бидете хумани.
Ете, сега знаете. Кога ќе се најдете во шумата, прашајте ги тие што знаат што може да ве научи камелеонот.

Амаду Хампате Ба (Мали)

  на почеток=

 

ЛИЧНИ ТВОРБИ НА НАШИ ВАВИЛОНЦИ

Крајезерски бранувања

Крај езерото залезот чека
Замислен човек девојка чека.
Но да го смири таа не е тука
Неговото срце што забрзано чука.

Неговото срце забрзано чука
а од него љубовта ко зора пука.
Сведок е езерото што тивко се пене
за неговата љубов што тивко вене.

Во срце длабока рана го пече
и на езерото, замислено , тажно му рече
-О езеро златно зашто во животот се ми е матно?!
-О бранови бели зошто ми се мачни денови цели?!”

А езерото без препет спие
а на човекот крвта му врие
Во водата владее мир
во езерската далечна шир.

Ветрето тивко дува
и љубовта негова ја чува .
Се дреме во изгревот ран
со заматен студен бран.

И појде кон домот свој
а во глава мисли рој
дали таа уште го сака
на него му беше мака.

А пееше долу брзоточен бран,
човекот сет во душата жал збран
за нешто што неврат го гони
му дојде да вика и солзи да рони.

Во срцетокапка крв му врие
И љубовта што таа го пие .
со болка в душа , в срце жал
солжите на лице му играа бал.

Тажен е тој а солзите течат рој,
а од неа ни трага ни глас
а на љубовта негова нема спас.

Во постела мека
легнува тажен тој
а срцето што чека
болот го крие свој.

Утредента плач од кај него се слуша
човекот млад си испуштил душа.
Мајка за својот единец жали
и по ладното лице го гали.

Мајка му силна вресна
и на лице му падна солза пресна.
Неговото сега безживотно тело,
го краси костимче бело.

А таа дојде збркана сета
срцето и чука, болката и лета.
Ги бакна неговите усни,
ги погали неговите коси руси.

Ја зграби ладната рака
што засекогаш ќе ја сака.
И посака пак да го слушне
неговиот глас што ќе ја слушне.

Зошто и таа самата знае
во нејзиното срце тој секогаш ќе да е.
Но со жал и трепет збран
го гледа изгревот ран.

Нејзиното лице немо молчи
пиејќи ги солзите од тажните очи,
и така со тивок глас
од него ко да бара спас.

"Татко ми ме фати,
и со удари тешки
ми удираше шлаканици жешки.

На друг младинец ме дал
кој за мене љубов збрал.
Со тебе не ме пушта
дури и ако испуштев душа
".

И врела солза на лице му капна
и кон прагот таа стапна.
За последен пат го виде телото мртво
и неговото чело смртно.

А потоа кон езерото појде
на нивното место дојде.
Се фрли во неговите води
со него во рајот да оди.

Ветрето тивко дува,
и љубовта нивна ја чува.
Се дреме во изгревот ран
со заматен студен
бран.

Езерото без трепет спие
нивната крв сеуште врие.
Во водата владее мир
во езерската далечна шир.

Приказнава жална се кажува,
на сите вљубени се раскажува.
Местото жално
се посетува стално.

Секој кој ќе дојде свеќа им пали,
додека ветерот лицата им ги пали.
Солзи си ронат
а спомените сами по себе се гонат.

Крај езерото залезот сека
вистинската љубов се чека.
Сите млади сонувања, ги чуваат
Крајезерските бранувања.

 

Надица Јованова

 

 

ГОРЧИНА НА ВОЈНАТА

Сестро ладна, сестрице,
Пушко, мрачна судбино,
силно те прегрнувам за да те уништам,
пукни таму далеку, срцето и го разнеси
на таа злоба глобална,
на таа пуста ВОЈНА.

Пукни гневот мој разнеси го,
таа што ме чека дома нека знае,
дека сум во мојот вечен дом.
Пукни пушко, сестро мила,
уништи ја таа пуста вештерка,
вештерка која ми ја пие крвта,
се слади со месото
на жртвите од нејзината отров,
пукни и разнеси го тој МРШОЈАДЕЦ.

Дај ми крилја, да стигнам дома,
Знаеш ли колку само далеку сум од неа?
Љубовта кон неа беше толку силна.
Живее омразата и гневот во мене.
Љубовта кон неа беше толку силна.

