“Зајакнување на националните
капацитети во превенција против семејното насилство”
Организација на жените на општина Свети Николе е
носител на проектните активности од програма “Зајакнување на
националните капацитети во превенција против семејното насилство”.
Проектот финансиски е поддржан од УНДП, Холандска Амбасада и
Министерставо за Труд и Социјална Политика.
Целта на проектот е промена на законската
регулатива која го третира проблемот семејно насилство и заштитата на
жртвите од семејно насилство.
Проектните активности започнаа од Септември 2009
година и ќе траат до 31 Декември 2009 година. Како проектни активности
кои беа реализирани се:
Јавни Форуми на регионално ниво во: Штип, Кочани,
Куманово, Тетово, Битола, Струга, Кавадарци, Струмица, Гевгелија и
Скопје, со претставници од релевантните институции: Центрите за
социјална работа, Полиција, Здравство, Судство, Образование и
НВО-сектор.
Тема на Јавните Форуми беше Презентација на
Националната стратегија за превенција од семејното насилство 2008-2011
година и разгледување на законската регулатива која го третира семејното
насилство и заштита на жртвите од семејно насилство.
Тродневни Семинари за: претставници од Центрите
за социјална работа, за претставници од НВО-сектор, претставници од
Шелтер Центрите во Македонија и претставниците од медиумите во
Македонија
Тема на семинарите беше “Сензибилизирање на семејното
насилство, чекори за постапување и изработка на кодекс за соработа“.
Тркалезни маси во Битола, Кичево, Тетово, Велес и
Куманово.
Тема на тркалезните маси беше “Чекори на постапување
и механизми на упатување при заштита на жртвите од семејно насилство”.
Работилници со жени и жени жртви на семејно насилство
во Тетово, Кочани, Кавадарци, Велес и Куманово.
Тема и цел на работилниците беше “Сензибилизирање и
препознавање на семејното насилство”.
Работни и технички состаноци со Меѓународни
консултанти-експерти за семејното насилство како проблематика
Целта на овие состаноци беше споделување на работните
искуства и подобрување на соработката, заради зголемување на квалитетот
на услугите што ги нудат институциите.
Подготовка и спроведување на анкетни прашалници
за истражување на пазарот за избор на локални консултанти кои ќе
шридонесат на оваа проблематика.
Александра Коцевска
Организација на жените на општина Свети Николе