македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
 

Проект ,, Боите на мирот “

Организацијата на жените на општина Свети Николе се јави како партнер на Унијата на жени Турчинки САБА од Битола како носител на проектот во реализација на проектот Боите на Мирот. Проектот е реализиран во соработка со 6 други организации од Македонија : СОЖМ , Езерка - Струга, Женски центар Гостивар, Здружение на жени Ромки "Есма" - Скопје, НВО "АНИК" - Кичево,Организација на жени на Општина Свети Николе и е финансиран од Министерството за култура . Организацијата распиша конкурс за ликовни творби на тема Боите на Мирот за деца и млади од Свети Николе. Од доставените творби беа избрани три деца со најдобри ликовни творби кои учествуваа на на активноста "Ликовните денови " од 17 до 19 Јули 2004 год , во Детското летовалиште " Мајски цвет " - Струга . На ликовните денови , учествуваа четириесеттина младинци од шестте градови и неколку села : Кичево , Свети Николе , Скопје , Струга , с.Мороишта, с.Канатларци, с.Трново, Битола , с.Ивањевци, Гостивар .
Во текот на овие денови младите од различнен мултиетнички состав можеа да се дружат и да разменат свои искуства. Ова овозможи да се реализираат основните цели на проектот : сликајки и дружејки се да се премостуваат различностите , а културата и уметноста е она што на најдобар начин не зближува. Во амбиентот на Охридското езеро и знаменитостите на Струга младите можеа да црпат инспирација за своите ликовни творби.

Делата на младите ќе бидат донирани на Детските установи во Македонија.

 

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2004 Организација на жени - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster А.Б.