Го проколнувам денот
кога ветерот ме збратимил со тебе
и ме оддалечил од неа.
Трагам утеха за да најдам,
с
é е пусто околу мене.

Ти си ми сега единственото нешто што го имам.
Затоа, пукни и маките скрати ми ги.
Човеку, смртнику!
Си заборавил да речеш:” ДОСТА..”
Алчноста и твојата лакомост,
Те спуштиле на најниско ниво,
сам си се фрлил во прегратката на смртта,
доцна си се освестил.

Твојата немареност,
направи светска трагедија.
Затоа, пушко пукни,
Пукни најсилно што можеш
и запри ја црвената река
на која ѓаволот ја гасне жедта.

На рамо кога те носам,
како нешто најтешко си ми.
Низ нишанот твојот кога гледам,
во неа мерам,
ама таа е како фантом,
кој само разумот на ова створение
во чија група припаѓам и јас може да ја сопре.

ХОМОСАПИЕНС те нарекле,
а ти не го заслужуваш ни најлошиот прекар.
Умот, иако владее,
и самиот е ограничена сила,
а страста разоглавена,
е оган што гори до сопственото самоуништување.

За да се уништиш ја користиш твојата интелгенција,
Овести се смртнику!
Ти за бесмртност и моќност жеден,
запри го тоа што си го створил.
Не ли се плашиш од делата твои?

Каде е твојата лојалност?
Затоа, пукни пушко,разнеси го с
é она
што гради немир,
уништи го она кое ме уништува и мене.

И ти пушко стани еден златен збор,
Збор изречен од устата на умниот,
збор напишан од перото на поетот,
збор навезен од душата,
златен збор кој с
é ќе сруши!

Мартин Колев

Вавилон

Доколку досадно ви е дома вам
Дојдете во Вавилон без срам,
Или пак ако дома нешто те мачи
Во пожарната горе се качи.

Ако сакаш да научиш англиски нешто
Кај Луси дојди вешто,
Или ако за новинарство и дебата нешто те интересира
Дојди кај Горан за да не се нервира.

А тука е и Аце наш
За компјутери се знае баш,
Но и Емина е тука знај
Знаење од се има без крај.

Но, да не ја заборавиме Данче
Не треба тоа така-ќе и биде мака,
Таа е добра и мила
Лоша никогаш не била.

И ете во Вавилон се можеш да правиш
На патувања да одиш и со знаење да се бавиш,
Таму ја храниш меморијата твоја
Но не само со креда и боја.

Марија Петкова

Желба

Имам желба голема
Сите да живеат во мир
И цвекиња да растат во небесната шир

Имам желба голема
Сонцето да го допрам
И војните да ги сопрам

Имам желба голема
Да нема разлика меѓу црни и бели
И сите да се сакаат како браќа цели


Ангела Арсова

 

 

Животот продолжува

Со раѓањето на денешниот ден во мене умираше последната капка надеж дека пак ќе бидеме заедно. Додека сите мирно спиеа јас се борев против вистината. Вистина е дека оној кој го сакам си ти, но ти сакаш друга. Вистина е дека мора да те заборавам, дека те загубив засекогаш, дека ние сме само минато, среќно минато. Минато кое сакам да трае и да е сегашност. Утринава кога умираше ноќта го напишав твоето име со ѕвезден прав , со тоа го означив умирањето на мојата љубов кон тебе, умирањето на еден дел од моето срце кое некогаш ти припагаше на тебе. Љубовниот огин се претвора во пепел, а ти не се грижиш за тоа. Сеуште ме печат твоите лажни зборови кои ги врежа длабоко во моето срце.Срце кое сега е исполнето со болка, солзи и за изгубената љубов. Од денес се борам против моите чувства, продолжувам сама да талкам низ прашните патишта да ја барам крај некој друг. Некој кој ќе го излекува моето рането срце од убодите кои ми ги зададе ти. Животот продолжува понатаму без тебе , а јас продолжувам да се трудам да те заборавам.

Сања Петровска

  на почеток=

 

ВАВИЛОН КУЈНА

СЛАДОЛЕД

4 јајца, 2 шлаг крема, 4 лажици шеќер и 250гр. Пресно млеко. Шлагот, млекото и 2 лажици шеќер се матат убаво. 4 белќи се матат со 2 лажици шеќер и се додават предходно изработени 4 жолчќи. Сето тоа се меша со шлагот и се додава 1 ванила, и се става во фриждер.

