english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

Придобивки и иницијативи од спроведениот проект ЗАЕДНО за почиста општина

Во периодот од 09 Јуни 2008 година до 31 Мај 2009 година Организација на жените на Општина Свети Николе  во партнерство со И.О. “Гоце Делчев, како и останатите општествени чинители: Општина Свети Николе, ЈП. Комуналец, Еколошко друштво Изгрев, Граѓанска иницијатива на жени, Здружение на Роми, Здружение на Власи, Центар за Економски Развој и Чекор по Чекор за подобра иднина како и општинските основни училишта Кирил и Методиј и Гоце Делчев и средното општинско училиште Кочо Рацин реализира предвидените проектни актвности од проектот „ЗАЕДНО за почиста Општина”.

Овој проект се спроведува преку Програмата SECTOR на Регионалниот центар за Заштита на животната средина за Централна и Источна Европа. Оваа програма ја финансира Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (SIDA).

Реализирани проектни активности допринесоа за зајакнување на свеста кај граѓаните за правилно управување со цврстиот отпад, зголемување на зелените површини во и околу градот, создавање на услови за складирање на селектираниот отпад со поставувањето на контејнерите (за отпадна пластика и отпадна хартија), превземање на заеднички акции помеѓу НВО и општината и јакнеење на соработката помеѓу нив.

За гореспоменатото помогнаа следните активности:

- анкетирани беа 250 граѓани за состојбата со отпадот во нашата општина;
- реализирани 6 еко акции за чистење на 10 диви депонии (од лоцирани 15) и бројот на дивите депонии беше намален;
- дистрибуција на еко флаерот со сметките за вода;
- дистрибуција на едукативен материјал (за како да се селектира отпадот) до директорите на образовните институции;
- медиумска презентација на проектните актвности и континуирано информирање на граѓаните за тековните активности преку ТВ СВЕТ и Радио Свети Николе и веб страните на Локалната Самоуправа www.svetinikole.gov.mk и Организацијата на жените на општина Свети Николе www.womsvetinikole.org.mk);
- одржана јавна еко трибина на која присуствуваа околу 110 граѓани;
- на првиот еко камп беа обучени 40 млади волонтери кои земаат учество во континуираните еко патроли;
- постигнато е поголемо вклучување на граѓаните (посебно на младите) во превземање на активности за разрешување на еколошките проблеми;
- постигната е поголема соработка помеѓу НВО и општината и зголемен е нивниот интерес за заеднички акции;
- набавени и поставени за 12 контејнери (за отпадна хартија и пластика) на 6 локации во градот и за првпат во општина Свети Николе е отпочнато со селектирано собирање на отпадна пластика и хартија ;
- покрената е иницијатива за одредување на депонија за градежен шут затоа што постојната е преполнета;
- изготвен е Правилник за функционирањето на еко патролите;
- во реализацијата на проектните активности ни се приклучија уште 2 општествени чинители од нашата општина: “Центар за Економски Развој” и “Чекор по Чекор за подобра иднина”;
- Активистите од еко патролите и во втората фаза од проектните активности продолжија со редовните патролирања со цел да ги откријат и евидентираат несовесните граѓани кои неконтролирано фрлаат отпад и за истото да го информираат комуналниот инспектор;
- организиран и реализиран е изборот за најуреден индивидуален двор во Општина Свети Николе;
- се одржа II еко камп на кој младите активисти од еко патролите предложија еко патролите да продолжат да дејствуваат и во блиска иднина и тоа да дејствуваат превентивно конкретно за одложувањето на градежниот отпадот на недозволени места и да ги информираат потенцијалните прекршители каде може да го одложат истиот. Исто така тие ќе дејствуваат превентивно кај граѓаните со цел доследно почитување на Законот за забрана на пушење;
- организирана и реализирана е Голема еко акција за чистење на 6 диви депонии во која учествуваа околу 720 граѓани и на неа се собраа околу 1400 вреќи со најразличен смет. За време на целиот проектен циклус исчистивме вкупно 10 диви депонии од лоцирани 15;
- зголемен е бројот на граѓаните кои се мотивирани за селектирано собирање на отпадот;
- спроведовме евалуацијата на постигнатите резултатите од спроведените проектни активности, со која беа опфатени 250 сограѓани на возраст над 15 години (со различна етничка и полова застапеност);
- создадени се услови за долготрајно вмрежување на општествените чинители , јавното комунално претпријатие и Општината;
- со поставување на контејнерите за отпадна пластика и хартија за околу 30% е намалена количината на изнесување на овој вид на отпад на градската депонија;

При реализацијата на проектните активности се генерираа неколку иницијативи:

  • Да се формира на клуб на љубители на хортикултурното уредување во кој би ги разменувале нивните искуства за уредување на дворните површини, со цел да се мотивираат на граѓаните на Општина Свети Николе за уредување на нивните дворни површини;

  • Да се формира сојуз на НВОи од Општина Свети Николе во чија мисија ќе биде застапена и еко компонентата;

  • Позитивните искуства да им ги пренесеме на локалните власти од соседната Општина Лозово;

  • На иницијатива на нашиот Градоначалник акцијата за избор на најуреден индивидуален двор ќе продолжи по летните одмори и ќе биде проширена со избор на најуреден колективен, школски и индустриски двор.

Исто така во блиска иднина ќе продолжиме со веќе започнатите активности:

  • Еко патролите ќе продолжат со нивното функцонирање и ќе го прошират нивниот спектар на превентивно дејствување конкретно во делот на одложување на отпад од градежни активности на граѓаните и во делот на почитување на законот за забрана на пушење ;

  • Во соработка со Општината ќе продолжиме со обезбедување на дополнителни средства (донатори) за набавка на поголем број на контејнери за селективно собирање на отпадна хартија и пластика;

  • Ќе се продолжи со континуирано следење на дворните места во текот на целата година од страна на соодветна комисија а подржано од локалната власт и НВОи;

  • Ќе се продолжи со еко едукацијата на граѓаните на општина Свети Николе, со посебно внимание на селектирање на отпадот од домаќинствата;

  • Ќе се продолжи со доброволните еко акции за чистење на дивите депонии во соработка на Јавното комунално претпријатие, локалната власт, НВОи и граѓаните;

ГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ
до сите наши сограѓани и претпријатија
кои го помогнаа реализирањето на проектните активности.

ЗАЕДНО за почиста Општина

 

Александар Богатинов
Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2009 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster Александар Богатинов