ЗАЕДНО за почиста општина - ЕКО КАМП
Во рамките на проектот ЗАЕДНО за почиста општина во
Мај месец се одржа вториот еко камп и беше спроведена евалуацијата на
постигнатите резултатите од спроведените проектни активности (со помош
на евалуциониот прашалник).
Од 11 до 14 Мај 2009 година тимот одговорен за
организирање и спроведување на II Еко Камп ги изврши неопходните
подготовки за нормално одвивање на кампот. Еко кампот се одржа од 15 до
17 Мај 2009 година во Извидничкиот дом ОРЕЛ во с. Орел , Свети Николе.
На II Еко Камп учествуваат 40 млади (на возраст од 15 до 25 години)
најголемиот број од нив беа активисти во еко патролите и тие ги
споделија своите негативни и позитивни искуства од нивното патролирање.
|
|
|
Младите изразија желба да продолжат со патролирањето
во групи (да продолжат со волонтирањето во еко патролите). Учесниците на
кампот начелно се договорија за идното функционирање на еко патролите.
Самите млади предложија еко патролите да дејствуваат превентивно
конкретно кога ќе забележат некој сограѓани да изведува градежни
активности да го потсетат дека е казниво одложувањето на отпадот на
недозволени места и да ги информираат каде може да го одложат истиот.
Исто така тие ќе дејствуваат превентивно кај граѓаните со цел доследно
почитување на Законот за забрана на пушење. Учесниците на кампот
реализираа една еко акција за чистење на мали диви депонии во близината
на домот (каде што се одржа еко-кампот) и реката во с.Орел.
|
|
|
Во периодот од 11 до 25 Мај го изготвивме
евалуциониот прашалник и ја спроведовме евалуацијата на постигнатите
резултатите од спроведените проектни активности. Со евалуацијата беа
опфатени 250 сограѓани на возраст над 15 години (со различна етничка и
полова застапеност) . Евалуацијата ја спроведоа активисти на
Организација на жените на Општина Свети Николе и Извиднички Одред Гоце
Делчев од Свети Николе.
|
|
|
Обработените резултати покажаа дека граѓаните сметаат
дека нивото на хигиената во последните месеци е подигнато на повисоко
ниво, намален е бројот на дивите депонии, граѓаните се задоволни од
спроведените еко акции и спремни се да се вклучат доброволно во некоја
идна еко акција. Најголемиот дел од граѓаните сметаат дека треба да се
продолжи со еко едукацијата на населението во нашата Општина. Но исто
така голем дел од граѓаните се изјаснија дека сеуште не вршат селективно
собирање на отпадот бидејки немаат соодветни услови за тоа , конкретно
нема доволно контејнери за селективно собирање на отпадот.
Александар Богатинов
Организација на жените на општина Свети Николе