БОМБА ТОРТА

Тесто:8 јајца, 8 лажици шеќер, 8 лажици брашно, 1 пециво сето тоа се меша и се пече во плехче, потоа тортата се дели на 2 дела, или се пече 2 торти на пола смесата (4 јајца, 4 лажици шеќер, 4 лажици брашно и 1/2 пециво)-жолто тесто.
Тесто2: е исто како првото само се става какао во тестото.

 

АМЕРИКАНСКИ КОЛАЧ

4 жолчќи со 1 шоља шеќер се мати добро и се додава 1 шоља млеко. 1 шоља зејтин отпразна како 2 прста, 1 пециво, 1 шоља убаво полна брашно, 8 лажици мелени ореви сето тоа се меша и се пече во тавче број 30. Пред крајот се вади тортата се мачка со мармалад и се става беланец и се става во рерна да се пече уште 5 мин. Одозгора може да се посоли со мелени ореви. Беланец: 4 белќи со 8 лажици шеќер се мати.

ПАЛАЧИНКИ

1/2 л, млеко, 3 јајца, 250 гр, брашно, малку сол, сето тоа се меша ретко и се пржи, а потоа се мачка со мармалад или крем.

Никола НАУНОВ

  на почеток=

 

ВИЦОТЕКА

 ☺☺☺

Мујо: Што правиш човече, цел ден само седиш и размислуваш?
Хасо: Не, само седам!

 ☺☺☺

Момчето, го закажува првиот состанок со една русокоса:
Тој: Значи, каде ќе се најдеме?
Таа: Кај семафорот.
Тој: Кој семафор?
Таа: Оној со три бои: црвена, жолта и црвена
.

 ☺☺☺

Синот: Тато, колку чини една свадба?
Таткото: Не знам... сеуште плаќам!

 ☺☺☺

Мујо: Честитам Хасо. Слаушнав дека си се оженил.
Хасо: Да. И тоа со близначка.
Мујо: А како ги распознаваш?
Хасо: Брат и е малку повисок.

 ☺☺☺

Синот: Тато, дали е вистина дека кај некои племиња во Африка, младоженецот на ја познават својата сопруга се до свадбата?
Таткото: Е сине, сине... така е секаде во светот!

 ☺☺☺

Разговараат двајца пријатели:
-Сто пати и реков на мојата девојка, дека една вистинска врска мора да содржи многу повеќе страст.
-А таа, се согласи ли со тебе?
-Да. Си најде ново момче!

☺☺☺

-Од каде ти е ова куче?
-Ми остана од претходното момче.
-Зарем не можеше да го абортираш?

☺☺☺

Гиго: Замисли Цветко, читав некоја статистика... и таму пишува дека секогаш кога ќе отворам уста, во светот некој умира.
Цветко: Па нормално... кога толку ретко ги миеш забите.

 

   ☺☺☺

Мујо: Кој знае како ќе биде на лето...
Хасо: Исто, мали плати и горештини.
Мујо: Кој знае како ќе биде на лето...
Хасо: Исто, невработеност, низок стандард.
Мујо: А бе пушти ме да завршам. Кој знае како ќе биде на лето, кога нозете во среде зима така ти смрдат?

☺☺☺

Прашање: Каква е разликата помеѓу вампир и адвокат?
Одговор: Вампирот пие крв само ноќе.

☺☺☺

Прашање: Како полицаец лови риби?
Одговор: Ќе фати една, и ја тепа додека не признае каде се другите.

☺☺☺

Прашање: Зошто е опасно да се пеглаат завеси?
Одговор: Може да се падне од прозорецот.

☺☺☺

Прашање: Зошто жените при водење љубов се замижани?
Одговор: Фантазираат за шопинг.

☺☺☺

Прашање: Како во Македонија од музика да се заработат милион долари?
Одговор: Почни од два милиона.

☺☺☺

Прашање: Како влегуваат четири слона во автомобил?
Одговор: Еден по еден.

☺☺☺

Прашање: Која болест е најдобра?
Одговор: Склероза. Нема болки а секој ден слушате нешто ново.

☺☺☺

Прашање: Што се добива кога ќе се вкрстат слон и глушец?
Одговор: Слон со дамка.

