english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

Голема еко акција за чистење на диви депонии

По обемните подготовки , неколкуте договорни состаноци со сите општествени чинители кои активно се вклучија во акцијата и со помош од Градоначалникот на Општина Свети Николе конечно на 16 Април реализиравме една Голема Еко Акција за чистење на 6 диви депонии во која учествуваа околу 720 граѓани (беа вклучени ученици од Општинските училишта, Здруженија на граѓани, шумското стопанство, Јавното Комунално Претпријатије, заинтересирани граѓани).

 

Акцијата беше успешна и на неа се собраа околу 1400 вреќи со најразличен смет. Со акцијата ги чистевме дивите депонии на следните локации: Ѓуриште, Бареш, Крушки, Колишев Парк, депонии во близина на Пионерското одмаралиште и манастирот Света Богородица и депонии на дотогаш запуштениот градски стадион.

 

 

 

Александар Богатинов
Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2009 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster Александар Богатинов