ВАВИЛОНЦИ

 

  на почеток=

 
 
  ПЕСНАРКА  
   
Green Day
 Boulevard Of Broken Dreams

I walk a lonely road
The only one I that have ever known
Don't know were it goes
But its home and I walk alone
I walk this empty street
On the Blvd. of broken dreams
Were the city sleeps
And I'm the only one and I walk alone
My shadows the only one that walks beside me
My shallow hearts the only thing that's beating
Sometimes I wish someone out there will find
Till then I'll walk alone

I'm walking down the line
That divides me somewhere in my mind
On the border line of the edge
And were I walk alone
Read between the lines of what's
Fucked up and every things all right
Check my vital signs to know I'm still alive
And I walk alone

Gwen Stefani
 Hollandback Girl

Uh huh, this my shit
All the girls stomp your feet like this

A few times I've been around that track
So it's not just goin' to happen like that
Because I ain't no hollaback girl
I ain't no hollaback girl
[2x]

Oooh, this my shit, this my shit [4x]
I heard that you were talking shit
And you didn't think that I would hear it
People hear you talking like that, getting everybody fired up
So I'm ready to attack, gonna lead the pack
Gonna get a touchdown, gonna take you out
That's right, put your pom-poms down, getting everybody fired up

A few times I've been around that track
So it's not just goin' to happen like that
Because I ain't no hollaback girl
I ain't no hollaback girl
[2x]

Oooh, this my shit, this my shit [4x]
So that's right dude, meet me at the bleachers
No principals, no student-teachers

All the boys want to be the winner, but there can only be one
So I'm gonna fight, gonna give it my all
Gonna make you fall, gonna sock it to you
That's right, I'm the last one standing, another one bites the dust

A few times I've been around that track
So it's not just goin' to happen like that
Because I ain't no hollaback girl
I ain't no hollaback girl
[2x] 
Oooh, this my shit, this my shit [4x]
Let me hear you say, this shit is bananas
B-A-N-A-N-A-S   [4x]

A few times I've been around that track
So it's not just goin' to happen like that
Because I ain't no hollaback girl
I ain't no hollaback girl  [2x]
Oooh, this my shit, this my shit [4x]

Black Eyed Peas
 Don't Phunk With My Heart

No, no, no, no, don’t phunk with my heart (Yeah)
No, no, no, no, don’t phunk with my heart

I wonder if I take you home
Would you still be in love, baby (in love, baby)
I wonder if I take you home
Would you still be in love, baby (in love, baby)

Girl, you know you got me, got me
With your pistol shot me, shot me
And I'm here helplessly
In love and nothing can stop me
You can't stop me cause once I start it
Can't return me cause once you bought it
I'm coming baby, don’t got it (don’t make me wait)
So let’s be about it

No, no, no, no, don’t phunk with my heart

Baby, have some trustin', trustin'
When I come in lustin', lustin'
Cause I bring you that comfort
I ain’t only here cause I want ya body
I want your mind too
Interestin’s what I find you
And I'm interested in the long haul
Come on girl (yee-haw)

(come on)

I wonder if I take you home
Would you still be in love, baby (in love, baby)
I wonder if I take you home
Would you still be in love, baby (in love, baby)

No, no, no, no, don’t phunk with my heart

Girl, you had me, once you kissed me
My love for you is not iffy
I always want you with me

I'll play Bobby and you’ll play Whitney
If you smoke, I'll smoke too
That’s how much I'm in love with you
Crazy is what crazy do
Crazy in love, I'm a crazy fool

No, no, no, no, don’t phunk with my heart

Why are you so insecure
When you got passion and love her
You always claimin’ I'm a cheater
Think I'd up and go leave ya
For another senorita
You forgot that I need ya
You must’ve caught amnesia
That’s why you don’t believe

(uh, yeah, check it out)

Don’t you worry ‘bout a thing, baby
Cause you know you got me by a string, baby
Don’t you worry ‘bout a thing, baby
Cause you know you got me by a string, baby

Baby girl, you make me feel
You know you make me feel so real
I love you more than sex appeal
(Cause you’re)
That-tha, that tha, that-tha, that girl [5x]

[overlapping]
No, no, no, no, don’t phunk with my heart [2x]
That-tha, that tha, that-tha, that girl [2x]

I wonder if I take you home
Would you still be in love, baby (in love, baby) [4x]

Don’t you worry ‘bout a thing, baby
Cause you know you got me by a string, baby
Don’t you worry ‘bout a thing, baby
Cause you know you got me by a string, baby
   
 

  на почеток=

 

 
 

прва страна | профил| активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2004-2005 Организација на жени - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster Ал.Бог.